Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Стојанче Ангелов со голема благодарност се обрати до сите вработени, поранешни и сегашни припадници, а и соработници, кои со својата професионалност и посветеност придонесуваат во исполнувањето на мисијата на ДЗС. Исто така, пригодно се обратија и заменик-директорот Кашмир Салиу и повозрасните вработени, кои се дел од ДЗС уште од ...
Нина е дете кое секој ден го живее во болка. Нејзината состојба поради болеста се влошува, телото слабее, а ризикот од неповратни последици расте. За Нина постои шанса за лекување во САД што може да ѝ го промени животот, но без потребните средства, таа шанса исчезнува. Дел од сумата веќе е собрана, недостасуваат уште 30% од истата. Вкупно потребни средства се 54.361 евра, како и дополнителни средства за патни трошоци, виза и престој. Времето ...
Министерот за правда, Игор Филков денеска се обрати на стручната расправа посветена на измените и дополнувањата на Законот за судовите, при што истакна дека реформите во правосудството мора да бидат суштински, добро анализирани и креирани преку широк и инклузивен дијалог. Во своето обраќање, министерот нагласи дека измените на Законот за судовите се дел од поширок реформски процес чија цел е создавање побрз, поефикасен и подостапен судски ...
Пратеникот Сали Мурати оствари средба со претставнички од турскиот парламент и АК Парти, при што беа разгледани билатералните односи меѓу Македонија и Турција, како и состојбите и предизвиците со кои се соочува турската заедница во земјата, соопштуваат од Собранието. Како пратеник на Движењето на Турците за правда и демократија – Европски фронт, Сали Мурати, денеска, остварил средба со претседателката на Форумот на жени на АК Парти, Тугба ...
Продолжува изградбата на базенот во Струмица, како дел од инвестициите во спортската инфраструктура. Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот Петар Јанков извршија увид на терен, при што беше потврдено дека работите се одвиваат според планот. Базенот, вреден 50 милиони денари, се очекува да биде завршен до крајот на јануари 2027 година и по пуштањето во употреба ќе биде на располагање на учениците, спортистите и граѓаните. Како ...
По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го посети СОС Детско село, каде што донираше подароци за децата. Градоначалникот порача дека ваквите гестови имаат за цел да внесат радост и дополнителна поддршка во нивното секојдневие. Тој посочи дека најсилен впечаток оставиле животните приказни, талентот и упорноста на младите. -Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има стипендисти на ...
Извештајот од странската експертска комисија, која изврши независен стручен увид на 13 случаи и потврди девет случаи поврзани со сомнежи за непотребни кардиохируршки интервенции, содржи лични и медицински податоци на пациентите, како и детална медицинска документација, дијагностички наоди, податоци за третманот и клиничкиот тек на случаите. Во согласност со член 25 став 1 од Законот за заштита на правата на пациентите, личните и медицинските ...
Фондот за здравство работи да најде решение за техничките проблеми при исплатата на породилното отсуство. Дел од проблемите се од помалите фирми кои не прават разлика помеѓу пријавувањето на патолошка бременост или породилно отсуство, а разликата е во поцентите и различните пријавувања, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување. Клековски при денешниот престој во Прилеп одговараше на новинарско прашање за исплатата на ...
За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. Новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон во заштита на албанското семејство и на секој граѓанин кој со години гледал ...
Благо намалување на цените на овојшето и зеленчукот, покажуваат првите анализи од инспекторите кои пред пет дена излегоа на терен. Се проверуваат цените во маркетите, но и кај дистрибутерите и увозниците. Ако се откријат манипулации ќе следуват казни. Минатиот месец имало забележано благо покачување на цените на прехранбените производи, а ако продолжи овој тренд, стандардот на граѓаните ќе се штити со дополнителни мерки. „Немаме основа по ...
Околу една милијарда евра за патно поврзување на Кичево со околните градови. Премиерот Мицкоски информира дека овој град дополнително ќе се развие кога ќе бидат готови автопатите кои го поврзуваат со Скопје и Охрид. Долгоочекуваната делница Кичево – Охрид планирано е да биде готова до крајот на годинава, а најдоцна до првиот квартал 2027-ма. Досега од овој автопат пуштени во сообраќај се 34 од вкупно 57 километри автопат. „Очекувам да ...
Во време на брзи општествени промени, Меѓународниот ден на семејството потсетува дека семејството останува темел на љубовта, разбирањето, воспитувањето и заедништвото –вредности кои имаат непроценливо значење за секо јчовек и за целото општество. Од Институтот за семејни студии апелираат дека во овој динамичен начин на живот најважно е да најдеме и посветиме квалитетно време на своето семејство. Со работилници за учениците и студентите ...
250 евра казна за родителите чии деца се однесуваат насилно во училиште. Со новите законски измени се предвидуваат парични казни за родителите на децата кои во училиште прават булнг и малтретираат соученици. Ќе има казни за оние родители кои одбиваат да соработуваат со училиштата и институциите. Според најавите од Министерството за образование и наука, новите измени во законот за основно образование, веќе се во завршна фаза и наскоро ќе бидат ...
Македонија активно работи на реформската агенда, СДСМ нека продолжи да коленичи и секојдневно да притиска за Бугари во Устав. Големи се шансите сите 10 закони кои што се во грејс период да бидат испорачани, со што Македонија ќе дојде до финансиски средства од Европската Унија, предвидени согласно планот за раст. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека по состанокот на Герт Јан Копман, заклучено било дека најмалку 95 проценти од она што го бара ...
Алармантен пад на наталитетот во Македонија во изминатата деценија. Ако пред десетина години во земјава се раѓале повеќе од 23 илјади деца годишно, денес таа бројка паднала на само 16.000 новороденчиња. Тоа значи дека секоја година се раѓаат илјадници деца помалку – предупредуваат гинеколозите. Според нив, падот на наталитетот не е единствениот проблем. Тие алармираат дека потребни се итни мерки за подобрување на женското репродуктивно и ...
Никогаш неодговорен телефонски повик. Ова е епилогот по тешка сообраќајна несреќа со жртви. Токму тоа е пораката на новата кампања на Министерството за внатрешни работи и мобилниот оператор А1. Откако Македонија беше преплавена со билборди, над 20.000 граѓани свртеле на испишаниот број 078/274-283. За тешките незгоди неретка причина е и користењето на мобилните телефони. „Беше специфично и морбидно она што го спроведовме, но тоа беше и целта. ...
Кичево ќе добие нова болница, затворен базен,се решаваат проблемите со отпадот и депониите, спортските сали ќе добијат нов лик, а патната инфрастура во овој дел од Македонија ќе биде подобрена. Ќе се реализираат сите отпочнати проекти во кичевско, порача премиерот Мицкоски кој направи увид на реконструкција на спортската сала, санацијата на патната инфраструктура и изградаба на пристапен пат кон селото Србица. “Тука се исто така и пратениците ...
Социјалните мрежи и виралните видеа се главната причина за зголеменото насилство кај младите. Психолозите предупредуваат дека тие се во ранлива возраст и често сакаат да го имитраат она што го гледаат на интернет, а не се доволно свесни за последиците. Апелираат родителите да обратат поголемо внимание што прават нивните деца онлајн. „Разни насилства се лесно достапни на интернетот. Интернетот ни отворил еден нов свет, можност да дознаеме што ...
Околу 60 проценти од здравствените установи во државава веќе се дигитализирани. Засега, од овој процес, од објективни причини, иземени се само помалите установи главно во источниот дел од земјава. Но, намерата на ресорното Министерство и на Фондот за здравствено осигурување е со дигитализацијата да бидат опфатени сите здравствени установи, на што веќе и интезивно се работи, обелодени денеска од Прилеп, директорот на Фондот за здравствено ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска учествуваше на заедничката министерска средба со министрите за енергетика на Република Грција, Република Србија и Република Бугарија, Ставрос Папаставру, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, и заменик-министерот Кирил Темелков, која се одржа во Атина, Грција. Како што информира Кабинетот на Божиновска, станува збор за средба која е единствена во ваков формат, а е ...
Оркестарот на Македонската филхармонија в среда со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Пролетен поздрав од Австрија – бисери на класичната музика“, кој се реализира во соработка со Австриската амбасада во Скопје. Како што соопштуваат од Филхармонијата, под диригентската палка на Елизабет Атл од Австрија, како солист ќе настапи австрискиот виолончелист Јеремијас Флидл. На програмата ќе бидат изведени увертирата „Розамунда“ од ...
Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Како што е наведено во соопштението на Општината, во рамки на проектот се доделуваат канти за пластична (ПЕТ) амбалажа на 60 домаќинства, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво. Проектот, ...
По повод Меѓународниот ден на семејството – 15 Мај, попладнево во Скопје ќе се одржи мото-дефиле во организација на СОС Детско село и Мото клубот „Вепар“. Дефилето е закажано за 17 часот, а збирното место на моторџиите е локацијата „Фонтана парк“ во Скопје. На стартот се најавени изјави од претставници на СОС Детско село и на Мото клубот „Вепар“. Организаторите информираат дека настанот има за цел да испрати порака за важноста на семејството, ...
Пратеникот Бејџан Иљас, во својство на претседател на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со парламентот на Република Турција, денеска оствари средба со делегацијата на пратеници од Република Турција. Како што соопштија од собраниската прес-служба, во состав на делегацијата беа претседателката на Форумот на жените на АК Парти, Тугба Ишик Ерџан, како и пратеничката од Големото народно собрание на Република Турција, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека автопатот од Кичево до Охрид ќе биде завршен во планираниот рок до првиот квартал в година. Истовремено, потенцира, течат работите за изградба на делницата од Тетово до Гостивар, Гостивар – Букојчани. – Пред некој ден со новинарите имавме увид во градежните активности што се одвиваат на автопатот, најпрвин Гостивар – Букојчани, а потоа Кичево – Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна ...
Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи, се вели во соопштението од ЗНАМ. СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции. Сѐ започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно ...
Под покровителство на Град Скопје од 19 до 22 мај ќе се одржи 17. меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло 2026“. Предвидени се две концертни вечери, на кои ќе настапат странски светски познати гитаристи. Првиот концерт ќе се одржи на 19 мај во Музејот на македонската борба од 18.30 часот, на кој ќе настапи Милош Вуковиќ од Србија, а како музички спектакл се најавува настапот на Националната филхармонија со „Аир фламенко“ ...
Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево. Тој вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. – Имавме состанок со господинот Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од ...
Нови правила за кибербезбедност за објектите за производство, складирање и за системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со новите правила РКЕ ја засилува својата улога во областа на кибербезбедноста со цел обезбедување повисоко ниво на сигурност, стабилност и доверба во енергетскиот систем, во интерес на граѓаните, ...
Македонско друштво „Илинден“-Тирана, денеска одбележува единаесет години од приемот за рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), највисоката малцинска организација во Европа. -Нашето друштво стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на ФУЕН на конгресот што се одржа на 15 мај 2015 година во Комотини, Грција. Од тогаш до денес, дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број ...