Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност, за екс директорот на струшката болница Мухамед Асани.Обвинителството во долгата и мачна 4 годишна голгота по безброј одложувања,докажа дека тој бил виновен затоа што дебрчанката Јулдиз Веапоска ја оставил без три органи,матка бубрег и јајник. Доколку родилката не била препратена на скопскиот клинички центар, целата ситуација би завршила дури со смртен исход,констатираше судијата Јордан ...

Европските претставници го отфрлија најновиот мировен предлог на американскиот претседател Доналд Трамп, оценувајќи дека тој е во корист на Москва, објави „Политико“. Шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, му порача на тимот на Трамп дека нивниот нацрт-договор за прекин на огнот од 28 точки нема да успее без поддршка од Киев и европските влади. Предлогот предизвика голема вознемиреност во европските престолнини, не само ...

Украина се соочува со засилен притисок од САД да го прифати новиот американски план за завршување на војната со Русија, вклучувајќи закани за прекин на разузнавачка поддршка и снабдување со оружје, пренесуваат за „Ројтерс“ два добро упатени извора. Еден од нив тврди дека Доналд Трамп очекува Украина да го потпише нацрт-договорот до 27 ноември. „Тие сакаат да ја сопрат војната и сакаат Украина да ја плати цената“, изјави еден од изворите. ...

Собраниската Комисија за избори и именувања ја утврди предлог-листата за избор на нов претседател на Антикорупциската комисија. Адем Чучуљ е фаворитот што Комисијата ќе го предложи пред пратениците, откако во процесот на селекција ги доби највисоките оценки. Селекциската комисија му додели 96,5 бодови – најмногу од сите пријавени – со што Чучуљ се пласираше на врвот на листата. Тој речиси две децении работи во Антикорупциската комисија и ...

По речиси три децении, Македонија конечно добива електронски регистар на здравствени работници – систем кој првпат нуди јасна и прецизна слика за вистинските потреби во јавното и приватното здравство. Бројките покажуваат дека најдефицитарни остануваат анестезиолозите, невролозите, радиолозите, онколозите и патолозите – професии без кои здравствениот систем тешко може да функционира. Според министерот Азир Алиу, со овој регистар ќе се прекине ...

Планот за раст е повеќе од иницијатива, тој е заложба за вистинска промена – рече премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан во Тирана, Албанија. Мицкоски вели дека досега се исплатени 24 милиони евра, комбинација од заеми и инвестициски грантови. Оваа година, земјава поднела две барања за исплата и тоа во делот на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност. Мицкоски ...

Изборот за академик на МАНУ, не го доживувавам како личен триумф, туку како признание за целата македонска заедница што живее во Бугарија, порача проф. Стојко Стојков. Човекот кој и е познат на јавноста, како еден од најголмите борци за правата на македонското малцинство во Бугарија, на свеченоста по повод неговиот избор за академик , зборуваше отворено за проблемите на Македонците кои живеат во соседната земја и за билатералниот спорт. -Ние се ...

Сатеска, Коселска, Черава – повеќе реки се излеаа од коритата – освен во југозападниот дел од Македонија, според прогнозите зголемување на водостојот ќе има и во струмичкиот регион. Таму се очекува да падне големо количиство дожд во текот на денот. Има одредени излевања, поплавени објекти и одрони, но засега состојбата е под контрола. Голема количина дожд падна во Охридскиот регион и се поплави патот кој води до селото Орман. Поради големото ...

Прашање: Господин премиер доволно директен бевте пред останатите лидери на Западен Балкан, испорачуваме реформи бараме нашите партнери да не оценуваат според мерит системот, а не по билатералните прашања? Одговор: Доволно долго сме во овој процес повеќе од 25 години, 20 години откако сме земја кандидат и навистина тоа што ние го доживеавме попатно не би сакал никој друг да го доживее. Но, очигледно е дека кога еднаш ќе воспоставите некој ...

Во Кочани денеска официјално почна со работа Регионалниот центар за ментално здравје и психо-социјална подршка, кој е замислен да претставува додадена вредност во зајакнувањето на услугите за ментално здравје и подобра превенција, третман и поддршка за граѓаните. На свеченоста присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу и генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити. Во официјалниот дел од промовирањето на оваа установа, ...

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, објави Јавен повик за изразување интерес за учество во базата на експерти на Ресурсниот центар кој е отворен за аплицирање до 15.12.2025 година. Со воспоставувањето на базата на експерти се создава динамичен и професионален механизам кој ќе овозможи општините да добијат навремена, стручна и таргетирана поддршка. Секој експерт што ќе се вклучи ќе ...

Во момент кога Европската Унија повторно го отвора прашањето за сопствената ефикасност и можноста за натамошно проширување, Македонија се обидува да ја задржи видливоста и поддршката на европската сцена Меѓу дипломатските кругови веќе со месеци се дебатира за можноста дел од одлуките во проширувањето да се носат со т.н. квалификувано мнозинство, наместо со едногласност. Поранешниот амбасадор Јован Донев вели: идејата звучи охрабрувачки, но патот ...

Над 45 млади лидери од 25 земји се собраа во Скопје за да разменат идеи и политички визии.На форумот за слобода –значаен меѓународен политички настан кој го организираше Унијата на Млади сили од ВМРО-ДПМЕ се разменија бројни идеи и предлози за подобра иднина на младите. Панел-дискусии за изборни кампањи, дигитална комуникација со гласачите, политики за млади и модели за вклучување на младите во процесите на одлучување. „Тука е и претставникот на ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, изврши увид во градежните активности за комплетната реконструкција на спортската сала „Расадник“. Tемелната обнова на оваа култна сала, која долги години беше оставена во руинирана состојба, се одвива со забрзана динамика. На реконструкцијата, која започна кон крајот на 2024 година и е финансирана од Министерството за ...

За Македонија, Планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи премиерот Христијан Мицкоски на Самитот на лидерите од Западен Балкан за планот за раст во Тирана. Тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена, продолжи Мицкоски, нагласувајќи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализираше Инструментот за реформи и раст и првата што доби пред-финансирање согласно Планот. Ова беше резултат на посветена ...

Мировното образование е важно затоа што гради разумни и толерантни личности, кои знаат да почитуваат и кои конфликтите ги решаваат вербално, по ненасилен пат и тоа е исклучително важно за да може општеството да напредува. Ова денес го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска Конференцијата за мировно образование во Скопје, што четврта година по ред ја организира Првата детска амбасада – Меѓаши. „Меѓаши многу помага да ...

Адем Чучуљ, дипломиран правник со положен правосуден испит ќе биде предложен од Комисијата за прашања на изборите и именувањата до Собранието за нов претседател на Државната комисија за спречување и корупција. Комисијата за селекција на кандидатите за претседател на Антикорупциска за Чучуљ дале највисоки оценки, па, така тој доби 96,5 бодови. Чучуљ е актуелен генерален секретар на Државната комисија за спречување и корупција и таму работи веќе ...

Со фокус на забрзување на енергетските реформи и координацијата со меѓународните партнери, во свечената сала на Владата денес се одржа состанок на Секторската работна група за енергетика, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. На настанот присуствуваа клучните институции од енергетскиот сектор, донаторската заедница, меѓународните финансиски институции и развојни партнери. Фокусот беше ставен на размена на ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари прва средба со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сиаојан. Претседателот Гаши беше дециден дека релациите меѓу двете земји се одлични, со голема почит кон традицијата, историјата, независноста и суверенитетот, со поддршка на концептот „Една Кина“. Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора ...

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, и директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова ја формализираа соработката меѓу двете институции со потпишување на Меморандум за соработка. Со Меморандумот се предвидува зајакнување на меѓусебната координација преку навремена, директна и взаемна комуникација, размена на суштински податоци и информации, како и подготовка и реализација на заеднички проекти со цел ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека креираат матрица на човечки ресурси во здравството, според која, ќе се креираат сите политики од денеска па натаму, што ќе значи дека нема веќе да има отворање конкурс за специјализанти по градови, по желба на институцијата ако тоа не се вклопува со таа матрица на податоци за човечки капацитети. – Нашите податоци ќе бидат дел од анализите заедно со Министерството за образование и наука. ...

Прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „Правосудството наместо да работи за граѓаните и во нивен интерес да ја носи правдата без тој целиот процес да трае со години, тие со едвај 2% доверба бараат двојно зголемување на платите. Иако македонските правосудни органи, судии и обвинители се едни од најплатените во регионот и Европа, на нив тоа не им е доволно, па бараат да имаат едни од најголемите плати во Европа. ...

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките, како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат во Битолски регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна ...

Аеродром во врвот на најотворените општини, со највисок скок од 36,6 индексни поени – најголем раст во целата држава!, објави на Фејсбук градоначалникот на општината Дејан Митески. Горди сме што Општина Аеродром е меѓу најуспешните и најтранспарентни општини во државата, според Индексот на отвореност за 2024 година на Здружението ЗМАИ! Ова е силна потврда дека вистинското партнерство со граѓаните носи резултати! Заедно го креираме буџетот, ...

Буџетот за 2026 година е реален, развоен и секоја ставка е многу внимателно проектирана. Растот е проектиран на 3,8%, а буџетскиот дефицит на 3,5% од БДП, што е согласно определбата за фискална консолидација. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во Дневникот на МРТ. -Факт е дека Буџетот за 2026 година е развоен. Со колегите во Министерството за финансии успеавме да извадиме еден максимум во смисла на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денес присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. -Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата ...

На денешниот настан организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и на младината на Меѓународната Демократска Унија, на тема „Форум за слобода“, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов во својата изјава за медиуми истакна дека како домаќини на најголемата Светска младинска организација ќе имаат можност за размена на искуства со над 45 млади лидери од над 25 земји, притоа наведувајќи дека ваквите настани се од огромно значење за ...

Министерството за здравство почна со анализа на податоци на моменталната ситуација на човечките ресурси во јавните и приватните здравствени установи низ државата. Ресорниот министер Азир Алиу денеска на прес-конференција соопшти дека станува збор за почеток на воспоставување регистар на работници во областа на здравството и дека ќе можат да го следат движењето на човечките ресурси во здравствениот систем, од пензионирања, нови вработувања, ...

Македонија е држава која се вбројува меѓу земјите кои издвојуваат значителни средства за правосудството и кои на судиите и обвинителите, согласно закон, им обезбедила високи примања, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека секоја година од државниот буџет за македонското судството се одвојуваат дури 0,39% од БДП. „Со овој процент ние одвојуваме повеќе дури и од далеку помоќните економски европски држави како Франција која за судството ...

Многу е значајно што во ЕУ постои сериозен импетус за проширување кон целиот регион на Западниот Балкан, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел. – Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од земјите ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
72%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
2.06
88%
1011
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
7.72
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
7.86
84%
1011
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1011
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
92%
998
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
93%
1004
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
8.23
83%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
89%
1012
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Родиум

255598.44

Платина

53106.37

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.89

Никел

471972.96

Паладиум

45879.12

Бакар

10.76

Калај

40.11

Рутениум

29192.88

Цинк

3.24

Сребро

1837.41

Кобалт

55.67