Јавното претпријатие „Национална радиодифузија“ информира дека од 1 до 3 јуни во Скопје се одржува меѓународна конференција посветена на јавната радиодифузија. – ЈП НРД врши дејност од јавен интерес во областа на електронските комуникации преку развој, изградба и одржување на комуникациски мрежи, обезбедување и пренос на радио и телевизиски програми, поврзување со радиодифузни системи во странство и контрола на квалитетот и покриеноста на ...

Со панел – дискусија на тема „Размена на лидерски искуства на високо ниво „Од реформа до реализација: Градење на конкурентна и отпорна енергетска иднина“ продолжува Регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026. На овој панел предвидено е да се обратат Орхан Муртезани, специјален советник на премиерот, шведскиот амбасадор во земјава Ола Сулстром, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, ...

Завршен настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија, ќе се реализира денеска. – Тркалезната маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост преку образованието“ ќе се одржи на Факултетот за образовни науки при УГД, со ...

Стопанската комора на северо-западна Македонија со свечен настан во Филхармонија, вечер одбележува 20 години од нејзиното основање. Како што се истакнува, овој настан одбележува две децении континуирана посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на бизнис-заедницата, како и создавање на поповолна економска средина. Според најавата, настанот ќе обедини претставници на институции, бизнис-заедницата, како и локални и меѓународни ...

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на Бутел и Ѓорче Петров. -На ден 02.06.2026 година (вторник) без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улиците Натанаил Кучевишки, Петар Манџуков и Александар Урдаревски (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците Петар Манџуков и Благоја Вујов. (Општина Ѓорче Петров), соопшти РЦУК по добиено ...

Стапката на слободни работни места во првото тримесечје од годинава изнесува 2.07 проценти, а најголем број слободни работни места, 2 346, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба, објави Државниот завод за статистика. Вардарскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2.28 проценти. Највисока стапка на слободни работни места од 4.94 проценти има во секторот Сместување и послужување храна, ...

Работниците плаќаат членарина за синдикатот да ги штити нивните права, а не за раководството да организира скапи патувања, привилегии и забави за одбрани поединци, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста заслужува одговор дали навистина биле потрошени околу 60.000 евра од синдикалните средства за спортски игри во Црна Гора? Дали овие средства, собрани од џебот на работниците, биле искористени за задоволување на интересите на тесен ...

Ние сме единствена држава што во време на глобална авиокриза отвора нови дестинации. Во следните неколку недели се отвораат пет нови линии – најавува вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. – „Австрија ерлајнс“ почнува да лета редовно од Виена во Охрид, што ќе е одлично за конектинг-летовите од Виена. „Визер“ почнува да лета од Полска од Вроцлав и Краков, исто за Охрид, што ќе биде одлично за развојот на туризмот, ќе ...

Во рамки на МЕФ 2026, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамед Хоџа, оствари билатерална средба со Фатма Варанк, извршна директорка на COP31 и заменик-министерка за животна средина, урбанизација и климатски промени на Република Турција. На средбата, како што соопштија од МЖСПП, биле разменети мислења за актуелните климатски предизвици, енергетската транзиција и подготовките во пресрет на Конференцијата на Обединетите нации ...

Филипче да сфати дека времето на калкулации и распродажба на националните интереси заврши, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче и неговите политички истомисленици мора конечно да разберат дека Македонија повеќе нема да прави отстапки на слепо и нема да потпишува нови понижувања без јасни, цврсти и обврзувачки гаранции. Македонските граѓани веќе еднаш ја платија цената на погрешните политики на СДСМ. Под изговор дека ...

Вицепремиерот Александар Николоски вели дека се работи на изградба на пругата кон Бугарија, а за тунелот биле добиени позитивни сигнали од Софија. – Проблемот со Бугарија во однос на пругата е решен. Тоа беше чисто технички проблем. Добиваме позитивни сигнали за тунелот, штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел – информира вицепремиерот Николоски во поткастот „Риштази“. Тој појаснува и до каде се работите во ...

Поради реконструкција на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово граѓаните не треба да ги паркираат возила на местата каде што се изведуваат градежните работи, повикаа денеска од општината. Оттаму велат дека пристапот на возила ќе биде отежнат, сè до обезбедување на услови за повторен проток на сообраќајот. Оваа процедура, како што додаваат, е неопходна заради обезбедување безбедноста при движење на граѓаните и возилата, како и заради безбедно и ...

Општина Центар вечер со почеток од 20 часот во Парк Капиштец, ја одржува првата филмска проекција на македонскиот детски филм „Мали промени – големи разлики“ во рамки на проектот „Патувачко кино“, што ќе трае од 2 до 13 јуни, соопштија денеска од локалната самоуправа. – Ги поканувам децата и родителите на бесплатно кино под отворено небо. Филмската приказна, реализирана со поддршка на Општина Центар, е специјално наменета за младите и носи ...

Ученици од ООУ „Лазо Трповски“ од Скопје освоија награда на Меѓународниот училиштен натпревар за воздушен и вселенски сообраќај 2026, кој традиционално се одржува во Берлин, Германија. Од училиштето соопштуваат дека проектот „Нашето патување на Јупитер“ бил изготвен од учениците од 4а одделение и координиран од наставниците Ирена Грегориќ и Стефан Симовски. – Конечната одлука во врска со наградите на овој екипен меѓународен натпревар за ...

Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски. – Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, ...

За година и половина завршивме 37 километри и ги пуштивме во сообраќај на автопатот Охрид-Кичево и тоа е доказ дека многу сериозно ги водиме проектите. За разлика од нас, владата на СДСМ и на ДУИ седум години не стави ни метро асфалт, истакна вицепремиерот Николоски. Проблемот, посочи министерот, е на предходната влада која што од политички причини тој проект го напушти. – Факт е дека седум години владата на Зоран Заев на СДСМ и ДУИ, тој ...

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, изразуваме благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес, пишува во соопштението на ВРЕДИ. Во извршувањето на оваа одговорна функција, Фетаи покажа сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност. Ја почитуваме неговата одлука и истовремено му се ...

По повод 1 јуни – Меѓународниот ден на децата, Општина Чаир официјално ја отвори манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“, која во текот на јуни ќе понуди низа културни, уметнички и едукативни активности за граѓаните, соопштија вечерва од локалната самоуправа. – Отворањето беше одбележано со дефиле на стотици ученици од основните училишта во Чаир, облечени во народни носии, кои продефилираа низ Старата чаршија до Плоштадот Скендербег, ...

Предизвиците во најголемета енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026, што се одржува во Скопје. Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски ...

Унијата е засилено фокусирана на имплементација на енергетските планови и испорачување на таргетите и во таа смисла сакам да и честитам на Македонија за усвојување на стратегијата и планост за енергетика и за оној напредок што го оствари на планот на правична транзиција. Ваквите напори се особено важни, многу реформи веќе стануваат применливи, преку рамката за енергетска заедница, и тие засилено ќе го обликуваат патот кон пристапување кон ЕУ. ...

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа се обрати на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2026, кој годинава се одржува како официјален партнерски настан на иницијативата „Road to COP31“. Во своето обраќање, министерот Хоџа истакна дека енергетската безбедност и климатската отпорност денес се тесно поврзани предизвици и нагласи дека форумот претставува важна платформа за отворање на клучните прашања и за ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години. На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да успее ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека заклучно со декемврискиот извештај сме фронтранери во исполнувањето на Реформската агенда. Тој изрази жалење што опозицијата вели дека рокот истекол, коментирајќи дека рокот е 30 јуни, а не 1 јуни. -За жал, опозицијата денеска ја слушам како вели дека дека рокот истекол. Жалам кога политички аналфабети се дрзнуваат да даваат такви коментари, бидејќи не е први ...

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“. Намален е бројот на прекршоци за управуввање на нерегистрирано возило за 7,9 проценти споредбено со април, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во периодот од 1 до 31 мај од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 28.494 прекршоци. Од вкупниот број на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба и оти државава и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. – Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа дека оваа ...

Во Вилнус денеска се одржаа политички консултации меѓу делегации на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Литванија, предводени од заменик-министерот Зоран Димитровски и заменик-министерот Сигитас Миткуш. Заменик-министерот Димитровски информирал за одлуката на Владата за отворање Амбасада во Вилнус, за што врачи и вербална нота со која формално се иницира ...

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објавата на Фејсбук во која информира за оставката, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. – Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и ...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре, додека во однос на реконструкцијата на Владата, посочи дека ќе се разговара со коалициските партнери. -Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува ...

Јавното обвинителство на Македонија и Канцеларијата на Генералниот обвинител на Република Португалија потпишаа Меморандум за соработка во повеќе клучни области од заеднички интерес. Меморандумот во Лисабон го потпиша Генералниот обвинител на Република Португалија Амадеу Гера, додека од македонска страна во Скопје свој потпис стави Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески. Денеска, при посетата на заменик-генералниот обвинител на ...

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на настанот организиран во ООУ „Исмаил Ќемали“, каде беше презентирана свечената програма подготвена од учениците и беше промовиран муралот посветен на ликот на Исмаил Ќемали, се вели во соопштението од Општина Чаир. Во свечена атмосфера, училишниот двор се претвори во простор каде што уметноста, образованието и историското паметење се ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
2.63
83%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
1.92
67%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.65
78%
1019
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.66
80%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.16
58%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.2
81%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.45
54%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.23
69%
1018
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.38
71%
1019
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 16ᴼ
1.04
68%
1019
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
1.79
59%
1017
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 19ᴼ
3.57
100%
1019
Currency

61.645

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52511

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Родиум

257205.97

Злато

139701.84

Паладиум

42889.10

Платина

57581.99

Алуминиум

3.35

Сребро

2263.61

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

54.89

Иридиум

253540.09

Бакар

13.02