Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Колкови има, операциони сали нема. Пациентите сами избираат кај кој хирург да бидат оперирани, а со тоа и листите на чекање растат. Анализите на ФЗО укажуваат дека најголем притисок има на Клиниката за трауматологија и ортопедски болести и ГОБ „8 Септември“, таму листите се најдолги. Над 650 граѓани чекаат операција за вештачки колк, додека здравствените власти уверуваат дека бројот на интервенции расте и пристапот до операциите се подобрува. ...
Железничката станица во Скопје ќе го фати последниот воз. По децении запуштеност, таа почна да се чисти и да се подготвува за реконструкција. Граѓаните со нетрпение очекуваат повторно да можат да се возат со воз , удобно да патуваат и навремено и брзо да стигнат до саканата дестинација. Пример велешанец кој работи во Скопје би можел секој ден да патува со воз ако има редовни линии, точен возен ред, пристојни вагони и лесно купување билети. ...
Пари за седници на кои воопшто не присуствувале, си точеле гориво во приватните возила и вршеле набавки без тендер – Државниот завод за ревизија открива низа пропусти во работата на Академијата за судии и јавни обвинители во текот на 2024 година. Меѓу најсериозните забелешки е начинот на исплата на надоместоци за членовите на Управниот одбор и Програмскиот совет. Ревизијата утврдила дека дел од членовите добивале целосни месечни надоместоци ...
Приказна за животен пат кој не бил однапред испланиран, но бил обликуван од подготвеноста да се препознаат и прифатат можностите, вака ја опиша својата прва книга „Ништо случајно“ на синоќешната промоција авторката Нина Ангеловска Станков. – Многу често велиме дека ништо не е случајно. Верувам дека кај мене беше токму така. Работите доаѓаа навидум случајно, но всушност доаѓаа затоа што бев подготвена да ги препознаам. Затоа што работев за ...
Стефан Богоев останува зад решетки. Функционерот на СДСМ кој заврши со лисици на рацето поради сомнение за поткуп во Царина, се уште нема дадено гаранција за да се спаси од притворот. Иако неговите адвокати Сања Алексиќ и Виктор Божиновски најавија дека ќе понудат гаранција и ќе се жалат, засега нема ништо. Божиновски се жали на притворот само на својот Фејсбук профил и тврди дека мерката е донесена поради како што пишува шамарот од ЕУ и ...
До крајот на оваа година не се планира издавање нова еврообврзница. Сè она што беше планирано со буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства, најпрвин за отплата на старите долгови, е веќе реализирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит – истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. – Во согласност со проекците на буџетот и како беше проектирано ...
Со Националната стратегија за развој на туризмот 2027 – 2032 поставуваме цврсти темели на еден современ, одржлив и амбициозен пристап, кој треба да ја трансформира нашата земја во препознатлива, квалитетна и конкурентна туристичка дестинација во регионот и пошироко – рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков во обраќање на првата јавна расправа за Националната стратегија. Љутков очекува оваа стратегија да даде јасни одговори и ...
Богоев осомничен за местење на тендер во Царина вреден 300 илјади евра, притоа примил мито во вредност од 2.000 евра за да влијае на исходот на постапката, истакна на денешната-прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Детето на Заев, Стефан Богоев продолжи по неговите стапки. Како првиот, така и другиот. Едниот бараше евро за брат му, овој за себе. Александар Спирковски – Џемо, поранешен претседател на ОО на СДСМ во Прилеп, од ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите што правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко…, безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите ...
Филипче секојдневно бара Уставни измени, дури повеќе и од Бугарите. Филипче испадна поголем Бугарин дури и од самите Бугари. На Филипче не му се слушаат пофалните зборови на Антонио Кошта во делот на Реформската агенда, како и добиените финансиски средства од Планот за раст, тој оди со главата во ѕид, работејќи во полза на бугарските власти и знае само за една реформа, а тоа е уставни измени, изјавиВалентин Манасиевски, портпарол на ...
Препис на чудотворната икона на Пресвета Богородица Троеручица од Света Гора в сабота ќе пристигне во Штип. Протојереј Добрица Јанев во Брегалничката епархија информира дека иконата ќе биде донесена во градот од монасите од манастирот Хиландар. По литијата, иконата ќе биде поставена во црквата „Свети Димитриј“ во штипско Ново Село, каде што ќе остане на поклонение и молитва. – Голема радост ќе се случи на 6 јуни, во сабота, во нашиот град ...
Изградбата на коридорите 8 и 10 Д и останатите локални патишта остануваат силен двигател во градежништото според податоците на Државниот завод за статистика во првиот квартал од 2026. Според нив градежниот сектор бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност во целата држава, ...
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска организира настан на кој ќе ги одбележи 15- годиншнината од основањето и 7 јуни – Светскиот ден на безбедноста на храната кој годинава се одржува под мотото „Од товар до решенија – Безбедна храна насекаде“.. На настанот, посветен на унапредувањето на системот за безбедност на храната, здравјето и благосостојбата на животните и заштитата на јавното здравје, како и на промовирање на современи пристапи ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, локално проследени со грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 литри на метар квадратен), елекстични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, ...
Над 100 претставници на технолошки компании, институции и организации од државата и од Грција денеска на форум во Скопје ќе разговараат за можностите за конкретна соработка, заеднички проекти и настап на регионалните и европските пазари. Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE. Според организаторите, ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комитетот за односи меѓу заедниците и комисиите за прашања на изборите и именувањата, за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет. За расправа пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-законот за високи раководители, во прво читање, и предлог-законот за соодветна и правична застапеност, исто така во прво читање. Комитетот за односи меѓу заедниците ќе ...
Во Министерството за образование и наука денеска ќе бидат потпишани договори за 14 заеднички научноистражувачки проекти на Македонија и Австрија во области со развоен потенцијал. Проектите, како што информираат од МОН, се дефинирани во стратегијата за паметна специјализација на државата. На потпишувањето на договорите најавено е обраќање на министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Во Министерството за образование и наука денеска ...
Под диригентската палка на Бисера Чадловска денеска ќе се одржи традиционалниот концерт со учениците од државните музички училишта. На концертот насловен „Младите доаѓаат“ ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде. Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева ...
Во Скопје денеска ќе се одржи првата јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на туризмот за периодот 2027 – 2032 година. Во воведниот дел најавено е обраќање на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Настанот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток од 11 часот. Во Скопје денеска ќе се одржи првата јавна расправа по нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – април 2026 во однос на истиот период од 2025 година се намалил за 3.0 %. Во април годинава, пак, споредено со април лани, бројот на работниците е намален за намален за 2.3 %, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.2 %, а се зголемил во секторот Снабдување со ...
Посетата на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, претставува значајна потврда дека Република Македонија успешно ја спроведува реформската агенда и испорачува конкретни резултати во процесот на европска интеграција, се наведува во соопштението од .Движењето ЗНАМ за Наша Македонија. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ја поздравува пораката што произлегува од оваа посета, дека реформите се препознаени, а напредокот на државата е ...
Шестото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Македонскиот народен театар, во организација на Детскиот културен центар – Карпош. Како што соопштуваат организаторите, ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакна директорката д-р Билјана ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа до 8:00 часот наврналво Маврови Анови – 30 литри на метар квадратен, по што следуваат Лазарополе со 27 и Крива Паланка со 23 литри на метар квадратен. Значителни врнежи се регистрирани и во Охрид – 15 литри на метар квадратен, Штип и Крушево 14, како и во Скопје-Петровец и Виница по 13 литри на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска ќе биде променливо облачно ...
Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска ...
Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според статистичките податоци, градежниот сектор во првиот квартал годинава бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки, истакнува ...
Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на регионалниот семинар „Kриптосредства и дигитални пари“, што се одржа во Приштина, во организација на Централната банка на Косово, каде што гувернери, претставници на централни банки, регулатори и финансиски експерти од регионот разменија мислења за современите предизвици и можности поврзани со дигитализацијата на финансискиот систем – соопштија денеска од неговиот кабинет. Во ...
Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите пет месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“. Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, во гостувањето на една од националните телевизии, направи споредба првите пет месеци од 2026 со првите пет месеци во 2025 ...
Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Пиштолот е пронајден и следува соодветна пријава. Од СВР Tетово информираат дека денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било утврдено дека е под дејство ...
Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска оствари средба со поглаварот на Албанската автокефална православна црква, архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г. Јоан. -Големо задоволство беше да се сретнам со г.г. Јоан, што е наша прва средба по неговиот избор. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај. Во исто време го ...
На предлог на ВМРО-ДПМНЕ беа изгласани црвени линии, односно резолуција за црвени линии, во коишто ние како Македонија, како држава, нема да преговараме во делот на идентитетот, јазикот, културата и историјата, која што само за некој месец СДСM ја прегазија со оној договор за добрососедство со Бугарија во којшто треба да вметнеме Бугари во Уставот – истакна Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во Алфа телевизија. ...