Во контекст на актуелните глобални конфликти и геополитички турбуленции кои директно влијаат врз енергетските пазари, премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата презема стратешки чекори за заштита на стандардот на граѓаните. Иако реалните движења на светските берзи наметнуваат притисок за поскапување, примарна цел на власта е цените на нафтените деривати во земјава да останат најниски во споредба со соседите. Владата спроведува детални ...

Снабдувањето со нафта и нафтени деривати во државата е стабилно и нема да има прекин, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тврди дека нема да дозволи влошување на состојбата и ќе реагираат на секое покачување на цената на нафтените деривати, информира 24ТВ. Светот влезе во период на нови конфликти и геополитички турбуленции. Пазарите на енергија се чувствителни, динамични и се менуваат од час во час. Економиите се под жесток притисок. ...