Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва на вонредна прес конференција истакна дека граѓаните кои се во близина на местото каде попладнево изби голем пожар, би требало да ги напуштат своите домови. За таа цел, како што кажа, има отворени сместувачки капацитети. „Радиационо зрачење нема. Во непосредна близина на пожарот има висока загаденост со штетни супстанци. На 400 метри од пожарот, не е евидентирано загадување. Препорачуваме на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва на вонредна прес конференција откри дека во полициска станица на информативен разговор се три лица, сопственици и управители на компанијата за електронски отпад Ф-Групација. Како што вели, ова не е се изолирани случаи а исти или слични се забележани и низ Европа. „Ваков тип на пожари не се изолиран случај кај нас. Ги имало во Литванија, Белгија, Велика Британија. Тоа укажува дека пожарот е ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва на вонредна прес конференција истакна дека се уште е активен пожарот во скопско Трубарево. Како што вели, моментално е локализиран и нема опасност од негово ширење. „Има 500 степени на 50 метри, воздушно од самиот пожар. Овде горат батерии… и за справување со истите бара посебен начин на делување. Од странски експерти беше препорачано затрупување со ситна песок“, додава министерот. Читај и ...
Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека денес избувна пожар во објект за рециклирање на батерии и електронски отпад. Станува збор за објект кој поседува валидна дозвола за управување со отпад, издадена од Министерството. Надлежните служби веднаш интервенираа и работат на целосно локализирање и гасење на пожарот. За да се обезбедат точни и транспарентни информации во врска со евентуалното влијание врз ...
Движењето ,,Стоп за Вардариште” информира дека во понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 07:30 часот наутро, со блокада на мостот ,,Близнаци” помеѓу општините Аеродром и Гази Баба. Како што велат, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ. „Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе ...
Случајот на оженет лекар кој имал сексуален однос со медицинска сестра во операциона сала додека пациентот бил под анестезија е во центарот на вниманието во Велика Британија. Медицински трибунал сослушува многу необичен случај кој покренува прашања за медицинската етика и безбедноста на пациентите во здравствениот систем на Велика Британија. Оженет лекар имал сексуален однос со медицинска сестра во операциона сала додека пациентот бил под ...
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското село Трубарево. Маските се ставени на располагање од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а дистрибуцијата ќе се реализира со поддршка на тимови од јавните претпријатија и Општина Гази Баба. Со оваа мерка се обезбедува навремена поддршка за ...
Како одговор на големиот пожар во фабриката за рециклирање во скопската населба Трубарево, вечерва вонредно ќе заседава Управувачкиот комитет за справување со кризи. Според информациите, состанокот ќе се одржи во проширен состав и ќе започне за кратко во просториите на Министерството за внатрешни работи (МВР). Повеќе информации за одлуките и преземените мерки се очекуваат по состанокот, а најавено е обраќање на директорот на Центарот за ...
Жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче денеска повторно излегоа на протест пред паркот „Авионче“, во знак на бунт против загадениот воздух кој, како што велат, ги труе секојдневно. Протестот, насочен првенствено кон дивата депонија Вардариште, но и кон други загадувачи како Дрисла, денеска доби уште посилен визуелен и мирисен ефект. Во позадината на насобраните граѓани се извиваше густ чад од пожарот во фабриката „Ф – ГРУПАЦИЈА“ во ...
Хеликоптер Ми-8/17 од воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Северна Македонија беше ангажиран во гаснењето на големиот пожар кој денеска избувна во индустрискиот дел на Трубарево, во близина на Скопје. Интервенцијата траела од 15:10 до 17:10 часот, во текот на која биле извршени 22 прелети со вкупно испуштени 55 тони вода врз најзагрозените делови од теренот. Од Армијата соопштија дека со навремената и ефикасна реакција, нивните ...
Институтот за јавно здравје, во насока на заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, во случаи кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и можна изложеност на штетни материи, на населението му се препорачува: – Во подрачја каде постои ризик од загаден воздух, да се остане внатре и да се затворат прозорците и вратите, особено во подрачјата на непосредна близина на места каде има активни пожари како и подрачјата кон кои ...
Додека пожарникарите и помошните екипи се борат со огнот во фабриката за рециклирање отпад во скопската населба Трубарево, со нови информации за состојбата излезе и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Ангелов појасни дека пожарот не зафаќа само еден вид материјал, туку се работи за комбинација. „Дел од пожарот зафаќа дрва, даски, пластика и друг горлив материјал“, изјави Ангелов. Тој додаде дека еден од најголемите ...
Повеќе од шест часа откако избувна големиот пожар во фабриката за рециклирање отпад во скопската населба Трубарево, состојбата е сè уште драматична, иако пожарникарите прават натчовечки напори да го стават под контрола. Густиот чад, кој се гледа од поголемиот дел на градот, предизвикува загриженост кај граѓаните, а на терен се ангажирани сите расположливи сили. Според првичните информации, пожарот избувнал нешто по 13:00 часот. Засега нема ...
Во рамките на операцијата со кодно име „Кафез“, уапсени се пет члена на здружението „Пантер“, соопшти Обвинителството на Сараево Кантон. За време на претресот, кај еден од нив се пронајдени дрога и оружје. Во исто време, истражители од полициските агенции работат на пронаоѓање материјални и дигитални докази за наводните снимки на штета на децата, соопшти Обвинителството на Сараево Кантон. Основачот на здружението „Пантер“ издржува казна во Бихаќ ...
Петгодишно момче е однесено во болница на Халкидики откако било каснато од волк во градот Неос Мармарас, објавува грчкиот портал iEidiseis. Сепак, популарната српска веб-страница Никана, која објавува вести од Грција, пишува дека станува збор за девојче од Србија. Според ексклузивни информации од грчкиот портал iEidiseis, семејство туристи се упатило кон здравствениот центар „Агиос Николаос“ во Ситонија, пријавувајќи дека нивниот петгодишен син ...
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова остро реагираше за големиот пожар што попладнево изби во селото Трубарево и беше проследен со серија експлозии. ,,Скопје повторно под црн чад! Граѓаните пак вдишуваат отров наместо чист воздух. Кој ќе сноси одговорност за труењето на граѓаните? Наместо молк, граѓаните бараат одговори и одговорност. Четири години под раководство на ВМРО-ДПМНЕ во општините сѐ е импровизација. Отпадите и ...
Десетици илјади демонстранти денес маршираа низ центарот на Лондон, носејќи британски и англиски знамиња, на протест организиран од антиимиграцискиот и антиисламскиот активист Томи Робинсон. Лондонската полиција претходно најави зголемено присуство на улиците на главниот град, со оглед на тоа што во близина беше планиран контрапротест под слоганот „Дигни се против расизмот“. Настаните доаѓаат по исклучително напнато лето во Велика Британија, ...
По големиот пожар кој избувна на депонијата „Дрисла“ на 9 септември, поставени се термални камери за следење на движења на можни сторители кои би се обиделе намерно да потпалат, а истовремено зголемен е и бројот на полициски патроли. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска изјави дека состојбата се следи 24 часа и се преземаат дополнителни мерки за спречување на нови инциденти. „Вчера изработивме два ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов денеска во изјава за Канал 5 истакна дека смета оти се работи за хибриден напад. „Според моето полициско, но и друго безбедносно искуство кое е подолго, се работи за хибриден напад. Невозможно е во волку краток период да настанат вакви пожари кои што предизвикуваат сериозно загадување на воздухот кој што потоа некој може да го искористи за политичко влијание“, вели АНгелов. Тој ...
Во скопското село Трубарево попладнево избувна голем пожар проследен со серија експлозии, откако се запалиле литиумски батерии и електричен отпад во два погони на фирмата „Ф – ГРУПАЦИЈА“. На терен интервенираат два полициски хеликоптери и авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а пламенот и густите облаци чад се видливи од речиси сите делови на Скопје. Согорувањето на батериите е причина за гласните експлозии кои постојано ...
Директорот на јавното претпријатие „Дрисла“, Самир Хусени, заедно со неколку вработени, биле повикани на информативен разговор во СВР Скопје. Според првичните информации, повикувањето е поврзано со последните настани и честите пожари на депонијата, кои предизвикуваа згрижувања кај јавноста и алармираа за загадувањето на воздухот во главниот град. Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални детали околу причините за разговорите и ...
Од Левица денеска преку соопштение информираат дека во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е ЕДИНСТВЕНАТА парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници. „Во Општина Струга, кандидат за градоначалник е актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована МОЈСОСКА – дипломирана на Факултетот за безбедност и генерален секретар на Левица. Нејзиното искуство, ...
И покрај убавото време и синото небо, глетката од Водно прикажува тревожна ситуација во околината на Скопје. Како што може да се забележи од фотографијата направена, во долината се забележуваат два пожари. На левата страна, од скопско Трубарево, се издига голем, густ столб од црн чад. Според надлежните, се работи за пожар во Нула Отпад Скопје односно фабрика за пластика. На десната страна, во далечина, пак може да се види уште еден чад, кој ...
Движењето ЗНАМ денеска ја поднесе кандидатурата на Мирослав Лабудовиќ за градоначалник на Општина Центар, како и листата на кандидати за Советот на општината. „Центар заслужува ред, чистота и безбедност. Овој хаос мора да запре – ќе ослободиме простор, ќе го исчистиме, ќе го озелениме и ќе го вратиме детскиот џагор во маалата. Знаеме како!“, изјави Лабудовиќ, благодарејќи се на ЗНАМ и на ВМРО-ДПМНЕ за поддршката. ЗНАМ најави визија за системски ...
Голем пожар изби во скопско Трубарево. Ова се првите фотографии од терен. Како што може да се забележи, од местото излегува густ црн чад кој е видлив од сите делови на главниот град. Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов има пожар во Нула Отпад Скопје. „Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена е пријава за голем пожар во Општина Гази Баба по точно во с. Трубарево каде што гори фабрика за пластични работи ...
Неодамнешната посета на претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, на Брисел предизвика големо внимание, особено поради начинот на кој беше претставена во дел од медиумите и реакциите што следеа. Додека провладините медиуми во Србија веднаш ја објавија веста како топол и срдечен состанок со претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, снимката од настанот сугерира поинаква слика. Наместо планиран протоколарен дочек, ...
Првата палестинска претставничка што се натпреваруваше на изборот за убавина „Мис Универзум“, Надин Ајуб, вели дека сака да ја искористи можноста да покаже друга страна од палестинскиот идентитет и да ја „хуманизира“ сликата за народ за кој вели дека често е сведен на страдање. Првата претставничка на Палестина за „Мис Универзум“ View this post on Instagram A post shared by Nadeen Ayoub (@nadeen.m.ayoub) Во услови на војната меѓу Израел и ...
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, денеска пред седиштето на Државната изборна комисија соопшти дека партијата ги комплетирала листите за советници и кандидати за градоначалници за претстојните локални избори на 19 октомври. Тој изјави дека дел од кандидатите се актуелни градоначалници кои постигнале резултати, а дел се нови имиња „профилирани во средините од каде што доаѓаат“. „Партијата е целосно мобилизирана и очекуваме ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата. Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 km/h). Од вторник ...
Полска го повика Член 4 од Северноатлантскиот договор откако руски беспилотни летала го нарушија нејзиниот воздушен простор 19 пати во средата, објави CNN. Борбени авиони на НАТО соборија неколку руски беспилотни летала што влегоа во полскиот воздушен простор за време на нападот врз соседна Украина. Полското Министерство за внатрешни работи подоцна објави дека вкупно 16 беспилотни летала се пронајдени на различни локации низ земјата. Сојузниците ...