Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, во Скопје, на маргините на 11-тиот EUSAIR форум, остварил средба со Гилес Гител, претставник на Европската комисија во Генералниот директорат за регионална и урбана политика (DG REGIO), како и раководител на тимот за Инструментот за претпристапна помош (IPA), преговорите за проширување на Европската Унија и Јадранско-јонската макрорегионална стратегија (EUSAIR). -Имавме многу плоден разговор, ...

Во просториите на Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечерва беше промовирана најновата книга на истакнатата македонска историчарка, проф. д-р Виолета Ачкоска, насловена „Македонија низ вековите“. Настанот, кој симболично се совпадна со одбележувањето на Светскиот ден на музеите, собра бројни претставници на академската фела, културни дејци и почитувачи на македонската историја. Модератор на настанот беше Валентина ...

Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој. На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај Грдовци, проект кој целосно ќе го промени сообраќајниот крвоток ...

Македонија не бара привилегии, туку доследна примена на европското право и почитување на историскиот и културниот идентитет, порача од Љубљана Гордана Сиљановска Давкова. По средбата со нејзината словенечка колешка Наташа Пирц Мусар, Сиљановска Давкова укажа на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето. „Да укажам на опасноста од билатерализација на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитестки ...

Државата прави се што е можно со цел македонските граѓани да не чекаат со часови на граничните премини, поради новиот систем за влез и излез во земјите на Европската Унија. Владата на највисоко можно ниво и билатерално, но и директно во Европската Унија, се обидува да најде решение за овој проблем. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, вели дека лично го отворил ова прашање, за кое се разговарало и на состанокот на министрите за ...

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги повика граѓаните со заостанати обврски за потрошена вода да ја искористат можноста за отплата на долговите на рати без пресметка на камата, во рамки на тековната акција што трае до 5 јуни годинава. Како што информираат од претпријатието, акцијата опфаќа плаќање на заостанати долгови, и тужени и редовни, без камата за задоцнето плаќање, а рокот за користење на поволноста истекува на 5 ...

Со мотото „Сите на Водно!“ викендов се одржа 14-тото издание на спортската манифестација „Прв до врв“, која и оваа година го претвори Водно во најголемата спортско-рекреативна сцена во земјата. Со повеќе од 4.500 учесници од Македонија и странство, настанот уште еднаш ја потврди својата позиција како најмасовно организирано планинско искачување во регионот и еден од најзначајните спортски настани на отворено кај нас – соопшти организаторот. ...

Стручна јавна расправа за предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка се одржа денеска во организација на Министерството за правда, со учество на претставници од правосудството, академската заедница и меѓународни експерти, при што беше истакната потребата од поефикасен и прецизно уреден систем за одземање незаконски стекнат имот. Како што соопштуваат од Министерството, во своето обраќање, министерот за правда, Игор Филков, ...

При извршената контрола на терен во рамките на реконструкцијата на плоштадот кај Чинарот надзорниот орган констатирал неправилности во поставувањето на коцката на почетокот од пешачката зона, на површина од приближно 45 квадратни метри. На изведувачот притоа му е издаден налог за корекција и целосно усогласување со проектната документација и техничките стандарди, при што сите трошоци за прередување ќе бидат на товар на изведувачот. Од Општина ...

Со последните одлуки на Советот на Општина Центар, во оваа општина се воспоставува нов систем на паркирање, во кој јавниот простор ќе се користи порационално, а жителите полесно ќе може да дојдат до паркинг-место во близина на својот дом, односно таму каде што тоа е најпотребно. Како што информираат од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, една од најважните промени е новиот начин на издавање на повластените паркинг-карти. Наместо како досега – по ...

– Да се говори вистината во време на опресија, исполнето со цинични лаги и лажни реалности, бара смирена храброст и бистрина на умот. Тоа е мечот на духовниот воин. Тоа е моќта на поезијата – изјави познатата естонска поетеса Дорис Карева на отворањето на третото издание на манифестацијата Денови на поезијата, што се одржа во Скопје, во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“. Годинава се одбележаа многубројни јубилеи на ...

Другарство и соработка со институциите спаси детски живот. Девојче се јавило на СОС линијата „Ало Бушавко“ сакајќи да му помогне на својот другар кој сакал да си го одземе својот живот. Од Меѓаши пружиле совети, а кога тие не биле успешни, интервенирале заедно со надлежните институции. Од таму велат дека посветено се залагаат за помош на децата и подобрување на нивното ментално здравје. Тие ја раскажуваат успешната приказна која е само еден ...

Учениците од деветто одделение при ООУ „Стив Наумов“ – Скопје денеска го посетија Основниот кривичен суд Скопје, каде што преку едукативна и интерактивна средба имаа можност непосредно да се запознаат со функционирањето на правосудниот систем, како и со предизвиците поврзани со малолетничката деликвенција и нејзината превенција – соопштуваат од судот. Во рамките на посетата учениците биле информирани за постапките што се водат кога во нив се ...

Собранието ја почна 102. седница, на која на дневен ред се повеќе точки. Пратениците го усвоија дневниот ред и почнаа прашањата за опозоцијата. По скратена постапка ќе се носи предлог-закон за задолжување на Македонија со заем кај КфВ ИПЕКС банк ГмбХ (KfW IPEX-Bank GmbH), „Банко Билбао Визкаја Аргентарија, С.А.“ (Banco Bilbao Vizcaya Argentaria, S.A.), Ерсте груп банк АГ (Erste Group Bank AG), АКА Аусфухкредит-Гезелшафт мбХ (AKA ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одржа работна средба, на која присуствуваа копретседателите на „Вреди“, Билал Касами и Изет Меџити, на која се разговараше на темата за употребата на јазиците при полагање на правосудниот испит. Како што соопшти владината прес-служба, било нагласено дека само преку заеднички, мудар и достоинствен пристап може да се дојде до решенија што ќе значат напредок, меѓусебна доверба и заедничко ...

Дигиталната трансформација и зајакнувањето на соработката во областа на иновациите беа во фокусот на билатералната средба меѓу министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и министерот за економија и иновации на Литванија, Едвинас Грикшас, реализирана во рамки на работната посета на Вилнус. Како што соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација, двајцата соговорници ја истакнале важноста на дигитализацијата како ...

Иднината на Македонија е во Европската Унија. Ги поздравуваме досегашните реформски напори на државата и нивното усогласување со безбедносната политика. Словенија останува цврст и искрен поддржувач на проширувењето на ЕУ кон Западен Балкан. Веруваме дека тоа значи поголема безбедност, поголема политичка стабилност на регионот, побрз развој на државите од Регионот и појака и поповрзана Европа, порача денеска претседателката на Република ...

За нас ЕУ беше и останува не само географски, историски и заедмички културен дом, туку и важен приоритет. Сакам да укажам на опасноста од билатерализацијата на процесот на проширувањето, особено кога таа е врзана за идентитетски прашања за кои не се преговара. Ние не бараме привилегии, ние само бараме доследна примена на европското право и почитување, се разбира, на историскиот и културниот идентитет на народите и на достоинството и ...

Владата не планира укинување на културните институции, туку нивна реорганизација со цел подобрување на условите за работа и поефикасно користење на ресурсите, истакна денеска во Собранието министерот за култура и туризам Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање за состојбата со музичкиот ансамбл во Тетово. Тој нагласи дека во Националната стратегија за развој на културата 2026–2030 не се предвидува затворање на институции, туку „разумна ...

Правосудниот испит и сите други испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик. Ова ќе го покажеме многу скоро пред јавноста – изјави првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, одговарајќи на пратеничко прашање на Рина Ајдари од Европскиот фронт. – За првпат централната власт го слушнала гласот на студентите и ќе го реши нивниот проблем еднаш засекогаш, рече Сали. Осврнувајќи се на ...

Од полноќ поскапуваат горивата. Новите цени ќе бидат поскапи од два до два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 поскапува за два денари, а малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизелот се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,846 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од 50,814 ден/кг. Единствено се намалува цената на Екстра лесното масло за ...

Словенечката претседателката Наташа Пирц-Мусар, денеска, по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, порача дека Словенија останува цврст поддржувач на европската интеграција на Македонија, како и дека ќе продолжи активно да се залага за забрзување на пристапниот процес на земјите од Западен Балкан во ЕУ. На заедничка прес-конференција Пирц-Мусар одговори на новинарско прашање поврзано со иницијативата во Европската ...

ВЛЕН докажува дека прашањата на Албанците не се решаваат со празни декларации ниту со политички импровизации, туку со конкретна институционална работа и со целосни и одржливи решенија, се наведува во денешното соопштение од партијата. Само еден ден откако копретседателите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, најавија добри вести поврзани со прашањето за полагањето на правосудниот испит на албански јазик, денес тие веднаш се вклучија во ...

Искршени прозорци, оштетени скали, мувла и руинирани ходници — така до пред само неколку месеци изгледаше Спомен-домот на Разловечкото востание, кое се смета за прво организирано востание на македонскиот народ за слобода. Денеска сликата е поразлична, по завршената ревитализација на објектот. Во селото каде пред век и половина била запалена искрата на националното ослободување, свеченоста за одбележување на 150-годишнината ќе се одржи во ...

Општина Илинден објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на инвертер клима уреди или соларни панели, во рамки на годишната програма за финансиска поддршка на жителите и мерките за унапредување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина. Со повикот се предвидува кофинансирање во висина од 50 проценти од вредноста на набавениот уред или панел, односно најмногу до 10.000 денари по производ. Градоначалникот на Општина ...

По кризата, стабилизација. Министерството за финансии очекува повисок економски раст и пониска инфлација, почнувајќи од 2027-ма. Поради конфликтот на Блискиот Исток кој ги поремети плановите за поголем развој годинава, властите се подготвуваат со нови проекции. Во најновата Фискална стратегија која се најде пред пратениците, стои дека економскиот раст годинава наместо 3,8% ќе изнесува 3,5%, но од следната година ќе забрза на 4%. На среден ...

Даночно затајување во износ од 7.426.323 денари утврди Управата за финансиска полиција, која до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица управители на правно лице и едно правно лице. Како што соопшти Управата, пријавените М. Ш. и Ж. Р., како управители на правното лице, се сомничат дека во повеќе наврати, свесно и со намера да стекнат противправна имотна корист, не пресметале, не пријавиле и не платиле ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словенија, денеска во Љубљана ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација. Во рамки на посетата Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со ...

Собранието денеска ќе ја одржи 102. седница на која на дневен ред се повеќе точки, а за оваа седница се најавени и двочасовните опозициски прашања. На предложениот дневен ред е Предлог – одлука за испраќање на припадник на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската унија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, која претходно ќе биде разгледувана и на Комисијата за одбрана и безбедност. На седницата се очекува да бидат донесени ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од два до 11 степени, а максималната од 15 до 25 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне 24 ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
0.94
56%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.17
62%
1019
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.09
83%
1020
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.44
47%
1020
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
1.77
51%
1020
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
0.45
83%
1020
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
50%
1016
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.37
52%
1018
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.14
51%
1019
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
0.89
57%
1018
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 20ᴼ
1.34
56%
1018
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
4.42
67%
1018
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.3183

Currency

37.5436

Currency

37.9456

Currency

66.9633

Currency

7.85443

Currency

0.73248

Currency

0.33094

Currency

0.52511

Currency

1.14648

Currency

0.56142

Алуминиум

3.35

Бакар

13.02

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Калај

54.89

Злато

139701.84

Сребро

2263.61

Родиум

257205.97

Платина

57581.99

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Паладиум

42889.10