Кумановци сѐ почесто реагираат дека се вознемирени од бездомни кучиња кои во последниов месец-два ги има во сѐ поголем број. Во последниве три години, во Куманово, поднесени се 200 тужби за каснување од бездомно кучиња, информираа денеска од општина Куманово. Од нив 80 предмети се правосилни завршени, а 120 предмети се во постапка пред повисоки судови. – За 2024 година исплатен е износ од 2.540. 956 денари, за 2025 година износ од 3.942. 896 ...

Во организација на Советот за млади при Кабинетот на претседателката, денеска во Вила Водно се одржа „Средношколски дијалог со претседателката“, на кој ученици од повеќе средни училишта од главниот град разговараа со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за теми што директно ги засегаат младите, како што се безбедноста во и надвор од училиштата, медиумската писменост, зависностите и предизвиците со кои се соочуваат денешните генерации. ...

На територија на Општина Пробиштип забележено е труење на бездомни животни и домашни миленици. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски го осудува овој настан и посочи дека случајот е пријавен во Полициската станица. Општина Пробиштип оваа година на граѓаните им нуди и за прв пат субвенции за стерелизација на домашните миленици. -Ние како институција ги викнавме оштетените луѓе, дојдоа на разговор. Ги информиравме претставниците на ...

По повод 26 Март – Денот на лицата со епилепсија, денеска во Делчево се одржа настан со цел подигнување на јавната свест, намалување на стигмата и унапредување на разбирањето за оваа состојба. Беа организирани едукативни активности, стручни обраќања и практична презентација за укажување прва помош при епилептичен напад. Настанот го отвори градоначалникот Иван Гоцевски, кој истакна дека ваква активност за првпат се организира во Делчево, по ...

Како Катица Јанева од затвор, зад решетки успеа да ги префли предметите на СЈО во наделжност на Основното јавно обвинителство, тогаш предводено од Љубомир Јовески? Како биле изнудувани искази од заштитени сведоци за случајот 27-ми април, преку кои беа донесени драконски казни за случај ни помалку ни повеќе тероризам? Како специјалните обвинители си делеле солени бонуси од парите на граѓаните. Пред новиот републички јавен обвинител Ненад ...

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела: телесна повреда, загрозување на сигурноста и неизвршување на судска одлука. Според Обвинителството, на 24 март во семејниот дом во Охрид, осомничениот физички го нападнал својот 10-годишен син, нанесувајќи му повреди. Детето било удирано со тупаници, шамари и клоци по телото, а во еден момент осомничениот го фатил ...

Апелираме да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Надлежните институции активно работат на целосно расчистување на случајот, а јавноста ќе биде транспарентно информирана за сите понатамошни наоди, соопштија АД ЕСМ и ЕСМ Молика Битола, а во врска со вчерашното труење со храна на работници од кобинатот. Во соопштение за јавност АД ЕСМ и ЕСМ Молика Битола нагласуваат дека раководството на РЕК Битола ги ...

Вработените во образованието ќе го добијат покачувањето на мартовската плата, кое е дел од колективниот договор, исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и сите од државната и јавната администрација, кои се со колективни договори потпишани од оваа Влада. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање за тоа колку ќе се зголеми платата во образованието со мартовската исплата во април. Тој ...

Јавната општинска установа „Зафир Сајто“ денеска одбележува седумдесет години од постоењето. Установата е една од најзначајните во државата и пружа институционален облик за грижа на старите лица. Корисниците во Домот, поранешните вработени ја проследија манифестацијата во чест на јубилејот на која учествуваа и најмладите од основните училишта и од различни културноуметнички друштва. -Основан во 1956 година, домот „Зафир Сајто“ денес ...

Претставници на Македонската риболовна федерација, локалната самоуправа и Националниот парк Маврово го најавија одржувањето на Светското првенство во лов на крап на Мавровското езеро и потпишаа меморандум за соработка. Директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими во обраќањето напомена дека ова е официјална најава на спортски настан од највисок ранг што ќе се реализира во септември. – Овој значаен меѓународен настан претставува големо признание, ...

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите – истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството. Мицкоски нагласи ...

За семејното насилство треба да се дискутира, но лошо е што на оваа важна тема ѝ давате политичка димeнзија и што ги посочувате случаите и зборувате за жртвите во изминатата една и пол година – истакна денеска од говорницата на македонското Собрание министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката Сања Лукаревска за последните случаи на семејно насилство. Министерот Тошковски рече ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството. Колективниот договор за вработените во Министерството денеска го потпишаа министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, претседателот на САДУ, Благоја ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска, во Собранието, одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството. Mинистерот Трипуновски истакна дека протестите организирани минатата сабота од опозицијата се обид за политичка манипулација нагласувајќи дека токму тие што денес критикуваат во ...

По повод 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството, во Општина Ѓорче Петров, во соработка со Црвениот крст, денеска беа доделени благодарници и признанија на крводарители и поддржувачи на хуманитарните активности. Како што соопштија од Општината, станува збор за граѓани кои не бараат внимание, но секогаш се тука кога е најпотребно – луѓе кои со својата хуманост директно спасуваат ...

– Сто субвенции ќе одобри Општина Гевгелија за своите жители, за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Ваква предлог одлука едногласно изгласаа советниците на последната седница на општинскиот Совет. Според образложението дадено од општинската администрација, оваа година одлуката која се усвојува четири години по ред, се надополнува со набавка на електрични тротинети. За таа намена, од буџетот на Општината ќе се предвидат 500.000 ...

И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот данок и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е речиси еден отсто. И покрај сите предизвици, се справуваме и, наместо коленичење, испраќаме порака на стабилност, сигурност и помагаме – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Одговорајќи на пратеничко прашање, ...

Наместо на состаноци, на плажа на Кипар. Првиот синидкалец на конторлата на летање, Александар Тасевски, најавил користење службени платени денови за остварување на синдикални активности, а заминал на приватен годишен одмор со „придружничка“. Ова го тврди правниот тим на М-Нав. Поднесена е кривична пријава против него. Дојавата е од страна на новинари од Кипар, кои доставиле и докази до институцијата. Господинот за да оствари лични цели ја ...

Утре се очекуваат повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, со количина над 20 литри на квадратен метар, а можни се и ретки појави на грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 4 до 15 степени. За време на викендот времето ...

Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро ...

За да остане на фотелјата, Филипче избра СДСМ да биде прокси-партија по насока на Заев и Башановиќ. Чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче, ја фрла СДСМ во бунар без дно слушајќи ги советите на екссоветникот на Заев во владата, Башановиќ, и неговиот партнер Шчекиќ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Молкот за средбите на Филипче во Ниш и во Грција со Башановиќ и Шчекиќ е чист доказ дека Заев му ...

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК „Битола“, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Битола, Институтот за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот што вршел снабдување со храна на РЕК „Битола“. АХВ соопшти дека во координирана ...

Напредокот во клучните области на реформата на јавнта администрација: стратешка рамка на реформата на јавната администрација, патоказот за РЈА, вклучувајќи ја и програмата за реформи во управување со јавни финансии, управувањето со човечки ресурси, развој на политики и координација, испораката на услуги, како и отчетноста и транспарентноста на јавните институции, беше тема на 14. состанок на специјалната група за реформа на јавната ...

Пролонгирањето на февруарската сесија за полагање на правосудниот испит е резултат на детектирани слабости во системот и потребата да се обезбеди поквалитетен, пообјективен и потранспарентен процес – истакна заменик-министерот за правда Ален Деребан одговарајќи на пратеничко прашање од Оливер Спасовски. Тој нагласи дека Комисијата за полагање на правосудниот испит е веќе формирана од министерот за правда, при што биле запазени принципите на ...

Законот за високото образование в понеделник повторно ќе биде поставен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) со сите забелешки што се прифатени за време на јавните дебати или доставени по електронски пат и по неколку дена ќе биде проследен во владина процедура. Предлог-законот за високо образование од крајот на јануари беше еден месец на ЕНЕР заедно со предлозите за закон за квалитет на високото образование и за ...

Привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и од новата академска 2026/2027 година во нив ќе почне сместувањето на студентите. – Од 1 октомври очекувам студентите да влезат во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна очекувам да почнеме реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија – изјави денеска ...

Проф. д-р Дарко Данев од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе кандидатура за ректор на УКУМ за мандатниот период 2026 – 2029 година по објавувањето на огласот за избор на нов ректор. Во својата кандидатура проф. Данев најавува визија за УКИМ како модерен, отворен и меѓународно конкурентен универзитет, со фокус на дигитализација, унапредување на квалитетот на наставата, поврзување со индустријата и ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишно лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Како што информираат од ОЈО Скопје, осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја ...

Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување – МАПАС апелира граѓаните навремено да ги ажурираат своите податоци со цел да може навремено да добијат информации од пензиските друштва за состојбата со нивните сметки. Граѓаните треба да ги проверат и ажурираат своите лични податоци, да пријават евентуална промена на адреса или контакт информации. – Со цел поголема транспарентност и континуиран увид во пензиските ...

На Македонија и се неопходни многу повеќе мерки од досега преземените во однос на кризата. Многу подобри ефекти може да се постигнат ако се намалат акцизите зашто тоа директно влијае на цената, а треба да се засили и улогата на антимонополската контрола и на инспекциите, порачуваат економските експерти. Според нив, не треба многу да се чека, зашто нема знаци дека кризата брзо ќе заврши. Овој нафтен шок и оваа криза се многу посилни од оние во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
3.6
52%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
46%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.65
78%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.14
76%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
58%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
93%
1015
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
63%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
34%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
79%
1016
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Иридиум

253540.09

Паладиум

50026.56

Платина

66584.20

Алуминиум

3.62

Кобалт

45.39

Родиум

326330.08

Рутениум

53788.20

Цинк

0.00

Злато

153002.26

Сребро

2508.22

Калај

51.07

Бакар

12.18