Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Палермо на Сицилија, Алегро на Сардинија. Ова се само две од новите пет авиолинии кои се воведуваат од двата македонски аеродрома. Глобалната криза не ги пореметува плановите на македонската Влада чија стартегија за развој на авио сообраќајот предизвикува вистински бум во понудата. Освен кон двете атрактивни туристички дестинации, од Скопје директно ќе се лета и кон Вроцлав и Краков во Полска. Значајно е што и Охрид директно ќе се поврзе со ...
Кулата на Водно конечно ќе проработи. По повеќе од 12 години од почетокот на изградбата од АЕК најавуваат дека таа ќе профункционира. Кулата е еден од најголемите инфраструктурни проекти во Скопје во изминатата деценија. Директорот на Агенцијата, Орце Симов вели дека преостанува уште добивање на дозволата, за која верува дека ќе биде до крајот на месецов. -Сите градежни активности се завршени, остана уште постапката за добивање на употреба на ...
Билатералниот спор со Бугарија треба да биде врз база на реципроцитет, а не врз база на потчинување, како што сакаат Венко Филипче и СДСM. Времето кога Македонија водеше потчинета и понижувачка политика, предводена од Филипче, неговиот ментор Зоран Заев и СДСM, заврши – стои во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните во најголема мера даваат недвосмислена поддршка на Македонија кон ...
Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, смета дека ниедна земја, без разлика во колку тешка состојба и да е, не смее да има предност и по скратен пат да влезе во ЕУ. Таа треба да го изоди патот на преговори и реформи и потоа да стане дел од Унијата. Затоа, смета, земјите што имаат право да станат членки на Европската Унија, првенствено се оние од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија. – Што се однесува до предлогот на ...
Суштината на процесот на интеграција во Европската Унија е исполнување на Копенхашките критериуми и европеризација во сите сфери во општеството. Без оглед дали се работи за мали или големи држави, Западен Балкан, како и целиот Балкан, отсекогаш историски, културно и логично ѝ припаѓал на Европа и треба да го најде своето место внатре – смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. – Се согласувам дека таканаречениот Западен Балкан не смее ...
Претседателот на Словачка, Петер Пелегрини истакана дека по потпишувањето на меморандумот за економска соработка за време на неговата посета на Скопје минатата година, забележана е нова динамика во билатералните економски односи. – По потпишувањето на меморандумот за соработка во делот на економијата за време на мојата посета на Скопје минатата година, се појави нова динамика во економските односи. На почетокот на оваа година имаше состанок ...
На Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип денеска се одржа завршниот настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија. Деканот на Факултетот за образовни науки-Штип, Трајче Стојанов рече дека проектот Akuo EduLab им овозможи на ...
Во Општинското основно училиште „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово се одржа училишниот форум „Зелено и енергетски ефикасно училиште“, во рамки на регионалниот проект „Зелена генерација“, имплементиран од Националниот младински совет на Македонија со поддршка на Фондацијата Отворено општество. Форумот имаше за цел да вклучи што поголем број учесници кои сакаат активно да придонесат во создавање поодржлива иднина, преку предлагање и реализација на ...
Развојот на радиодифузните технологии е клучен за обезбедување на квалитетен пренос на радио и теливизиските програми. Се оддржа годишниот собир посветен на развојот на радиодифузната дејност. Радиото и понатаму останува значаен дел од современиот медиумски свет, и покрај брзиот развој на интернетот и дигиталните платформи. Еден од најголемите предизвици со кои се соочува радиодифузниот сектор е дигитализацијата на радиото, но истовремено таа ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава беше пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Националниот ...
Во Македонскиот КИЦ во Белград вечерва ќе одржи концерт групата Балкава, една од најпознатите и најатрактивни музички формации, што го негува како македонскиот, така и фолклорот скоро на сите народи во регионот и оттука се здобива со статус на одлично прифатена и популарна музичка група, ширум државите од целиот наш регион. Посебна популарност стекнуваат со обработка на традиционални македонски теми што ќе доминираат на вечерашниов концерт во ...
Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што нашата држава целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ. Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од нашите обврски предвидени со Планот за раст, со што Царинската управа јасно ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ, пишува во ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со вршителката на должноста амбасадорка на САД, Никол Варнес. Тој во објава на Фејсбук информира дека на средбата изразиле задоволство од развојот на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете држави, како и подготвеност за натамошно продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес. -Разменивме мислења за актуелните ...
Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на улицата Лисец – крак десно, во Горно Лисиче – значаен инфраструктурен проект, со кој, по долг период, оваа важна сообраќајница добива нов, современ и функционален изглед, соопштија од локалната самоуправа. Од Општина Аеродром истакнаа дека со реконструкцијата директно се подобруваат безбедноста, инфраструктурата и ...
Дигиталната трансформација денес е нераздвојна од европската интеграција, а модерната инфраструктура и безбедните системи се клучни за стабилноста и отпорноста на секоја земја – истакна првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали на отворањето на меѓународната конференција посветена на јавната радиодифузија во Скопје. Тој нагласи дека годинешната конференција ги отсликува најактуелните трендови и предизвици ...
Транспарентноста е темел на довербата меѓу јавноста и институциите и е особено важна за правосудството бидејќи правдата не само што треба да биде задоволена туку треба да биде и видлива за сите – порача државниот jавен обвинител Ненад Савески на отворањето на конференцијата „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“. Од довербата на граѓаните директно зависи и ефикасноста на нашата работа, ...
Скопје се уредува до најситен детал. Покрај големите капитални проекти што го менуваат ликот на градот, со еднакво внимание работиме и на секој детал што значи поголем ред, безбедност и урбана култура – пишува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски во денешната објава на неговата фејсбук-страница. Тој информира дека интензивно се врши обележување на хоризонталната сигнализација, како и замена на дотраената вертикална сигнализација на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во однос на денешата посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на Скопје и очекувањата од неа нагласи дека тој како претседател на Владата нема намера да поддржи авантура, без да знае дека таа има извесен крај, додавајќи дека во текот на целиот евроинтеграциски процес македонската страна покажува дека е конкурентна, капацитетна и оти има волја за брзо завршување на процесот. Но, додаде ...
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, денеска, во Братислава беше пречекана од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини, тие одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словачката делегација. Во фокусот на разговорите беше оценката и унапредувањето на билатералните односи, со акцент на политичката соработка, нашата маратонска евроинтеграција и словачката поддршката во ...
Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери за да разговараме за натамошните чекори во однос на работата на Владата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи и за реконструкцијата на Владата. – Во втората половина на јуни ќе седнеме со владините партнери и ќе разговараме за понатамошните чекори. Тогаш ќе се добие и појасна слика ...
Во присуство на високи претставници од Сојузното министерство за земјоделство, храна и регионален идентитет на Германија, Германската амбасада и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, вчера (1 јуни) во Долно Лисиче беше отворено демонстрациско поле за тестирање методи за адаптација кон климатските промени во земјоделството. Активноста се спроведува со поддршка од германската влада преку Германското друштво ...
По повод 20 години од формирањетој на Локалниот археолошки и историски музеј „Теракота“, денеска и утре Виница е домќин на низа содржини и свечености со кои се одбележува јубилејот на оваа установа од културата. Програмата предвидува научна конференција, културно-уметнички настани, изложба и чествување на значајни личности од македонската култура и наука. Прославата започна утринава во 10 часот, со научна конференција на темата „Музеите – ...
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, во врска со најавите на СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче за нов закон за борба против корупцијата, со кој, како што посочуваат, ќе се врати довербата во правосудството, рече дека станува збор за истите луѓе кои, кога биле на власт, ги направиле измените на Кривичниот законик, со кои се овозможи застарување дела и избегнување одговорност. – Пред неколку недели, кога првпат ја слушнав оваа иницијатива, ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во врска со наодите на Агенцијата за храна и ветеринарство дека кај одредени производители бил утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано, нагласи дека најважно е дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, но дека вакви случаи ги доведуваат во прашање угледот на производителите и довербата на потрошувачите. – Најважното прашање е дали постои ризик за здравјето на ...
Размена на искуства и унапредување на парламентарните процедури и механизми за надзор во секторот одбрана и безбедност е целта на Регионалната годишна конференција на парламентарните комисии за одбрана и безбедност на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Загреб, а на која од македонското Собрание учествуваат претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност Павле Арсоски и пратениците Бране Петрушевски и Оливер Спасовски. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Како што соопштуваат од владината прес-служба, базенот е со вредност од 46.700.000,00 денари. Станува збор за училишен базен со корито со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворање на новиот базен Карпош, во Општина Карпош. Како што ...
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта денеска попладне ќе престојува во посета на земјава, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Од владината прес-служба информираат дека премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со Кошта, по што ќе следи состанок помеѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет. Мицкоски и Кошта потоа ќе одржат заедничка прес-конференција во Владата. ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска во Братислава ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од словачкиот претседател Петер Пелегрини. Предвидено е Сиљановска-Давкова и Пелегрини да одржат тет-а-тет средба, по што следи пленарен состанок на македонската и словачката делегација. Македонската претседателка ќе оствари средба и со претседателот на ...
Изградбата на автопатот Требениште – Ќафасан не е довeденa во прашање. Во соработка со УНЕСКО ќе се утврди неговата траса, вели министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, УНЕСКО вели оваа траса е проблематична, но ќе се види финално што ќе кажат крај на јуни, почеток на јули. Како што информираат од Министерството за транспорт, Николовски нагласува дека ќе се направат сите напори да се покаже дека трасата е добра. -Ние ќе се ...
Јавното обвинителство на Македонија во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ денеска во Скопје организира конференција „Од стратегија до пракса: Јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство со јавноста“. – Конференцијата има меѓународен карактер и на неа ќе биде презентирана новата Комуникациска стратегија на Јавното обвинителство за периодот 2026-2028 година, како и Акцискиот план и активностите за нејзина ...