– Во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе ги посети населени места во општина Ранковце. Трипуновски во рамки на кампањата ќе ги посети населените места Опила и Псача. Во рамки на кампањата, која почна пред една недела, два големи тима ќе посетат повеќе од 30 општини во земјата, додека шест помали тимови ќе посетат над 120 населени места. ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на отворање на нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје. Како што соопшти владината прес-служба, настанот е по повод одбележувањето 20 години посветено работење и инвестиции во енергетската инфраструктура. Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на отворање на нова трафостаница „ТС ...

Во Народната банка денеска ќе се одржи 57. сесија на Клубот на истражувачите, на која ќе биде презентиран трудот „Анализа на финансиската ранливост на домаќинствата кредитокорисници кај банките и штедилниците во македонската економија“ од авторот Кирил Симеоновски. Клубот на истражувачите претставува платформа отворена за презентација и размена на научноистражувачки трудови, особено во областа на монетарната политика и макроекономијата. ...

Амбасадата на Грција, во соработка со Меѓународното училиште НОВА во Скопје, во април организира универзитетски саем „Study in Greece”. Како што наведуваат од Амбасадата, платформата „Study in Greece“, заедно со претставници од пет водечки грчки државни универзитети, во училиштето НОВА (NOVA International School) на 1 април од 15 до 17 часот ќе презентира широк спектар на можности за студирање. Присутните ќе имаат можност да се запознаат со ...

Шеесетина средношколци учествуваа во дијалог со претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, кој се одржа во претседателскиот Кабинет во организација на Советот за млади, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова. Предмет на дебатата беа тешки прашања: безбедноста на младите во небезбеден свет; медиумската писменост во амбиент на информативна хиперпродукција; притисокот да се биде успешен во не секогаш ...

По повод 27 Март – Светскиот ден на театарот, Драмски театар Скопје ќе потпише Договор за покровителство со Динес клуб интернатионал Мак АД Скопје, означувајќи почеток на ново партнерство во рамки на одбележувањето на 80-годишнината на театарот. Настанот се оценува како значаен чекор во унапредувањето на културната соработка и поддршката на театарската уметност, како и поттик за развој на нови проекти и активности во интерес на публиката. По ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „веднаш да им наложи на своите агенти да се вратат во нивната земја“. Во својата објава на „Фејсбук“, Орбан го повика и Зеленски да „ја почитува волјата на унгарскиот народ“, објави МТИ. Тој истакна дека Унгарија наводно станала „зона за украински разузнавачки операции“ пред претстојните избори во земјата тврдејќи дека украинските агенти се активни во ...

Во време кога потребата од заедништво, поддршка и организирано делување е сè поголема, се роди идејата за формирање на Здружението на Македонците по потекло од Албанија – ЗОШТО. Од иницијатива на група посветени луѓе, денес ова здружение прерасна во една од најмасовните и најактивните организации во Македонија. На чело на здружението стои претседателот Панди Јани, заедно со секретарот Спиро Малевски, кои со визија, посветеност и искрена желба ...

Од СДСM никако да го вклучат или употребат мозокот. И така, секојдневно и постојано повторуваат глупости. Денес нивниот претседател Венко Филипче ја напушти седницата на која се поставуваа пратенички прашања, ама партијата која ја води си пушташе соопштенија за што се зборувало на седницата во кој најблаго кажано клеветат. Во соопштение пишуваат што кажал Христијан Мицкоски. Зошто не кажаа на седница, на пример, пишува во сопштението од ...

Правите хистерија со урбанизацијата и не дозволувате државата да се развива. Заради вашата партија бегаат инвеститори, не се отвараат работни места, заради хистеријата се дигнаа цените на стабовите и младите бегаат од државата, одговори вицепремиерот Александар Николоски на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, на седницата посветена на пратенички прашања. Додека државата води политика на олеснување на инвестициите, партијата Левица води ...

Рози Мицкоска, сопругата на премиерот, учествува на Глобалниот самит во Белата куќа, во организација на првата дама на Соединетите Американски Држави (САД), Меланија Трамп, фокусиран на улогата на вештачката интелигенција и образованието. Ова е нејзиниот говор на Самитот кој МИА го пренесува интегрално: „Ви благодарам, почитувана прва дама на Соединетите Американски Држави, г-ѓа Меланија Трамп. Почитувани први сопруги, драги учесници, голема ...

Унапредувањето на институционалната соработка и континуираниот развој на локалната самоуправа беа во фокусот на денешната средба меѓу градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, и вршителката на должноста амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, во рамки на нејзината посета на општината. Настанот, соопшти општина Кисела Вода, го потврдува цврстото партнерство и заедничките заложби за креирање ...

Заврши изработката на зелен катастар на Општина Крива Паланка што претставува катастар на дрвја и зелени површини во урбаното подрачје, значаен чекор кон современо и одржливо управување со урбаното зеленило, посочуваат од општината. Активноста се реализираше во рамки на проектот „ПАРКС“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Бугарија, поддржан од Европската Унија. -Изработката на зелениот ...

Овие денови македонскиот трудово-правен систем испишува нова историја! За прв во македонскиот јавен сектор сите административни службеници ќе бидат опфатени со колективни договори на ниво на институцијата. Ова досега никогаш не било случај. Тоа значи нов повисок стандард на уредување на правата од работен однос и повеќе права за вработените во државните институции. Честитки до Владата и синдикатите, објави на „фан“ ФБ страницата професорот по ...

Здравствениот дом во Виница денеска доби вредна донација во опрема – спирометар. Донацијата е во вредност од 120.000 денари, обезбедена е од Ротари клубот Кочани–Виница и со неа се придонесува кон унапредување на здравствените услуги. Се очекува апаратот да се користи за реализирање активности насочени кон превенција и зачувување на здравјето на граѓаните. Директорката на Здравствениот дом во Виница, Весна Димитрова, изрази искрена ...

Општина Тетово ги повикува сите граѓани активно да придонесат кон подобрување на јавните услуги преку навремено пријавување на проблеми со уличното осветлување. Се повикуват граѓаните да ја користат апликацијата ТЕ-КЛИК, која според општината овозможува побрза и поефикасна реакција на надлежните служби, со цел навремено отстранување на дефектите и подобрување на безбедноста и секојдневието на граѓаните. -Доколку граѓаните забележат улици или ...

Во системот за електронско управување со документи и електронска архива имаме за десет пати зголемување на институции за разлика од времето од пред четири години, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски од собраниската говорница. Андоновски рече дека кога стапил на функцијата на системот имало приклучено околу 20 државни институции, но во изминатата година ипол приклучени се нови 23 институции, а во тек на инсталација ...

Во владина процедура е формирање комисија која ќе се занимава со јавен повик за изнаоѓање концесионер, кој ќе ја менаџира депонијата во селото Лојане, во општината Липково и нејзиното чистење од опасни остатоци. Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, одговарајќи на прашање од пратеникот Ријад Шаќири од Алијанса на Албанците за тоа дали се планира да се отстранат остатоците од арсен во депонијата во ...

Во рамки на проектот „Пристапност и инклузија за сите до јавните туристички добра и услуги” (TX4ALL) во кој учествува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ќе се направи инклузивна плажа на брегот на Дојранското Езеро. Проектот се спроведува преку Интеррег VI-A ИПА Програмата помеѓу Македонија и соседна Грција. Како што соопштија од Центарот за Југоисточниот регион, на почетниот состанок одржан во Солун, организиран од водечкиот ...

Нето надворешниот долг заклучно со декември 2025 година изнесувал 4.586 милиони евра или 27,1 проценти од БДП, објави Народната банка. Според податоците од централната банка, нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2025 година е зголемен за 102 милиона евра или за 2,3 проценти. – Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 71 проценти, информира Народната банка. Во четвртиот ...

Предизвиците со домувањето во Македонија и неможноста младите да дојдат до сопствен дом поради високите цени на становите, кои достигнуваат до 2.500 евра за метар квадратен во Скопје, предизвикаа полемика меѓу пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, и министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната седница за пратенички прашања во законодавниот дом. Мециновиќ обвини за негрижа кон работничките семејства и толерирање шпекулации на ...

Општина Маврово и Ростуше почна со расчистување на патот кон селото Тресонче, Мала Река, што следува по средбата на претставници на здружението на граѓани „Брзовец“ и градоначалникот Онер Јакупоски. -По нашето барање кое директно му го поставивме на градоначалникот Онер Јакупоски, општината веднаш постапи со расчистување на патот. Следните денови ќе биде извршена и санација на ударните дупки со дробен асфалт, објави ГЗ „Брзовец”. Изразуваат ...

Битолскиот оркестар DIVA денес го најави новиот музичко-сценски проект инспириран од една од најголемите музички икони на сите времиња Фреди Меркјури (Freddie Mercury). Станува збор за прв целосно македонски мјузикл, проект што на едно место ги спојува музиката, сцената и приказната за човекот кој остави неизбришлива трага во светската музика. Во проектот учествуваат Владимир Димовски – диригент, продуцент и оркестратор на проектот, Бојан ...

Универзитетска клиниката за нефрологија се стекна со сертификат за акредитација со важност од пет години, во рамки на активностите на Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи за подобрување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите, преку спроведување на постапка на акредитација во здравствените установи. Клиника за нефрологија e терциерна здравствена установа која врши специјалистичко – ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска од собраниска говорница истакна дека Буџетот за култура се обезбедува од Владата, дека е зголемен и дека сега изнесува над четири милиони денари. Одговарајќи на пратеничко прашање на Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ тој на нејзините обвинувања рече дека нема казнет вработен и во националните установи и во Министерството за култура. – Почитувана претходна министерке и пратеничке, ...

И во услови на епска, историски најголема криза со енергентите, платите растат, дефицитот и инфлацијата се намалуваат, го плаќаме солидарниот данок и имаме 3,5 проценти реален раст кога во Европа е речиси еден отсто. И покрај сите предизвици, се справуваме и, наместо коленичење, испраќаме порака на стабилност, сигурност и помагаме – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница. Одговорајќи на пратеничко прашање, ...

Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов денеска имаше средба со Ник Гигинеишвили, шеф на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во земјава. Како што соопштија од Фондот на ПИОМ, на средбата стана збор за одржливоста на пензискиот систем, долгорочните проекции за пензии и предизвиците од демографските притисоци, политиките за подобрување на одржливоста на системот и политиките за усогласување на пензиите. Директорот Мемов нагласи дека во ...

Раната превенција од пожари на отворен простор беше во фокусот на денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Делчево, на кој надлежните институции ги презентираа анализите за состојбата со пожарите и подготвеноста за справување со нив. На состанокот беа разгледани податоци од минатогодишната состојба, оперативните планови за заштита и спасување, како и состојбата со човечките ресурси и материјално-техничката опременост ...

Национален франкофонски настан се одржа денеска во Занаетчискиот дом во Куманово информираа од општината. Настанот има за цел да ја промовира франкофонијата, културната размена и изучувањето на францускиот јазик меѓу младите. На франкофонскиот настан учествуваа 120 млади франкофони од 19 училишта од девет градови во Македонија, меѓу кои и ученици од основни и средни училишта во Куманово, истакнувајќи ги своите јазични вештини на француски ...

Група млади волонтери при Општинската организација на Црвен крст Делчево од ПХВ иницијативата започнаа интеркултурен проект чија главна цел е зачувување и промоција на културното наследство, традициите и обичаите во локалната заедница, како и поттикнување на меѓусебното разбирање и почитување на различностите. Проектот како што информираа од Општинската организација предвидува изработка на книга посветена на културното богатство на општина ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
76%
1016
weather icon

Белград

11ᴼ / 8ᴼ
3.6
52%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
46%
1020
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.65
78%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
49%
1021
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
5.14
76%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
58%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
93%
1015
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
4.12
63%
1015
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
34%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
79%
1016
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Родиум

326330.08

Калај

51.07

Злато

153002.26

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

12.18

Сребро

2508.22

Алуминиум

3.62

Паладиум

50026.56

Иридиум

253540.09

Платина

66584.20

Рутениум

53788.20