Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Во рамките на ЕУРОМЕЛАНОМА 2026 денеска во Градскиот парк во Скопје се одржуваат бесплатни прегледи на бемки, дамки и сомнителни промени од врвни дерматолози, кои исто така ги советуваат граѓаните за заштита од сонце и препознавање на ризични промени, но и совети за правилна УВ – заштита. До пладне беа прегледани над сто пациенти. -Целта на денешниот настан е промовирање на месец мај како месец посветен на превенција, рано откривање и ...
Кумановскиот градски плоштад денеска беше исполнет со музика, креативност и разиграна атмосфера, откако над 500 маскирани учесници продефилираа на традиционалниот маскенбал во Куманово. На манифестацијата учествуваа деца од седумте објекти на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“, ученици од основните училишта „Магдалена Антова“, „Браќа Миладиновци“ и „Вера Которка“, како и ученици од општинските средни училишта и ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“ – ...
Почина д-р Јордан Пачков, истакнат лекар, публицист и долгогодишен општественик од Куманово, кој целиот свој професионален и творечки век го посвети на медицината, пишаниот збор и афирмацијата на родниот град. Тој почина на 77-годишна возраст, оставајќи зад себе богато творештво и значаен белег во повеќе области – медицината, спортот, историјата и локалната публицистика. Д-р Пачков беше препознатлив по својата посветеност кон истражувањето и ...
Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил. -Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата ...
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски на средбата со албанскиот народен правобранител, Ендрит Шабани, изразил благодарност за грижата и посветеноста што институцијата Народен правобранител ја покажува кон македонската заедница во Албанија. -Особено ме охрабри информацијата дека до крајот на овој месец ќе биде објавен Извештајот за состојбата со правата на националните малцинства во Албанија, заедно со ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против 45-годишник осомничен за кривично дело – Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничен е дека вршел семејно насилство во Кисела Вода при што телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Како што се наведува во соопштението од ЈОРСМ, ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до ...
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршело кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, при претрес во домот на улица „Илинденска“ во Тетово, во кој осомничениот живеел како потстанар, полицијата пронашла ...
ДУИ е распадната партија. Не може да се опорави од казната што Албанците ѝ ја испорачаа на избори. Затоа сега го прави истото што го правела секогаш кога ѝ гори под нозе. Го фрла каменот, па ја крие раката. По 20 години власт врз грбот на Албанците, со истите вечни фотелјаши на чело, оваа партија сега ги засука ракавите како очајна по власт. Како лицемери што се, заедно со неколку „студенти“ вовлечени во нивната валкана политичка игра, се ...
Општина Ѓорче Петров оваа година ќе биде домаќин на младинскиот шаховски фестивал „КВАЛИТЕТ 2026“, кој одбележува значаен јубилеј – 10 години успешно организирање на шаховски натпревари и промоција на младинскиот шах. Фестивалот претставува еден од најзначајните младински шаховски настани во регионот и ќе собере повеќе од 200 млади шахисти од Македонија, Бугарија и Турција. Во рамки на фестивалот ќе се организираат турнири за деца до 8 ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.К.(53) од беровско поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело „насилство врз дете“, соопшти полицијата. Во периодот од 03.02.2026 до 10.02.2026, пријавениот, вработен како хигиеничар во основно училиште во истото село, извршил психичко насилство над тројца ученици и ги снимал со неговиот мобилен телефон. Надворешната канцеларија за ...
Имав чест да бидам домаќин на министрите од Србија, Бугарија и Македонија, се гледа како се менува културата, колку бевме разделени од историјата, географијата, а сега сите сфаќаме дека никој сам не може да ја преживее глобалната конкуренција. Сите заедно создаваме група од земји и населенија, создаваме пазар на кој може да сметаат странските компании, посочи министерот за енергетика и животна средина на Грција Ставрос Папаставру во однос на ...
– Кога нешто зборува СДСМ, добро е да ги согледаат сите факти и јавно да им ги презентираат на македонската јавност. Политиката не е шведска маса, па да бираш што ти се допаѓа да земеш и за тоа да зборуваш, а што не ти се допаѓа да ставиш под тепих. Политиката и јавните настапи се сериозна и одговорна работа, која бара доследност и јавно презентирање на фактите. Во тој контекст, кога СДСМ одлучи од шведската маса да земе само тоа што им ...
Нам од Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ ни е јасно дека игрите на среќа редовно стануваат тема пред секои редовни или вонредни избори. Речиси сите политички партии служејќи се со популизам се обидуваат да печалат политички поени со радикални предлози за дислокација, намалување или целосно затворање на легалните објекти за игри на среќа. Притоа, никој од предлагачите не кажуваат, ниту пак изразуваат ...
Булеварот кој со децении беше симбол за хаос гужви и нервози – конечно добива нов лик. Градската артерија „Борис Трајковски“ е во завршна фаза и работите се одвиваат со засилено темпо.Пробиена е речиси цела траса од Пинтија до Драчево. Булеварот ќе биде со четири ленти и со велосипедска патека. На оваа делница ќе се постави и атмосферска канализација.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека ова е еден од најважните инфраструктурни проекти за ...
Бројот на заболени од рак на кожа расте, а болеста се почесто се појавува кај помладата популација. Причините, според лекарите се прекумерната изложеност на сонце, користењето солариуми и недоволната фотозаштита. Алармираат за почести прегледи и внимателно изложување на сонце. „Случувања во природа и навики на млади, солариуми и изложеност на сонце, фотопротекцијата треба да започне од нулта возраст. Се поретко граѓаните доаѓаат доцна, со ...
Серизони пропусти се направени во истрагата за набавката на мазут во Тец Неготино, владејачката ВМРО-ДПМНЕ се сомнева во намерни потези координарини од Ислам Абази. Наместо сериозно истражување и собирање докази, обвинителството истрагата ја водело со земање на изјави од некомпетентни лица за набавката на мазут, скапа 167 милиони евра. Селективно се постапувало и не биле земени предвид извештаите на Државниот завод за ревизија. Со овие ...
По години распаѓање и влага, оставен на забот на времето, спомен домот во Разловци, повторно оживува. Ревитализацијата на еден од најзначајните симболи на македонската историја, е при самиот крај. Објектот кој со децении сведочи за Разловечкото востание, во вторник на одбележувањето на 150 години од востанието , повторно ќе ги отвори вратите за посетитетлите.. Неговата архитектура носи силна симболика за македонската борба за слобода „Овде ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присустуваше на традиционалната средба на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, која се одржа во Манастирот „Пеленица“ во Драчево. Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: -Настанот помина во духот на заедништво, почитување на вредностите што не обединуваат и пријатно дружење со долгогодишни пријатели и поддржувачи. Чест ми беше што бев дел од оваа средба – објави Мицкоски на Фејсбук. За средбата ...
Двојни аршини од Обвинителството за организиран криминал и корупција – за обични смртници притворски мерки и за помали кривични дела, за судии фатени со мито, одземање на пасош. Адвокатот Јанаки Митровски остро реагира по одлуката в.д. претседателот на гостиварскиот суд да помине со мерки на претпазливост и само да остане без пасош откако беше фатен „ин флагранти“ како прима поткуп за да влијае во граѓански спор. Иако секој предмет е засебен, ...
Во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, доктор Жаклина Штерјова – Марковска, интернист на Универзитетската клиника за нефрологија, апелира за важноста на донирањето органи и подигнувањето на свесноста за овој хуман и солидарен чин, соопшти Министерството за здравство. -Јас сум дел од тимот за трансплантација при Универзитетската клиника за нефрологија. Ние ...
Поддршката за малите бизниси и домашните претприемачи добива конкретна форма преку мерки кои директно помагаат во економскиот развој и зголемувањето на конкурентноста. Mинистерството за економија и труд објави јавен повик со 11,34 милиони денари за микро, мали и средни претпријатија и занаетчии, преку кој ќе се кофинансираат до 40 проценти од трошоците за нови машини и алати, до 200 илјади денари по апликант, стои во соопштението на ВРЕДИ. ...
Продолжува доизградбата на булеварот „Борис Трајковски“, еден од значајните инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајната поврзаност и квалитетот на живот на граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево и околните населени места, во Општина Кисела Вода. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски најавува дека работите на булеварот, согласно динамиката на работа, би требало да завршат порано од предвиденото. Тој изјави дека ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со ...
Во организација на здружението „Антика“ и Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје, денеска ќе се одржи 53. Државен натпревар по класични јазици за ученици од гимназиите и средните училишта од државата. Натпреварот ќе се одржи во просториите на Филозофскиот факултет со почеток во 9:30 часот, а учество ќе земат 73 ученици од 15 училишта, кои ќе се натпреваруваат во три категории според степенот на изучување на јазикот ...
Здружението „ХАЕ Македонија“ утре во Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на хередитарниот ангиоедем (ХАЕ) со настан посветен на терапијата, поддршката и заедништвото на лицата што живеат со ова ретко заболување. Настанот ќе се одржи во хотел „Солун“ со почеток во 11 часот, под мотото „ХАЕ денес: терапија, поддршка и заедништво“, а ќе обедини пациенти, нивни семејства, лекари, институции и поддржувачи со цел подигнување на свеста и отворање ...
Делчевските матуранти синоќа со традиционално дефиле низ центарот на градот ја одбележаа матурската вечер, обојувајќи го Делчево во духот на младоста, елеганцијата и надежта. Вкупно 66 матуранти од средношколскиот училишен центар СОУ „М.М.Брицо“ продефилираа пред бројни граѓани, кои со аплаузи и поддршка ја поздравија генерацијата 2022/2026 на нивниот свечен чекор кон новото животно поглавје. Градоначалникот Гоцевски, упатувајќи честитка до ...
Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче. Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДСМ, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не ...
Финалната епизода од првата сезона на „Буквождер“, новата анимирана серија инспирирана од култниот свет на „Бушава азбука“ ќе биде прикажана денеска 20:15 часот. Една од најважните македонски едукативно-забавни приказни „Бушава азбука“, со „Буквождер“ доби современо продолжение за новите генерации на деца. Серијата ги следи Дарија, Марко, Филип и нивниот верен бувчето Ѕе во авантура низ свет во кој буквите исчезнуваат, а децата се тие што ...
Шефот на Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази со полна пареа си одработува за челното место на кое го ставија СДСМ и ДУИ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Како кадар на Али Ахмети, Зоран Заев, Венко Филипче, Абази ги спасува од одговорност криминалците во редовите на СДСМ и ДУИ, па така донесе одлука за стопирање на постапката за случајот „Мазут“ за сторен криминал тежок 167 милиони евра. ...
Незаштитени косини, непредвидени клучки и натпатници при изградбата на патот Кичево-Охрид, незавршена експропријација, дисклокација на објекти и водови на делниците Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани … се само дел од проблемите со кои се соочила Владата по преземањето на надлежностите. Оттогаш, велат надлежните, напорно и интензивно се работи на решавање на проблемите со косините и свлечиштата за што ќе се градат 14 галерии. Рокот за ...