Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, на која е потврдена заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји. Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции. Укажувајќи на нејзиното ...
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, денеска престојува во Скопје. Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Мицкоски и Кошта во Владата ќе имаат тет-атет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината ...
Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак. Словачкиот вицепремиер ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...
Над 10 илјади празни работни места во државава, очајно се бараат продавачи и кленери. Младите неместо во рестораните и маркетите низ Македонија, сакаат да работат во поморските дестинации во Регионот и Европа. Продавници, трговски центри, ресторани, кафулиња, хотели и други услужни компании постојано бараат работници, но понудата не успева да ја следи побарувачката, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. „Вардарскиот регион ...
Државата со 10.000 евра ќе ги поддржи младите до 29 години за отворање бизнис. Но, доколку млад човек од странство сака да се врати во земјата и да отвори бизнис со желба за трајна преслеба во Македонија ќе добие дополнители 10 проценти. Во вкупниот износ од 40 милиони евра кои се предвидени за раст на вработеноста и подигнување на животниот стандард има предвидено средства и за малите и средни компании кои ќе отворат нови работни места и ќе ...
Не може ниту една компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции. На денешната прес-конференција на која заедно со директорот на Агенцијата за вработување го презентираа Оперативниот план за вработување за ...
„Ден на спортот“ се реализираше во Кавадарци, во рамките на Плазма спортските игри за млади. Околу илјада деца учествуваа во настаните, од кој се испрати порака, дека нашата држава има златна спортска иднина. На настанот беше кажано дека поттикнувањето на спортскиот начин на живот, инклузијата, толеранцијата и другарството меѓу децата и младите е главната мисија на овој најголем спортско-аматерски настан во Европа, што овозможува бесплатен ...
Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите. – Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што сакаат да почнат сопствен бизнис, за компаниите што отвораат нови работни места, за ...
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се стабилни и дека засега нема потреба од мерки. Доколку кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе бидат воведени мерки со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните. – Од 55 најпродавани производи, растот е минимален и изнесува само 0,43 проценти така што цените се стабилни. Ако забележиме девијантно однесување како што сме постапиле ...
Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамките на националната кампања, што се реализира подсо мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видеообраќање изразува поддршка за оваа племенита акција. – Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и многупати успеваме во тоа, но ...
Индустриското производство во април годинава е зголемено за 7,6 % во однос на април 2025 година – соопшти Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во април 2026 година, во однос на април 2025 година, бележи пораст од 4,3 %, во секторот Преработувачка индустрија од 6,8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 22,6 %. Според главните ...
Со 7,5 милиони евра помош од глобалните здруженија за заштита на животната средина ќе се заштитува Дримскиот басен од предизвиците со загадувањето. Тоа беше соопштено на 10. Дримска конференција што денеска се одржа во Струга. Конференцијата е дел од Меморандумот за разбирање за заедничко управување на Дримскиотт басен потпишан во 2011 година меѓу Македонија, Грција, Косово, Црна Гора и Албанија. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски ...
Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои денеска собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Ѓорѓија Сајкоски информира дека на конкурсот биле пријавени 10 ...
Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недости на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“. Во гостување на телевизија Алфа, ...
Јавното обвинителство на Македонија презентира нова комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026 – 2028 година и акциски план за нејзина имплементација. Според државниот јавен обвинител Ненад Савески, еден збор од овој стратешки документ што треба да го опише пристапот на кој ќе инсистираат е „проактивна“ комуникација на Јавното обвинителство со јавноста, која нема да чека да се постават прашања, па да се даде одговор, ...
Чамците и скутерите ова лето ќе имаат ограничен режим на пловење на Охридското, Преспанското и на Дојранското Езеро во согласност со одлуката што ја донесе Владата на предлог на Министерството за транспорт, со цел зголемување на безбедноста на капачите и учесниците во пловидбата. Со одлуката се предвидува ограничување на пловидбата на скутери во периодот од 1 јули до 31 август 2026 година во термин од 11 до 19 часот. Воедно, се воведува и ...
Повеќе симболика, отколку суштина – нема големи очекувања дека нешто драстично ќе се смени по посетата на шефот на Европскиот совет Антонио Кошта. Иако во Брисел во игра се повеќе варијанти за промена на правилата на игра при проширувањето, засега е далеку од било каква официјална одлука. Се очекува високиот гостин да ја потврди посветеноста на ЕУ за проширување, но ќе си го бара тоа што го ветија СДСМ и ДУИ – уставни измени. Премиерот ...
Се изгради пристапна улица до дел од Индустриската зона „Македонка“ во Штип. Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција истакна дека компаниите во оваа зона инвестирале во земјените работа на улицата, а додека Општината беше задолжена за асфалтирањето. Инвестицијата, која се реализира од буџетот на општина Штип е во вредност од 3,2 милиони денари. Јорданов посочи дека со денешните активности се исправа една ...
Исплашени од криминалите и аферите што ги следат од периодот на нивното владеење, во СДСМ сега се обидуваат да се амнестираат преку таканаречениот нов фронт за „борба против корупцијата“. Според премиерот Христијан Мицкоски, оваа иницијатива е само уште еден обид за политички спас и бегство од одговорност на луѓето кои, како што тврди, го измениле Кривичниот законик за да им овозможат на многумина да избегнат кривичен прогон. Тој оценува дека ...
Општина Центар информира дека на 7 јуни, со почеток во 20 часот, на отворената сцена во Паркот на франкофонијата ќе се одржи концертот We Will Rock You во рамките на програмата за култура на Општина Центар за 2026 година. Станува збор за уникатен музички настан со 120 минути програма и изведба на 29 композиции на најпознатите светски рок-класици. Како што најавуваат од Општина Центар, секој хит ќе биде интерпретиран од друг ученички бенд, со ...
Во четврток ќе направиме анализа на сите проекти што се почнати, што се во фаза на реализација или кои набргу треба да почнат, станува збор за бројка меѓу шест и седум милијарди евра – изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за досега завршените стратешки проекти на Владата, но и оние што се во тек, а се во насока на подобрување на економскиот стандард. Мицкоски, по отворањето на новиот базен во Карпош, ...
Министерството за финансии денеска соопшти дека во целост е исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Денеска, извршена е исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главнината и 11,6 милиони евра за камата), со што во целост е заокружено сервисирањето на обврската за оваа еврообврзница. Средствата за сервисирање на оваа обврска, како што информира Министерството за финансии, се обезбедени ...
Зголемувањето на енергетската ефикасност и справувањето со климатските промени не претставуваат само добра еколошка политика, туку и добра економска политика и политика во интерес на здравјето на населението. Македонија е особено погодена во зимскиот период кога загадувањето на воздухот достигнува високи нивоа. Токму затоа значајни се реформите што се прават во делот на енергетиката, порачаа учесниците на денешниот панел за размена на ...
„Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“ е темата на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји, на која од денеска до 5 јуни во Солун ќе учествува началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Конференцијата, како што информираат од Армијата, ја организираат Вооружените сили на Република Грција, ги обединува началниците на ...
Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска организираше прием на Лука Ананиев, кој освои бронзен медал на Европското првенство во борење за борачи до 15 години, а што се одржа во Самоков, Бугарија. На средбата присуствуваа и Марио Ананиев, Зоран Шоров, како и тренерите и соработниците кои придонесуваат во развојот на младите спортисти. Јорданов му го честиташе големиот успех на Лука Ананиев, кој е стипендист на Општина Штип во ...
Нов затворен базен со современи услови, наменет пред сè за најмладата популација, денеска беше официјално пуштен во употреба во општина Карпош. Објектот, кој се наоѓа во близина на спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, е со должина од 25 метри и ширина од 9 метри и има цел да придонесе за развој на спортот, рекреацијата и здравите навики кај децата. Базенот, чија изградба почна во 2023 година, беше довршен од страна на Министерството за ...
Во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во општина Илинден се одржа свечена приредба по повод испраќање на генерацијата дечиња кои од септември ќе ги започнат своите први училишни денови. Преку богата музичко-сценска програма, исполнета со песна и танц, дечињата ги претставија знаењата и вештините стекнати во градинката, испраќајќи порака на благодарност до своите воспитувачки и негувателки за посветеноста, грижата и љубовта што им ја пружаа во изминатите ...
Словачка ја поддржува европската перспектива на Македонија и тоа го прави како пријател, партнер и сојузник. Но, во исто време јасно велиме дека проширувањето како процес мора да биде фер, предвидлив и заснован на истите правила коишто важат за сите кандидати, рече словачкиот претседател Петер Пелегрини на денешната прес-конференција по средбата со македонската претседателка Гордана Сиљановска – Давкова која е во официјална посета на ...
Економијата расте, навработеноста се намалува. И во услови на глобална нестабилност, македонската економија продолжува да покажува агилност. Економската активност во текот на годинава продолжува со солидно темпо што според премиерот Мицкоски дава надеж за уште поохрабрувачки очекувања за развојот на домашната економија која и натаму останува во европскиот врв. Мицкоски очекува економски раст меѓу 3 и 3,5 проценти во првиот квартал што е ...