Орхан Муртезани, поранешниот министер за европски прашања денеска пред Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија во Собранието ќе ја претстави платформата за дипломатските активности на вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната делегација на Македонија при НАТО во Брисел. Македонски амбасадор во НАТО претходно беше Дане Талески, кому му престана мандатот во јануари 2025 година. Членовите на Комисијата својата ...

Во Скопје вечерва ќе биде промовирана првата книга од Нина Ангеловска Станков – „Ништо случајно“. Книгата е во издание на Издавачки центар ТРИ, кои објавуваат дека публиката веќе дава позитивни коментари за напишаното. На промоцијата ќе зборува Нина Ангеловска Станков. Таа е коосновач на „Grouper.mk“, првата платформа за групни попусти и една од водечките компании за е-трговија во земјата, меѓународно признат бизнис-лидер, доктор на науки и ...

Во кампусот Педагошка вечерва и на 5 јуни во Сули ан, со почеток во 20 часот ќе се одржи 46. Завршна годишна изложба на студентите на Факултетот за ликовни уметности за академската 2025/2026 година. Како што информираат од ФЛУ, пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот за ликовни уметности, создадени во текот на академската 2025/2026 година. Изложбите претставуваат увид во актуелните ...

Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, „Томе Пуре“ и „Боца Иванова“ (Општина Бутел), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. Исто така, во ...

Традиционалната слика за европското семејство со повеќе деца брзо се менува. Најновите податоци на Евростат за 2025 година откриваат длабоки демографски промени во Европската Унија: бројот на домаќинства кои имаат деца се намалува, додека драматично расте бројот на луѓе кои живеат сами или како парови без потомство. Дополнително, за оние кои имаат деца, реалноста сè почесто значи дека само еден родител го носи целиот товар на нивното ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште Обвинителството презентираше докази за објектот, неговата сопственост и движење на имот – целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот каде се наоѓала дискотеката „Пулс“. Во судницата беа ...

Македонија не смее повеќе да води политика на потчинување и еднострани отстапки кон Бугарија, како што нудат СДСМ и Венко Филипче. Билатералните прашања мора да се решаваат врз основа на реципроцитет, меѓусебно почитување и исполнување на обврските од двете страни. Потребен е дијалог а Бугарија да ги исполни своите обврски, Македонија нема да прифаќа нови условувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче и СДСМ повторно ја ...

Со одлука на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија формиран е Совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Комората на чие чело на предлог на претседателот на Комората Бранко Азевски за Претседател е избран универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„-Скопје. За членови на Советот се избрани: проф. д-р Игор Неделковски, Ректор на Универзитетот „Св.Климент ...

Собраниската Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика оствари средба со претставници од Француската бизнис-конфедерација – МЕДЕФ, во чиј фокус биле транспортната инфраструктура (железници и патишта); енергетиката и обновливите извори на енергија; водата, животната средина и третманот со отпадот и отпадните води. Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на Комисијата Бојан Стојаноски, изрази особено ...

Реформата на јавната администрација е препознаена како еден од клучните успеси на државата, се наведува во денешното соопштение на Министерството за јавна администрација по однос на изјава на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта на синоќешната прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски. – Изјавата на претседателот на Европскиот совет, Кошта, со што се поздравува напредокот на Република Македонија во спроведувањето на ...

Јавното обвинителство на Македонија денеска го промовираше новото лого, односно новиот симбол на институцијата, кој беше усвоен од Колегиумот на републичкото обвинителство. Логотипот е конструиран врз прецизна геометриска структура со цел да се обезбеди визуелна рамнотежа, стабилност и препознатливост во сите формати и апликации. Колорниот систем е составен од темно сина и златна боја. Темно сината ја симболизира довербата, професионалноста и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која престојува во официјална посета на Република Словачка, денеска положи венец пред Споменикот на слободата, во меморијалната област Девин во Братислава. Споменикот е поставен под замокот Девин, на сливот на реките Дунав и Морава на 17 ноември 2005 година и е дело на словачкиот скулптор Петер Месарош. Според авторот, металната решетката ја симболизира надминатата пречка на патот кон слободата, ...

Лудилото на СДСМ нема крај, немаат чувство за реалност. Очигледно имате кратка меморија, па затоа да ве потсетиме дека пролетта 2025 година Преспанскиот регион беше погоден од мраз и родот на јаболка беше намален за 50%. За разлика од минатото јаболката денес не пливаат по Преспанското езеро, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Соберете храброст и признајте дека денес откупот се одвива непречено, нема фрлен род на буништа, што беше во ...

Проширувањето е наша заедничка цел, а иднината на Македонија цврсто припаѓа во Европската Унија, порача попладнево претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Христијан Мицкоски. – Вашата Влада покажа посветеност и сакам да ги пофалам континуираните напори што ги вложувате. Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда кон ...

Нашата позиција е јасна – остануваме цврсто определени кон европскиот пат, не бараме привилегии, не бараме олеснети правила, не бараме нешто што не им припаѓа на другите, бараме принципи и нормално кредибилен и предвидлив процес, бараме процес во кој реформите, трудот, заслугите, и исполнетите обврски ќе бидат вистински вреднувани, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Антонио ...

Кадарот на ВРЕДИ, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заедно со директорот на Албанскиот ансамбл на песни и ора, Јетмир Реџепи, го финализираа еден од најзначајните процеси за консолидација на Албанскиот ансамбл на песни и ора, една од најважните и најрепрезентативните институции на албанската култура во земјата, се наведува во партиското соопштение. Со потпишувањето на последните пет решенија за вработување, заврши третата и ...

Управата за финансиска полиција, во координација со Основното јавно обвинителство, денеска спроведе акција во која се обезбедени четири лица осомничени за наводни злоупотреби поврзани со тендерска постапка која произлегува од Управата за царинско работење. Според првичните информации, меѓу приведените е и поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, поранешен потпретседател на СДСМ и екс градоначалник на Општина Карпош. Меѓу ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер, на која се разговараше за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на државата, се посочува во соопштението од Општината. За време на средбата, Меџити изрази благодарност за континуираната поддршка што Швајцарската Конфедерација ѝ ја дава на Македонија во области од особено значење за ...

Актуелната Влада успешно ги враќа старите и наследени долгови од минатата власт. Министерството за финансии соопшти дека во целост ја реализирало исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година, во вкупен износ од 700 милиони евра. Со исплатата на 327,9 милиони евра целосно е заокружен процесот на отплата на оваа обврзница. Претходно, во февруари годинава, Министерството изврши и предвремена отплата на првиот дел во износ од 383,7 ...

Од Катманду и Манила до Охрид – туристичката сезона и ова лето ќе ја спасуваат работници од азиските земји. Охридските ресторани, кафулиња и хотели сѐ потешко наоѓаат домашни угостители бидејќи заминуваат на сезонска работа, најмногу во Хрватска. Тоа ги принудува спасот да го бараат илјадници километри далеку – во Непал, Филипини и други азиски земји. Дваесет и тригодишната Сусмета Гири од Катманду пред две години го напуштила Непал и дошла ...

Ако запалите цигара во автомобил додека возите дете до 12 години, или пак пушите на 20 метри пред влез на училиште, градинка или болница, ќе платите казна. Истото ви следи ако запалите електронска цигара мислејќи дека ова важи само за тутунот. Овие мерки се дел од конечната верзија на новиот Закон за заштита од пушење, кој денес треба да помине во Владата. Според надлежните, со овој закон треба да се намали бројот на активни пушачи во ...

Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга, и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од гостиварското село Чајле, се кандидатите кои собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ги предложи за нов член на Судскиот совет што го избира Собранието. Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски, информираше дека на конкурсот биле пријавени 10 кандидати, од кои при проверката ...

Во овие неизвесни времиња, проширувањето на Унијата е геополитичка неопходност – претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денеска престојуваше во Тирана, по средбата со премиерот Еди Рама, изјави дека Европската Унија е најдоверлив партнер на Западен Балкан. „ЕУ е најдоверливиот партнер на Западен Балкан и на Албанија. Во овие времиња на нестабилност, проширувањето е геостратешка неопходност за Европа. Многу наскоро ќе бидеме на ...

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, попладнево пристигна во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Кошта на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. – Добредојде за претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Скопје. Попладнево, во рамки на неговата регионална посета, го пречекавме претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Посетата ...

Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, соопшти Министерството за здравство. – Ова е важен чекор за јавното здравје и за создавање поздрав, побезбеден и поодговорен јавен простор. Законот е резултат на широк институционален процес, разговори со засегнатите страни, консултации со тутунската индустрија, угостителскиот сектор, надлежните институции, инспекциските органи, ...

Во Министерството за правда денеска се одржа шестата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство. Седницата, како што се наведува во соопштението од министерството, помина во позитивна атмосфера, што покажа подготвеност за изнаоѓање компромисни решенија. На седницата беше усвоен записникот од претходната седница, по што членовите на Работната група пристапија кон разгледување на доставените мислења, предлози и забелешки ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава оствари тет-а-тет средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, на која е потврдена заедничката определба за интензивирање на парламентарната соработка меѓу двете земји. Во парламентарната дипломатија препознаваат суштински механизам за размена на искуства, градење доверба и зајакнување на демократските институции. Укажувајќи на нејзиното ...

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево пред Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, денеска престојува во Скопје. Кошта пристигна во Скопје од Тирана, а на скопскиот аеродром беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Мицкоски и Кошта во Владата ќе имаат тет-атет средба по што ќе следува состанок помеѓу владината ...

Мрежен кабел за интернет долг 15 километри – купен 15.000 евра, а никаде го нема, набавени компјутери, лаптопи, ајфони за кои постои само барање без реверс каде завршиле, склучен договор од 1.600.000 денари за мобилни телекомуникациски услуги или двојно повеќе од предвидените 800.000 денари, како и договор од 1,1 милион денари за фиксна телефонија, иако биле предвидени 550.000 денари, се само некои од недоследностите во работењето на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на официјалната посета на Република Словaчка, денеска во Братислава оствари средба со потпретседателот на словачката Влада и министер за одбрана, Роберт Калињак. Словачкиот вицепремиер ја реафирмираше силната словачка поддршка на македонскиот евроинтеграциски пат. Според него, ние сме неоправдано предолго во чекалната на ЕУ. Процесот на проширување, смета тој, треба да е заснован ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
3.05
81%
1020
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.57
63%
1019
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.07
70%
1018
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.37
78%
1020
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.17
53%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.32
92%
1018
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
0.89
54%
1017
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.53
69%
1018
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.42
73%
1018
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
0.89
70%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
1.79
48%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 20ᴼ
3.9
89%
1019
Currency

61.6417

Currency

53.0919

Currency

71.324

Currency

37.5436

Currency

38.01

Currency

66.9133

Currency

7.86505

Currency

0.73363

Currency

0.3316

Currency

0.52522

Currency

1.14871

Currency

0.56123

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.35

Кобалт

45.39

Злато

139701.84

Паладиум

42889.10

Калај

54.89

Родиум

257205.97

Бакар

13.02

Иридиум

253540.09

Платина

57581.99

Сребро

2263.61

Цинк

0.00