Истиот модел кој се предлага за приклучување на Украина кон ЕУ, треба да се однесува и за останатите држави од регионот, порача хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на прес-конференцијата по повод потпишувањето на договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Хрватска. Коментирајќи го писмото на германскиот канцелар Мерц, испратено до Европскиот совет, во кое тој предлага Украина да биде асоцијативна членка, додека Западен Балкан ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на денешната заедничка прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Хрватска е силен и конзистентен поддржувач на Македонија на патот кон Европската Унија. – Ве поддржуваме од првиот ден. Се сеќавам на почетокот од 2000-тите години кога Хрватска беше чекор зад вас. Денес сме веќе 13 години членка на Европската Унија. Нема подобар пример за тоа колку е неправедна сегашната ситуација и колку ...

