Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, смета дека израелскиот напад врз цели на Хамас во Катар бил „несреќен“ и му наложил на својот најблизок соработник, Стив Виткоф, да го предупреди Катар дека нападот се очекува, соопшти денес Белата куќа. Трамп разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и емирот на Катар по нападот, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за новинарите, пренесува Ројтерс. Тој го ...

Пред околу 10 дена, ајкула нападнала рибарски улов и брод во близина на островот Жирје во Хрватска, а сега се случила слична ситуација на истото место, објавува порталот „Шибеник“. Експертите го објасниле првиот напад како желба на ајкулата да улови плен, според нив, целта не биле луѓето. Овој пат, според гореспоменатиот портал, природата на нападот е поинаква. Средбата со морскиот предатор се случила во близина на заливот Крушевица, на ...

Не постои доволно силен одговор од глобалните актери на убиствата на украински цивили, изјави вечерва претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по повод убиството на жители на селото Јарова во Доњецката област, кои стоеле во ред за пензии. „Ова е само еден од многуте удари кои Русите секојдневно им ги нанесуваат на Украинците – на нашиот народ, на нашата држава. Русите продолжуваат да убиваат и страшно е што нема доволно силна реакција од ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во рамки на еднодневната работна посета оствари повеќе средби со високи француски политички претставници, на кои во фокусот на разговорите беа реформската агенда и предлог Резолуцијата на СДСМ, како гаранција за заштита на националните интереси и решение за деблокирање на преговите со ЕУ. Претседателот Филипче одржа работна средба со пратеничката и потпретседателка на ...

Десет противпожарни возила интервенираат во гаснењето на пожарот што попладнево избувна на депонијата „Дрисла“. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, изјави дека е побарана помош и од ЈП „Комунална хигиена“, од каде што се испратени две цистерни за дотур на вода. Тие се на локацијата и ги дополнуваат противпожарните возила. „Се надевам дека во најскоро време пожарот ќе биде целосно изгаснат“, ...

Принцот Хари денеска соопшти дека донира 1,1 милион фунти (околу 1,27 милиони евра) на хуманитарната организација BBC „Children in Need“, што претставува една од најголемите поединечни донации од член на британското кралско семејство. Соопштението беше дадено за време на посетата на војводата од Сасекс на Нотингем, град во централна Англија, што е негова прва посета на Британија во последните пет месеци и една од најистакнатите посети откако во ...

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 37-годишниот И.А. од Прилеп, осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При полициска контрола извршена на 3 септември 2025 година на магистралниот пат Битола–Прилеп, во возило „Фолксваген Голф“ управувано од пријавениот биле пронајдени и одземени 32,5 килограми марихуана. Според сознанијата, марихуаната ...

Попладнево изби голем пожар на депонијата „Дрисла“. Информацијата ја потврди директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови“, вели Ангелов. Ангелов вели за состојбата на терен дополнителни детали ќе соопшти командантот на Бригадата за ...

Непал во вторник потона во подлабоки политички превирања откако премиерот КП Шарма Оли поднесе оставка поради масовните протести што ја потресоа хималајската нација. Иако имаше информации дека и претседателот на Непал поднесе оставка, тоа беше демантирано од непалската армија, објавува „Индија тудеј“. Оставката доаѓа во време кога демонстрантите, во голема мера поттикнати од гневот на Генерацијата З поради забраните на социјалните медиуми и ...

Сменетиот француски премиер Франсоа Бајру денес официјално му ја поднесе својата оставка на францускиот претседател Емануел Макрон во Елисејската палата. Нешто пред 15:00 часот, тој беше виден како ја напушта Палатата и се враќа во седиштето на француските премиери, палатата Матињон, каде што ќе ги извршува своите должности до изборот на нов премиер, пишува BFM TV. Според порталот, сите вработени во Матињон добиле покана за прошталната забава, ...

Етиопија официјално ја лансираше најголемата хидроелектрана во Африка, проект што ќе обезбеди енергија за милиони Етиопјани, но исто така ќе ги продлабочи тензиите со Египет низводно, загрижувајќи го целиот регион. Етиопија, втората најнаселена земја во Африка со повеќе од 120 милиони луѓе, ја гледа браната од 5 милијарди долари на притока на реката Нил како централен дел од своите економски амбиции. Браната се нарекува Голема етиопска ...

Се очекува iPhone Air да биде најлесниот водечки модел што Apple некогаш го направил. На својот годишен „восхитувачки“ настан, Apple треба да го претстави својот најтенкиот iPhone досега, линијата iPhone 17, која ги вклучува стандардните модели Pro, Pro Max и нов член на семејството – iPhone Air. iPhone 17 – најтенкиот досега Се очекува iPhone Air да биде најлесниот водечки модел што Apple некогаш го направил, инспириран од тенкиот дизајн на ...

Трендовите за патување сѐ повеќе се менуваат. Според последниот извештај на Европската комисија за патување (ЕТС), дури 77% од жителите на Европската унија планираат да патуваат во периодот од јуни до ноември. Истражувањето покажува дека септември е омилен месец за патување. Дури 22% од испитаниците изјавиле дека го планираат својот годишен одмор токму во овој период од годината. Според истражувањето, топ дестинации се медитеранските летувалишта ...

Тројца од пожарникарите повредени при гаснењето на пожарот во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се пуштени на домашно лекување, додека четвртиот, припадник на ТППЕ од Штип, е испратен на дополнителни испитувања во Клиничката болница во Штип. Сите пожарникари имале изгореници од прв степен на долните екстремитети, стекнати при гаснењето на стопена течна маса од шеќер. Од тројцата пуштени на домашно лекување, еден е од Свети Николе, а двајца од ...

Денеска (09.09.2025) во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Козаров“ во Скопје било опожарено патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Г.(43) од Скопје, а од пожарот биле зафатени уште две патнички возила „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.К.(30) од Скопје и „форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(47) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна ...

Македонија мора да продолжи по европскиот пат, активно, со резултати и визија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во рамки на работната посета на Париз, Франција. Филипче посочи дека целта на посетата е да ги промовира и брани националниот интерес и позициите на Маједонија. При тоа нагласи дека СДСМ веќе работи на проактивен пристап, а тоа значи конкретни решенија и иницијативи за деблокирање на ...

Медиумите објавија дека околу 50 туристи од Македонија, меѓу нив бебиња и постари лица, биле заглавени повеќе од 14 часа на автопат во Грција, враќајќи се од Истанбул. Според патниците, автобусот се расипал уште во Турција, а на сервис чекале околу 5 часа без помош. Некои сведоци во изјави за медиумите тврдат дека автобусот бил небезбеден, а сопственикот Армин Ганиќ наводно ги натерал луѓето да продолжат патувањето. 4NEWS.MK контактираше со ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 % во однос на одлуката од 1.09.2025 година. Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР ...

СОЗР ја започна официјалната примена на новите, специјални службени регистарски таблици, со што се става крај на можноста за нивна злоупотреба за приватни и партиски цели. Промоцијата на новите таблици се одржа на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на на настанот присуствуваа Ивица Томовски, Директор на Службата за општи и заеднички работи и Александар Јанев, Директор на Бирото за јавна безбедност. Директорот на СОЗР, Томовски ...

Руски воздушен напад со бомби усмрти најмалку 21 цивил и повреди уште многу други во руралното украинско село Јарова, во источниот регион Донецк, соопштија украинските власти во вторник. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го опиша воздушниот напад како „директен удар врз луѓето. Обични цивили“, додавајќи дека „таквите руски напади не смеат да останат без соодветен одговор од светот“. Во видео од местото на нападот, објавено од ...

Македонските граѓани кои патуваат во Европската Унија ќе се соочат со нови правила за влез од 12 октомври годинава, кога се очекува да стартува новиот Систем за влез/излез (EES). Од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) најавуваат дека ќе ги информираат граѓаните навремено за да се избегнат застои, но предупредуваат дека најголем предизвик ќе бидат патните премини кон нашите соседи, членки на ЕУ. Директорот на БЈБ, Александар Јанев, денеска изјави ...

Фестивалот „Егзит“ објави дека нема да се пресели во Скопје или Египет, а во моментов не постои можност за негово одржување во Србија поради ускратеното државно финансирање. „Во овој момент не постои можност за одржување на Егзит во Србија следната година, зашто поради нашата поддршка на студентските протести ускратено ни е целокупното државно кофинансирање на локално, покраинско и републичко ниво. Од истите причини, Егзит остана и без ...

Омер Буњаку, поранешен советник на првиот вицепремиер Артан Груби и член на надзорниот одбор на Државната видео лотарија, од денеска и официјално ја започнува својата кариера во фудбалот како нов спортски директор на албанскиот прволигаш ФК Тирана. Овој изненадувачки трансфер од политиката во спортот го позиционира Буњаку на клучно раководно место во еден од најуспешните фудбалски клубови во Албанија. Буњаку е познат на македонската јавност по ...

ВО ЗАЕДНИЧКА операција на Австриската криминалистичка разузнавачка служба, Шпанската и Колумбиската национална полиција, беше разбиена организирана криминална група осомничена за трговија со десетици жени од Колумбија и Венецуела во Австрија. Операцијата беше координирана од Европол и Интерпол, а се верува дека криминалната мрежа сексуално ги експлоатирала своите жртви во неколку австриски региони, пишува Европол. Истрагата, која започна во ...

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година вечерва ќе се соочи со Италија на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола. Од Фудбалската федерација на Македонија апелираат навивачите да пристигнат навреме и заеднички да ја поддржат младата селекција. Вратите на стадионот ќе бидат отворени во 16:15 часот, а организаторите препорачуваат навивачите да дојдат порано за да се избегнат гужви и сите навремено да ги заземат своите места. При ...

Археолозите во Албанија открија голема римска погребна комора што датира од 3-ти до 4-ти век од н.е., прва од ваков вид пронајдена во балканската земја што некогаш била дел од Римското Царство, пишува денес британската новинска агенција Ројтерс. Предупредени од локалното население кое забележало некои необични камења на плато во близина на границата со Северна Македонија, вработените во Институтот за археологија започнале со ископувања на ...

Сите институции во државата имаат рок до 15 септември да ги брендираат своите службени возила, информира директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Ивица Томовски. Тој појасни дека ова е втор повик до институциите, а доколку не биде исполнет, ќе следува и трет повик со рок до 29 септември, односно почетокот на кампањата за локалните избори. „Ако некој се обиде да избегне брендирање, кога ќе му дојде време за ...

По целосно спроведена истражна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Штип поднесе обвинение против едно лице за пет кривични дела – Малтретирање во вршење на службата од член 143, како и кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, во периодот од септември 2023 година до 24.10.2024 година, како службено лице – Виш јавен обвинител на Вишото јавно ...

На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната ...

Убиството на 23-годишната Украинка Ирина Заруцка во воз во Северна Каролина предизвика жестока дебата во Соединетите Американски Држави. Осомничениот, 34-годишниот Декарлос Браун помладиот, е обвинет за убиство од прв степен. Видео објавено од Транзитниот систем на областа Шарлот во петокот ја прикажува како седи во возот кога Браун помладиот ја прободува во грб. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, привлекувајќи го вниманието на ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
3.6
82%
1017
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
85%
1017
weather icon

Софија

12ᴼ / 8ᴼ
2.57
62%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.42
94%
1019
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
84%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
82%
1016
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
88%
1013
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
6.26
92%
1020
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.34
73%
1018
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
94%
1017
Currency

61.52

Currency

53.1929

Currency

69.8275

Currency

34.4741

Currency

37.873

Currency

66.1342

Currency

7.47357

Currency

0.65725

Currency

0.34732

Currency

0.52484

Currency

0.60216

Currency

1.26054