Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествува на седницата на Заедничкиот консултативен комитет (JCC), која се одржува во Брисел при Европскиот комитет на регионите, каде присуствуваат претставници на локалните и регионалните власти од земјите членки на Европската Унија и земјите кандидати за членство. За време на седницата, како што информираат од Општина Чаир, се дискутира за процесот на европска интеграција, размената на искуства ...

Министерството за финансии ја заокружи отплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, со што во целост е исполнета обврската кон инвеститорите – информира министерката Гордана Димитриеска-Кочоска нагласувајќи дека процесот е реализиран навремено, со претходно планирани средства и со заштеди на камати. На денешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски, Димитриеска-Кочоска појасни дека отплатата ...

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче, треба веднаш да престане со водење на потчинета политика, односно политика која одговара на Бугарија, а штети на Македонија во нашиот билатерален спор, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. Од Бугарија се радуваат кога гледаат дека во Македонија има мала група на политичари, како што се СДСМ предводени токму од Венко Филипче, кои за ...

Поранешниот потпретседател на СДСМ и поранешен директор на Царина, како и поранешен градоначалник на Карпош, Стефан Богоев е уапсен поради сомнение за местење на тендери за надворешно одржување хигиена на гранични премини и терминали, изјави Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција. На сајтот на јавни набавки се гледаат неколку тендери за оваа намена на кои потпис ставил Богоев. Повеќето ги добиле јавни ...

Македонија забрзува и државата мора да оди напред. Покажуваме дека со скромни ресурси можеме да направиме многу и остануваме посветени на решавање на проблемите, враќање на долговите и решавање на нафтената криза, која е увезена. Обезбедуваме инвестиции и отвораме нови работни места. Ние мораме да обезбедиме напредок и да ги оставиме изговорите – изјави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата. Целта на денешната ...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во периодот од 2 до 4 јуни во Солун, Република Грција, учествува на 19. Конференција на началниците на генералштабовите на балканските земји (BCHOD Conference), соопштија попладнево од Генералштабот на Армијата. – Годинашната конференција, на тема „Предизвици и иновации во цивилната заштита – прилагодување кон новите реалности на војувањето“, беше отворена од страна на ...

Ресетот на правосудството државниот обвинител го почна со ново лого. На брифингот со новинарите на кој најмногу се зборуваше за лого и за нови банери, најмалку се кажа за случаите од висока корупција коишто со години фаќаат прашани во обвинителските фиоки. Модуларните болници, аферата со набавката на вакцините во Ковид пандемијата, следењето на премиерот Мицкоски во предизборието и за еден куп други случаи, сеуште нема обвинителска одлука. ...

Новиот амбасадор на Македонија во НАТО Орхан Муртезани, како и амбасадорката при Советот на Европа во Стразбур Светлана Гелева, која добива втор мандат, денеска ги претставија своите тези пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија. Муртезани истакна дека во врска со неговиот ангажман како иден амбасадор во НАТО ќе се залага за брзо комплетирање на тимот во постојната делегација, за избалансиран ...

Делегација на Министерството за јавна администрација учествуваше на конференцијата „ReSPA Open Days“ во Кишинев, Молдавија, каде на панел-дискусии ги презентираше клучните приоритети и достигнувања од македонската реформска агенда во јавната администрација. Како што соопшти Министерството, во фокусот на излагањата била улогата на Регионалната школа за јавна администрација (ReSPA) во поддршката на реформите во земјите од Западен Балкан, при ...

Во Собранието денеска се одржа работна средба на членовите на Комисијата за финансирање и буџет со претставници на Центарот за економски анализи (ЦЕА), на тема „Зајакнување на улогата на Собранието во подобрување на транспарентноста, вклучувањето на јавноста и надзорот врз буџетот“. На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, пoкрај претседателката на Комисијата Сања Лукаревска и заменик-претседателката Јованка Тренчевска, ...

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство. Двајцата пациенти се во стабилна состојба. -Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. ...

Поранешен градоначалник и поранешен директор на Царинската управа, неколку вработени во оваа институција, како и едно лице, кое било своевиден посредник во олеснување одредени незаконски активности, се опфатени во акцијата на Финаниската полиција насочена кон откривање и документирање повеќе кривични дела од областа на финансискиот криминал и корупцијата – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на ...

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, повика на разгледување на законски измени со кои на Народната банка би ѝ се овозможиле механизми за поголема заштита на корисниците на платежните услуги и за ограничување одредени банкарски надоместоци по примерот на повеќе европски земји. Славески во објава на социјалната мрежа „Икс“ истакна дека платниот промет е услуга што секојдневно ја користат граѓаните и компаниите и затоа прашањето за ...

Глаголицата како живо културно наследство што обединува и создава современи уметнички вредности е во фокусот на изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за св. Кирил и Методиј“, што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја посети во Националниот центар за култура и образование во Братислава потенцирајќи ја нејзината улога во надминување на границите и зацврстување на културните врски меѓу земјите. На изложбата се ...

Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески денеска на брифинг со новинарите порача дека јавните обвинители мора да постапуваат самостојно, без притисоци и со целосна одговорност за предметите што ги водат, нагласувајќи дека финансиските причини никогаш не смеат да бидат пречка за прибирање докази, но оти истрагите треба да се водат економично и ефикасно. Осврнувајќи се на предметот за пожарот во Кочани, тој рече дека не очекува постапката да ...

Поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев попладнево е спроведен во Основниот кривичен суд во Скопје. Богоев треба да биде изведен пред судија на претходна постапка, по барањето од Обвинителството за определување мерка притвор за него и уште три лица поради постоење на основано сомнение за злоупотреба на постапката за јавна набавка, за примање и давање поткуп. Обвинителство, претходно соопшти, дека постои основано сомнение дека ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Француската бизнис-конфедерација, на која разговарале за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и развој на партнерства во области со висок потенцијал за раст. Муцунски, како што објави на социјалните мрежи, на средбата се осврнал на приоритетите на Владата во делот на ...

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој форум присуствуваат претставници на локалната и регионалната власт од земјите ...

Во време кога Северна Македонија бара нови економски партнери и посилно позиционирање на европската сцена, сè повеќе се истакнуваат луѓе што ги поврзуваат разните општества, пазари и институции. Еден од нив е и Самуел Видан Бјорн Наумовски-Вискиус, млад експерт за меѓународни односи со македонско-шведски корени, чија професионална кариера ги опфаќа Европскиот парламент, шведското Министерство за надворешни работи, граѓанскиот сектор и ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против С.В.(55) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Пријавениот, како што посочуваат од МВР, во својство на градоначалник на Општина Свети Николе, во текот на 2021 година, пречекорувајќи ги границите на своите службени ...

Стопанската комора на северозападна Македонија организира Свечен настан по повод 20-годишнината од своето основање одбележувајќи две децении посветеност во застапувањето и унапредувањето на интересите на деловната заедница, стои во соопштението. В.д. претседателот на СКСЗМ во своето обраќање истакна дека: „На ова патување СКСЗМ треба да остане домот на албанскиот бизнис, институција која не само што слуша туку и дејствува; не само што ...

Стефан Богоев, екс претседателот на СДСМ, додека директорувал со Царината, примил мито од околу 1800 евра за да намести тендер со кој одржувањето на царинските терминали на границите, да го добие фирмата каде работел Александар Спирковски познат како Џемо. Богоев влијаел врз неговиот заменик Семир Муса во условите на тендерот да бидат така наместени за да може да добие фирмата која веројатно ги дала 1800-те евра како мито. Финансиската ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе го посети Националниот центар за култура и образование во Братислава, каде што е поставена групната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“. На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски. Преку сликарство, фотографија и современи визуелни ...

Самит за спортска дипломатија меѓу земјите од Западен Балкан: „Спортска дипломатија: политики, практики и идни можности за стратешка употреба на спортот во унапредување на националните и дипломатските интереси“, ќе биде одржан денеска во Скопје во организација на Олимпискиот комитет на Македонија. Целта на оваа конференција е да се поддржи поширока стратешка дискусија за растечката улога на спортската дипломатија во унапредувањето на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. ...

Македонската православна црква и верниците денеска го слават празникот посветен на светиот цар Константин и неговата мајка, царицата Елена. Денеска, на првата годишнина од осветувањето на храмот посветен на овие светители во центарот на Скопје, во него ќе биде отслужена Света архијерејска литургија со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, во сослужение на повеќе архијереи на МПЦ. Пречекот на архиепископот и ...

Осум концерти во четири фестивалски вечери ќе понуди програмата на годинашниот 25. Оффест (OFFest), кој ќе се одржува од денеска до 6 јуни. Организаторот, Скопски џез фестивал, најави богата програма со учесници од 12 земји, со посебен акцент на континентот Африка. Директорот Оливер Белопета на прес-конференцијата во пресрет на фестивалот, соопшти дека се држеле до стандардната концепција и сите изведувачи доаѓаат со специјални проекти. Иако ...

Од денеска до 6 јуни во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Како што информираат од кинотеката, во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте ...

Во Собранието денеска седници ќе одржат три комисии и тоа Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисија за финансирање и буџет и Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија. Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе го разгледува Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за ...

Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со ИПА Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава. На настанот ќе бидат презентирани резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање; клучните наоди од одржаните тркалезни маси со институции, локална самоуправа, ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
3.05
81%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.57
63%
1019
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
70%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.37
78%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.17
53%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.32
92%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
54%
1017
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.53
69%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.42
73%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
70%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
1.79
48%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
3.9
89%
1019
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Бакар

13.02

Родиум

257205.97

Сребро

2263.61

Калај

54.89

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Паладиум

42889.10

Алуминиум

3.35

Злато

139701.84

Рутениум

48965.59

Платина

57581.99