По случајот со министерот за правда Игор Филков, сега и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се најде под лупа поради неговата магистерска работа. Темата „Криминолошки и компаративни аспекти за унапредување на безбедноста во јавниот сообраќај“ директно се совпаѓа со неговата актуелна функција, што отвора сомнежи за судир на интереси и нарушување на академската независност, пренесе Цивил. На истата седница на Научно-наставниот совет ...

Чарли Кирк, влијателен десничарски активист близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на Turning Point USA (TPUSA), беше ранет за време на настан на Универзитетот Јута Вали. Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога е застрелан во вратот додека зборува под шатор на кампусот. Во исто време, студентите бегаат во паника од звукот на огнено оружје. Кирк настапувал таму како дел од турнејата ...

Националната електроенергетска мрежа на Куба се распадна по четврти пат за помалку од една година денес, предизвикувајќи прекин на електричната енергија низ целата комунистичка земја, соопштија властите. „Имаше целосен прекин на електроенергетскиот систем“, соопштија Министерството за енергетика и националниот синдикат за електрична енергија. Операторот на мрежата изјави дека прекинот се случил во 9:14 часот наутро. Министерството соопшти дека ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и двајца онколози, обвинети за несовесно лекување на пациенти. На клупата за сведоци застана Јулија Мациевска, мајката на починатата Адријана Начевска, која пред судот раскажа низ што поминала нејзината ќерка за време на лекувањето. Таа изјави дека уште од почетокот на имунотерапиите состојбата на ...

Македонија ја очекува нестабилен период со променливо облачно време и интензивни врнежи. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од запад и северозапад, од утре (четврток, 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе има повремени поројни дождови, грмежи и засилен ветер. Според метеоролозите, локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за ...

Пратениците од собраниската комисија за надзор во безбедносните служби денеска беа во посета на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Како што јавува Телма, тие влегле преку предната порта на МВР, но си заминале низ службената капија од задната страна, без телефони и без одговори за медиумите. Опозициската пратеничка Славјанка Петровска рече дека подготвила над 30 прашања, меѓу кои и околу полиграфските тестирања и смената на шефот на ...

Под слоганот „Не во наше име“, граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“ вчера одржа протест пред Министерството за надворешни работи, барајќи од Владата да ја промени својата надворешна политика и да престане да гласа против правото на самоопределување на палестинскиот народ во Обединетите нации. Говорниците на протестот оценија дека надворешната политика на државата е противречна, потсетувајќи дека и самата Македонија во минатото добила ...

Аднан Азизи, шефот на изборниот штаб на коалицијата ВЛЕН, денеска излезе со исклучително сериозни и шокантни обвинувања на сметка на нивниот политички опонент, Демократската унија за интеграција (ДУИ). Во изјава која се појави во јавноста, Азизи директно ја обвини ДУИ за организирање насилство и за планирање напад врз верски објект. „ДУИ платил луѓе однадвор за да ги претепаат албанските млади, имале план да ја запалат и џамијата на Шар ...

НАСА објави возбудливо откритие во среда: Интригантните „леопардови дамки“ на карпа земена од роверот Персеверанс на Марс минатата година би можеле да бидат потенцијален показател за древен живот. Научниците веруваат дека необичните формации, пронајдени на карпа наречена „Чејава Фолс“ во кратерот Језеро, можеби се создадени од биолошки процеси. Тимот ги објави своите наоди во рецензиран труд во списанието Nature, но нагласуваат дека се потребни ...

Групите „Патриотс“ и „Левица“ во Европскиот парламент вечерва на полноќ ќе поднесат два одделни предлози за повторно гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, што би значело дека гласањето за опстанокот на Комисијата би можело да се одржи уште во октомври. Потезите на крајната десница и крајната левица, само неколку часа откако фон дер Лајен го одржа својот говор за состојбата на Унијата пред ...

Скопјани и вечерва се соочуваат со загадување и густ чад кој се шири низ градот. Од различни делови на главниот град пристигнуваат поплаки од граѓаните дека воздухот е неподнослив. Жителите на Ново Лисиче велат дека „целото маало мириса на пластика и чад“, а слична состојба има и во Драчево, Аеродром, Кисела Вода и Центар, каде граѓаните сведочат дека речиси и не може да се излегува надвор. Се поставува прашањето дали проблемот е поврзан со ...

Непријатна миризба вечерва се шири низ повеќе скопски населби, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, потврди дека причината е промената на правецот на ветерот, кој сега дува директно од депонијата Дрисла кон градот. Во својата објава, Ангелов информираше дека активностите за затрупување на депонијата со земја се во тек и ќе продолжат во текот на целата ноќ, со цел ...

Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господа Исуса, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но, бивајќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законита жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, кој сè уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети ...

Американска државјанка е осомничена дека го регистрирала своето куче како гласач во обид да ги истакне недостатоците на изборниот систем. Лаура Јурекс, 62-годишна Американка, се предала на властите во округот Оринџ, јужно од Лос Анџелес, минатата година. По истрагата, локалните обвинители поднесоа обвиненија. За време на краткото првично појавување на суд вчера, Џејми Култер, адвокатот на Јурекс, тврдеше дека нејзиниот клиент се обидел да ги ...

Илон Маск ја изгуби титулата „најбогат човек во светот“ од коосновачот на Оракл, Лари Елисон. Богатството на Елисон скокна за 101 милијарда долари на 393 милијарди долари по неверојатно силниот извештај за заработка на Оракл во вторник вечерта, надминувајќи ја нето вредноста на Маск од 385 милијарди долари, според Блумберг. Оракл (ORCL) објави зголемена побарувачка за капацитетот на својот центар за податоци од клиенти на вештачка интелигенција, ...

И попладнево над депонијата Дрисла се издига густ чад којшто се гледа од повеќе делови на Скопје. Граѓаните алармираат дека се гушат во загадениот воздух, кој дополнително се влошува од пожарите во Дрисла и Вардариште. Мерните станици покажуваат зголемени концентрации на ПМ10 честички, а според Дирекцијата за заштита и спасување, пожарот во Дрисла се гаси со метод на затрупување, откако гасењето со вода не дало резултати. Директорот Стојанче ...

Ноќеска околу 2:30 часот во делчевското село Разловци избувна голем пожар кој зафати семејна куќа и неколку помошни објекти, сопственост на Николчо Гоцевски. За среќа, во пожарот нема повредени лица, но е предизвикана значителна материјална штета. Жителите на Разловци сведочат дека беспомошно гледале како пламените јазици ја голтаат куќата и објектите. „Гледавме како гори, без помош, без вода, без ништо. Да гледаш со скрстени раце, да сакаш да ...

Американскиот претседател Доналд Трамп не смета дека Русија треба економски да се изолира од остатокот на светот, освен во контекст на војната против Украина, изјави потпретседателот Џеј Ди Венс во интервју објавено од One America News Network, пренесува Kyiv Independent. Оваа изјава доаѓа во време кога администрацијата на Трамп, и покрај повторените закани, воведе само ограничени санкции кон Русија, а во некои случаи и ги ублажи постојните ...

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер, денеска го посети Кочани за да изрази солидарност и поддршка за градот и граѓаните по големиот пожар што се случи во фабриката „Макпрогрес“. Таа оствари средби со повеќе претставници од локалната заедница кои имале клучна улога во справувањето со последиците од несреќата. „Духот на Кочани блеска низ неговите луѓе“, напиша амбасадорката во објава на социјалните мрежи по посетата. За време на ...

Спортот е еден од главните приоритети на Владата и Министерството за финансии и затоа поддршката на спортот е во фокусот на работењето на оваа Влада. „Вложувањето во спортот создава здрава нација, а спортот е единствен начин за постигнување на тоа. Ако сакаме да имаме економија треба да имаме здрава нација, дисциплинирана, посветена и победнички насочена“, рече министерката којашто денеска учествуваше на Регионалниот спортски самит, Скопје 2025 ...

Поради бизарна причина – недостиг на записничар – денеска во Основниот суд во Тетово повторно беше одложено рочиштето за случајот во кој околу 50 поранешни вработени од печатницата „Напредок“ си ги бараат своите 10 неисплатени плати. Ова предизвика револт и разочарување кај работниците, чија голгота трае веќе втора година. Откако со месеци го чекале денешното рочиште, поранешните вработени беа соочени со уште едно одложување поради, како што им ...

„Тоа е месечната ставка, вклучително и годишната ставка ако се гледа споредено со јули имаме намалување од 4,9 на 4,4 проценти. Очекувам тој тренд полека да продолжи и да дојдеме до оние стабилни проценти би рекол, 2, 2,5 проценти. Тоа е она кое што го очекуваме во периодот кој што следи“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став во однос на информацијата ...

Портпаролката на Владата, Марија Митева, денеска се обрати до јавноста и даде објаснување околу состојбата со споменикот „Македониум“, кој е симбол на македонската историја, државност и културен идентитет. Митева истакна дека реконструкцијата на „Македониумот“ започнала пред повеќе години и требало да заврши во 2017 година, но со симнувањето на скелето од страна на претходната власт, процесот бил насилно прекинат и оставен без соодветна заштита. ...

-Вардариште не може да биде парк, ниту простор за прошетки. Тоа е депонија што повеќе од половина век труе и загадува, порача кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ. Тој потсетува дека уште во 1970 година започнало истоварање отпад на просторот ископан по земјотресот во 1963 година, а во 1980 Вардариште е оформена како официјална депонија со ограда и цевки за метан. Во 2017 властите формално ја прогласија за затворена, но и денес ...

Пожарот што избувна на 09.09.2025 година во 15:15 часот на депонијата Дрисла во Скопје сè уште гори. Во централниот дел на депонијата се запалени поголеми количини отпад, при што се испушта густ чад што се чувствува и во пошироката околина, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Во гаснењето на пожарот интервенираат 7 пожарникари со 2 противпожарни возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Според моменталната ...

Извонредниот успех на младиот информатичар Владимир Грчев, кој освои златен медал на Европската олимпијада по информатика за млади (EJOI), денеска доби и официјална државна пофалба. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари средба со талентираниот ученик, ветувајќи континуирана поддршка за развојот на ИТ талентите во земјава. Владимир Грчев, ученик во прва година во скопското приватно средно училиште „Јахја Кемал“, по ...

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Б.Ј. вработен како самостоен инспектор во Отсек за прикриени човечки извори на информации во ОКРА при СВР Битола а поради основи на сомнение за сторно кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 став 1 од КЗ на РСМ. Пријавениот, според документираните сознанија, во два наврати на 09.01.2025 и на ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15л/м2) и засилен ветер (над 60км/ч). Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во сабота ќе има изолирана појава на нестабилност. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со локален дожд ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Горан Ангеловски денес присуствуваа на предавање на опрема од РСБСП на МВР. Опремата се состои од 23 мотоцикли „Piggio“ со 310 cm3 моќност, во полициска изведба и 23 комплети возачка опрема која се состои од одела, кациги, ракавици и чизми. „Со денешниот настан ја истакнуваме нашата досегашна успешна соработка со ...

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја е поблиску до вооружен конфликт отколку во кое било време од Втората светска војна, објави Скај њуз. Туск рече дека Варшава побарала активирање на Член 4 од НАТО и нагласи дека на Полска ѝ се потребни поконкретни мерки отколку само изрази на солидарност. Член 4 ѝ дозволува на секоја членка на Алијансата да го постави прашањето на дискусија во рамките на блокот, но не подразбира воен ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
94%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
81%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
85%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
87%
1017
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.62
93%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 6ᴼ
2.24
79%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
74%
1015
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
5.66
90%
1019
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
5.14
82%
1016
Currency

61.5137

Currency

53.3948

Currency

69.8011

Currency

34.5859

Currency

37.8411

Currency

66.1753

Currency

7.49216

Currency

0.65521

Currency

0.34892

Currency

0.52589

Currency

0.60216

Currency

1.26793