Венко Филипче продолжува со политиките на понижување и распродавање на националните интереси. Филипче продолжува со поданоста и измеќарството на туѓите агенди, и уште еднаш се докажа како прв антимакедонец и побрза да ја слави победата на Бугарија на Евровизија. Еуфоријата на Венко Филипче за победата на Бугарија на Евровизија и слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се доказ дека Филипче е спремен на се само за ...

Децата заедно со воспитно-згрижувачкиот кадар од центарската градинка „13 Ноември“, вчера приредија вистинска музичка и сценска магија на првиот детски фестивал „Детелинки“, што се одржа во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар. Преку музика, танц, оригинални детски песни и многу насмевки, најмладите покажаа талент, креативност и искрена детска радост, додека публиката уживаше во вечер исполнета со емоции, аплаузи и ...

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести и обидите за политичка злоупотреба на прашањето за употребата на албанскиот јазик во правосудниот систем. Особено загрижува фактот што на протестите беа присутни и граѓани од соседните држави Косово и Албанија, што претставува недозволив обид за надворешно влијание врз внатрешните политички и институционални прашања на Македонија. Очигледно е дека зад овие активности стои политичката ...

Златна плочка проценета на 4,5 милиони денари е запленета во акција на царински службеници на излез од државата на граничен премин Богородица. Случајот е откриен откако автобус кој сообраќал на релација Гостивар-Истанбул е издвоен за контрола, по што, поради основани сомневања, е извршена детална контрола на патник, македонски државјанин. При претресот, во едниот негов чевел е пронајдена златна плочка тешка 848 грама, обвиткана во бела ...

Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил објави дека во Хрватска е усвоен Закон со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: “Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови каде ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“ во рамките на нејзината официјална посета на Словенија. Македонската претседателка вчера оствари средба со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар, која ја пречека со високи државни почести. По средбата, Сиљановска-Давкова имаше и работен ручек со ...

По повод одбележувањето на Светскиот ден за подигнување на свеста за инфламаторните цревни заболувања, Универзитетската клиника за гастроентерохепатологија – Скопје денеска организира стручно предавање посветено на современите аспекти во дијагнозата и третманот на инфламаторните цревни заболувања (ИБЗ). Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Медицинскиот факултет, а предавањето има цел да ја подигне свеста за животот со ИБЗ и да ги претстави ...

Собранието денеска треба да ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред преостанати се уште 11 точки. Пред пратениците денеска е предлог-законот за задолжување за општи буџетски потреби, во износ од 260 милиони евра, кој се носи по скратена постапка. Според предлог-законот, заемот ќе се повлече во една транша во согласност со роковите и условите утврдени во договорот за заем, рокот за отплата на заемот е седум години, на девет еднакви ...

Во Собранието денеска ќе заседаваат осум комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за европски прашања, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија. Пред ...

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа Извршен комитет на кој беа донесени повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата. За нов портпарол на партијата избран е Валентин Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дел од претседателите на општинските комитети се нови лица кои ќе внесат свежина во местата од каде доаѓаат, а останатиот дел се актуелни и докажани претседатели кои донеле големи победи на изминатите изборни циклуси, но ...

Денешниот протест заврши, но вистината остана: ДУИ 20 години манипулираше со употребата на албанскиот јазик. Денес сме тука затоа што вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Протестот е демократско право и никој тоа не го ...

Венко Филипче немал желба да ја слави независноста на Македонија, но затоа со еуфорија ја слави бугарската победа на Евровизија. Веројатно доколку за независноста Филипче не е на екстра продолжен викенд до Дубаи, на приватна журка со Харис Џиновиќ, во Рим, Франкфурт или на луксузна јахта на Халкидики со Зоран Заев, тогаш ќе продолжи со слугувањето на бугарските интереси како послушен пиун на Румен Радев, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска нагласи дека на највисоко ниво, и билатерално и во форматите поврзани со Европската Унија, разговараат за Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и се бара решение, особено за летниот период, притоа потенцирајќи дека не се точни информациите за индивидуално исклучување на одредени земји. – Тоа што би можел да ја информирам јавноста е дека имаме разговори и со ...

Делегација на Собранието на Македонија во состав: Моника Зајкова, шеф на Делегацијата, Мимоза Муса, член како и Ели Панова, заменик член учествуваа на Втората меѓупарламентарна конференција за борба против организираниот криминал во регионот на ОБСЕ која се одржа на 14 и 15 мај 2026 година во Рим. Конференцијата се одржа на иницијатива на потпретседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјален претставник за борба против ...

Денес, повторно се обраќаме до Венко Филипче и раководството на СДСМ, за прашање од врвен национален и државен интерес, прашање кое ја засега суштината на нашата демократија, транспарентноста на политичкото дејствување и заштитата на македонските национални интереси, се вели во соопштението на ЗНАМ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Никола Мемов. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, во изминатиот период, со факти и докази ја ...

Собранието на денешната 102. седница донесе неколку закони, меѓу кои и Законот за младински додаток со кој на младите лица до 23 години и вработени во производните области ќе им се исплаќа младински додаток од 3.000 денари. Пратениците дадоа поддршка и на Законот за изменување и дополнување на Законот за индустриски-зелени зони, со кој се врши усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ). Со ...

Градоначалниците од Пелагонискиот Регион денеска дадода јавна поддршка на Регионалната платформа за млади, документ кој етаблира и е двигател на младинските политики, изработен од здружението на граѓани „Про-Локал“-Битола. Платформата функционира како жив и динамичен простор за дијалог, каде што идеите на младите добиваат конкретна форма преку регионални иницијативи и политики, информираа од „Про-Локал“ по заедничка средба со пелагониските ...

Темата поврзана со насилството во училиштата не е нова и не се појавува само во последно време, отсекогаш имало такви случаи, но за разлика од претходните случаи, овој пат Министерството за образование и наука изрази подготвеност да преземе конкретни мерки – изјави денеска заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани одговарајќи на пратеничко прашање на Сања Лукаревска од СДСМ за одговорноста за случаите со врсничкото насилство ...

Во рамки на официјалната посета на Република Словенија, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Љубљана оствари средба со претседателот на словенечкиот Државен Збор, Зоран Стевановиќ, кому му го честиташе стапувањето на функцијата. На средбата, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на парламентарната дипломатија и улогата на законодавните домови во зачувувањето на институционалниот континуитет и јакнењето на меѓусебната ...

Потпретседателот на Собранието Јован Митрески, оствари средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на која беше потврдена добрата и пријателска соработка меѓу двете земји, како и важноста од понатамошно унапредување на меѓусоседските односи. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, потпретседателот Митрески ја истакна значајната улога на опозицијата во едно демократско општество, нагласувајќи ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска остварил средба со потпретседателот на Собранието на Црна Гора, Никола Цамај, на којa биле нагласени традиционалното пријателство и долгогодишната конструктивна соработка и поддршка меѓу двете земји. Тој, како што информираат од собраниската прес-служба, ѝ посакал на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во ЕУ и истакна дека за жал, нашиот пат кон ЕУ е попречен од ...

Реформите во јавната администрација, со посебен акцент на управувањето со квалитет во јавниот сектор и зајакнувањето на административните капацитети беа централна тема на разговор на денешната протоколарна средба на министерот за јавна администрација, Горан Минчев со амбасадорот на Австрија во Македонија, Мартин Памер. Средбата, информираат од Кабинетот на министерот за јавна администрација, се одржа во духот на традиционално добрите и ...

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд од над 20 литри на квадратен метар, грмежи и засилен ветер со брзина од над 70 километтри на час краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со брзина од над 50 километри на час, информира Упразвата ...

Македонија во октомври треба да биде организатор на состанокот Брдо Бриони, кој требаше да се одржи на Бриони, но беше откажан по заострувањето на реториката меѓу Хрватска и Србија. - Морам да кажам дека колегата Зоран Милановиќ го разбирам зошто ја откажа веќе договорената средба на Бриони. И двајцата секако почнавме да размислуваме каде да најдеме решение. Сите во рамките на процесот Брдо-Бриони се согласуваме дека ова е единствена ...

Основци и средношколци од Куманово денеска преку авторски видеоприказни ја покажаа својата креативност и почит кон делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, во рамки на настанот „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“. Во организација на Здружението на просветни работници, а со поддршка на Општина Куманово, денеска се одржа настанот „Од азбука до алгоритам – приказни што живеат“, на кој ученици од основните и средните ...

Децата и младите не се во целост заштитени и има многу повеќе што да се направи и во однос на семејството и институциите во државата за што треба поголема будност, следење на состојбата на промените во однесувањето на децата и младите со цел рана детекција и превенција на насилството, покажува годишниот извештај на СОС-линијата +389 70 390 632 за деца и млади „Ало, бушавко“ за 2025 година – истакна денеска на прес-конференција Жарко Змијанац, ...

Пушка од семејството на Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски заедно со уште многу видови оружје кое се користело и во Разловечкото и во Кресненското востание, како и оружје кое, главно, го поседувал турскиот аскер старо, околу 3 века, е дел од приватната колекција на старо оружје Ванчо Габер и Благој Механиџиски од Берово. Ова оружје беше денеска изложено во рамките на локалниот базар организиран од Општина Делчево, како дел од чествувањето на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за време на престојот во Љубљана оддаде почит пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните. Во својата порака, таа истакна дека спомениците во чест на жртвите од војните не само што сведочат за трагедиите од минатото, туку и потсетуваат на цената што човештвото ја плаќа кога ќе потфрлат разумот и дијалогот. -Пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со ...

Идејата за анализата за блок тарифите е како граѓаните да добијат пониска цена за електрична енергија, порача денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Ацо Ристов. -Овој систем на блок тарифи е донесен за време на енергетската криза. Од тогаш до сега, во енергетскиот сектор се имаат променето многу работи. Тоа е и повод за размислување како да се воспостави ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.39
64%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
1.13
71%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.36
84%
1019
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.44
48%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.83
58%
1020
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.39
89%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.34
53%
1016
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
0.16
56%
1018
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.38
53%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
59%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.79
60%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
68%
1018
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3183

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Паладиум

42889.10

Цинк

0.00

Бакар

13.02

Иридиум

253540.09

Платина

57581.99

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Калај

54.89

Злато

139701.84

Сребро

2263.61

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.35