Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Секторот за внатрешни работи – Велес информира дека синоќа во Кавадарци е нарушен јавниот ред и мир поради физичка пресметка меѓу мајка и ќерка. Инцидентот се случил околу 21 часот пред еден угостителски објект во градот. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци ја привеле 38-годишната Ј.Ч., која заедно со нејзината 65-годишна мајка О.А. се впуштила во меѓусебна пресметка. Од СВР – Велес соопштија дека при интервенцијата, ќерката агресивно се ...
Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија 2“, во кој на обвинителна клупа седат поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и поранешниот економски директор Нехад Нухи. Двајцата обвинети пред Судот изјавија дека не се чувствуваат виновни и дека обвинението за несовесно работење и финансиски криминал е „неосновано и политички монтирано“. Ставот на Никола Васев ...
Александар Трајановски објави дека официјално ја прифаќа кандидатурата за градоначалник на Скопје, поддржан од коалицијата ГРОМ, ЛДП, Интегра и ПЦЕР. „Со голема чест и чувство на одговорност ја прифаќам кандидатурата,“ порача Трајановски, нагласувајќи дека неговото долгогодишно искуство во Советот на Град Скопје го подготвило за оваа улога. Тој потсети дека во изминатите осум години иницирал бројни проекти и предлози, учествувал на обуки и ...
Собранието на Македонија на денешната пленарна седница ја усвои Декларацијата за одржување фер, слободни и демократски избори за членови на советите на општините и за градоначалници на општините и на Градот Скопје. Оваа декларација е прва од ваков вид што се усвојува во Собранието. Со овој историски чин, Собранието ја реафирмира својота непартиска сплотеност и посветеноста за гарантирање на демократските и европските стандарди во изборниот ...
Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂, NO₂, CO и O₃. Надминување на среднодневната гранична вредност за РМ₁₀ (50 μg/m³) е забележано: – на мерното место Лисиче на 10.09.2025 со концентрација од 55.93 μg/m³, особено во вечерните и ноќните часови (19:00–02:00); – на мерното ...
Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута, беше уапсен 33 часа откако Чарли Кирк беше застрелан на Универзитетот во Јута Вали. Властите потврдија дека член на семејството му кажал на семеен пријател дека Робинсон имплицирал дека го извршил злосторството, ...
Гувернерот на американската држава Јута, Спенсер Кокс, објави детали за бизарно откритие кое вклучувало пушка и куршуми со врежани пораки. Кокс рече дека на една испуштена чаура пишувало: „Известувања. Испакнатини. OWO. Што е ова?“ Тој додаде дека натписи се пронајдени и на неиспукани куршуми, а тие ги вклучуваат следните пораки: „Еј фашисту! Фати!“ „О бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао“ „Ако го читаш ова, ти си геј. ЛМАО.“ Читај и ова: ...
Денеска (12.09.2025), со судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претреси во домовите на Д.Х.(47) и Д.Г.(51), двајцата од Куманово, како и во просториите на правното лице на Д.Г., во врска со член 149 и член 152 од Кривичниот законик. Имено, постапувајќи по објавени видео записи на социјални мрежи, а снимени со дрон на почетокот на август, каде неовластено се снимени зградата на СВР Куманово, службени возила, како и ...
Маж осомничен за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, а клучна улога во неговото предавање одиграл неговиот татко, објави CNN, повикувајќи се на извори блиски до истрагата. Според информациите, 22-годишниот Тајлер Робинсон од Јута му признал на својот татко дека тој е одговорен за пукањето. Таткото веднаш ги известил властите, го спречил синот да избега и соработувал со полицијата сè додека не бил извршен официјалниот ...
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк е идентификуван како Тајлер Робинсон, според NBC News, повикувајќи се на пет високи службеници за спроведување на законот запознаени со случајот. Службениците велат дека Робинсон е роден во 2003 година и потекнува од Јута. Робинсон е приведен под сомнение за убиство на студент на митинг на Универзитетот Јута Вали во среда, изјавија полициски извори за Дејли Меил. Осомничениот наводно го признал ...
Зелената партија ДОМ го осудува срамното однесување на премиерот Христијан Мицкоски и неговите коалициски партнери кои во работните часови (08:00–16:00) ja формализираа нивната коалиција „Твоја Македонија“. „ДОМ реагира гласно и јасно: додека граѓаните дишат канцерогени честички од пожарите во „Дрисла“ и „Вардариште“, власта ги тера своите министри да потпишуваат предизборни договори наместо планови за чист воздух и живот без отров. Ова е дрско ...
Левица со гордост го претставува новиот бран кандидати за градоначалници на локалните избори 2025 година. Станува збор за вистинските луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа. Кандидатите на Левица се: Гевгелија – Тони Аврамов, професор по македонски јазик Куманово – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности Македонски Брод – ...
Соединетите Американски Држави го суспендираа на неопределено време планираниот Стратешки дијалог со Косово поради загриженост за постапките на техничката влада кои ги зголемија тензиите и нестабилноста, ограничувајќи ја способноста на САД продуктивно да соработуваат со Косово на заедничките приоритети. Остануваме посветени на унапредување на заедничките интереси што ги споделуваат САД и народот на Косово. Нашиот однос со Косово се темели на ...
Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија. Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а 1.579 од домаќинства во кои единствен приход е пензија. ...
Трите предвремено родени бебиња – Мелис, Мира и Малахат, по околу два и пол месеци од нивното раѓање се во добра општа состојба, активни се и нивниот раст и развој одговара на нивната возраст. Тие добро напредуваат и растат, а радоста на нивните родители е најголема потврда за успешната грижа што ја добиваат во Клиника Жан Митрев. На 4 јуни 2025 година, во Клиника Жан Митрев беа донесени на свет овие три бебиња во 31-та гестациска недела, од ...
После 13 години градилиште и лимени тараби, кои со години го нарушуваа изгледот на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, црквата „Св. Константин и Елена“ конечно е целосно завршена. Храмот е подготвен за свечено отворање. Како што пренесува ТВ21, осветувањето на храмот ќе се одржи на 28 септември. Светата литургија ќе започне во 8:30 часот, а чинот на осветување ќе го изврши поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во сослужение со архиереите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп моментално е гостин во шоуто „Фокс и пријатели“ на Фокс њуз. Претседателот беше прашан дали има некакви вести за осомничениот за убиството на Чарли Кирк. Трамп одговори: „Мислам дека го имаме во притвор со висок степен на сигурност. Работите можат да се променат, но фактите се факти – го имаме тој кого го бараме“, рече Трамп. Осомничениот за убиството на Чарли Кирк има 28 или 29 години, рече Трамп. Тој не ...
Здружението на јавните обвинители најостро реагира на недоличните и неаргументирани изјави на одредени политичари со кои директно се загрозува интегритетот и самостојноста на Јавното обвинителство и на правосудните институции воопшто. Апелираме особено политичарите во предизборната реторика да се воздржат од неосновани напади со кои ја поткопуваат довербата во правосудните институции и го нарушуваат угледот на јавните обвинители. Јавното ...
Светот го шокираше веста за убиството на контроверзниот десничарски инфлуенсер Чарли Кирк. Кирк (31) е убиен со огнено оружје за време на гостување во Јута, а по сторителот, кој сè уште не е идентификуван, во тек е опсежна полициска потрага. Покрај неговата активност на социјалните мрежи и во организацијата Turning Point USA, која ја основал на 18-годишна возраст со цел ширење на конзервативни вредности, Кирк беше сопруг и татко. Зад себе ја ...
Оваа година винарската визба „Тиквеш“ одбележува 140 години организирано производство на вино и жестоки пијалаци – јубилеј кој го потврдува континуитетот на македонската винска традиција, но и модерната визија и лидерство на компанијата. Денес ВВ „Тиквеш“ е препознаен како регионален лидер и глобално афирмиран бренд, благодарение на стратешката трансформација и инвестициите насочени кон целосна модернизација, дигитализација и создавање вина со ...
Администрацијата на Соединетите Американски Држави може да го охрабри Киев да го прекине конфликтот и да се врати на одредбите од декларацијата за суверенитет, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Убедена сум дека сегашната американска администрација има секоја можност да го охрабри таканареченото украинско раководство да го прекине конфликтот, да ги елиминира корените на неговото потекло и ...
Унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ најави затворање на својата база во Виена, Австрија. Процесот на повлекување ќе се одвива постепено, од октомври 2025 до март 2026 година. Оваа одлука го става под неизвесност и идниот развој на линијата Охрид-Виена, за која моментално се достапни билети до последниот лет закажан на 14 март 2026 година. Според специјализирани веб сајтови за цивилна авијација, одлуката е резултат на стратешка анализа ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната јавна презентација во Чаир, пред граѓаните и медиумите, го промовираше новиот концепт за развој на предучилишниот систем во општината, нагласувајќи дека капацитетите за згрижување ќе се зголемат тројно во наредниот мандат, преку конкретни инвестиции во модерна и инклузивна инфраструктура за децата, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „Чаир отсекогаш бил симбол на младоста, ...
Дрисла е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување, велат од ЈП депонија Дрисла Скопје. „Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина, здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките ...
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место на експресниот пат Штип-Радовиш, каде комбе со петмина патници излета од патот и падна од мостот во коритото на Балталичка река. Со комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Во несреќата го загубија животот тројца работници кои според првичните сознанија се од Непал, додека едно лице е тешко повредено. Возачот се здобил со лесни повреди. ОЈО Штип презема ...
Алта банка А.Д. Белград, една од водечките и најиновативни финансиски институции во регионот, направи значаен чекор со доставување на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола. Со оваа инвестиција се очекува да започне ново поглавје на раст во секторот на финансиските услуги за граѓаните и компаниите во Македонија. Понудата за преземање, објавена на 11 септември годинава, се однесува на сите акционери кои поседуваат акции со право на ...
На денешната седница бр. 68 на Собранието, пратеникот Скендер Реџепи упати прашање кон премиерот Христијан Мицкоски. Реџепи го праша премиерот дали државен интерес е почитувањето на Уставот? Доколку тоа е државен интерес тогаш како е можно премиерот, министрите, пратениците, претседателот на Собранието да дозволуваат постојано да се прекршува Уставот употребувајќи име кое не е составен дел од Уставот? Премиерот Христијан Мицкоски му одговори на ...
Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 12 септември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 112,53 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 102,62 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 68,57 евра за мегават час, а на MEMO 61,33 евра. Цената на ...
На 11.09.2025 во периодот од 12:00 до 14:00 часот, по претходно добиени оперативни сознанија и сомнение дека се врши посредување во вршење проституција, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државна пазарна инспекција, Управа за јавни приходи и Државна трудова инспекција, извршија акциска контрола во неколку објекти во Тетово. При контролата во угостителски објект на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во 14:00 часот од слобода е ...
На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, а која се одржа на 10-ти септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“. Оваа награда која што е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на ...