Од 16:00 часот денеска е воведен прекин на сообраќајот на дел од „Јадранска магистрала“, во правец од клучката кај Приштина кон бензинската пумпа „Дизел“, информираа надлежните служби. Причините за прекинот засега не се соопштени, но екипи се на терен и работат на нормализирање на состојбата. Се апелира до возачите да користат алтернативни правци и да внимаваат на поставената сигнализација. Повеќе информации ќе следуваат по официјално ...

Граѓаните на Македонија утре ќе се соочат со пеколно топол ден, но веќе од среда навечер следува драстична промена на времето, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Вторникот ќе биде сончев и исклучително жежок, со температури кои на места ќе достигнат до 41 степен Целзиусов. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југозападен правец, со налети и над 60 км/час, а во попладневните часови можни се изолирани врнежи и ...

Скопскиот Кривичен суд денеска соопшти дека Кривичниот совет ја преиначил првичната одлука на судијата на претходна постапка и му одредил мерка притвор на обвинетиот Фатон Љ. (25), кој минатата недела со мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола ја предизвика трагичната сообраќајна несреќа во која загина Југослав. „Кривичниот совет при овој суд ја преиначи одлуката на судија на претходна постапка и определи мерка притвор на обвинетиот Ф.Љ. Обвинетиот ...

Отворена е истрага за утврдување на околностите за смртта на поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовоит, кој беше пронајден мртов утрово, изјави претставничката на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко. „Денес, телото на поранешниот министер за транспорт на Руската Федерација, Роман Владимирович Старовоит, беше пронајдено во градскиот округ Одинцово со прострелна рана во неговиот личен автомобил“, според Телеграм каналот ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарски прашања во Владата, соопшти дека за проектот за изградба на брзата пруга на делницата од Коридорот 10 пристигнале понуди од реномирани светски финансиски институции, кои досега немале присуство во овој дел од Европа. Според Мицкоски, понудите се охрабрувачки и претставуваат позитивен сигнал за довербата кон државата и проектот. „Набрзо од денеска после анализата ќе излеземе со ...

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици. – Ова е еден од клучните амандмани поднесени на ребалансот на Буџетот, со цел да се предвидат 934.340.000 денари како директна помош за ...

На 06.07.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај мост на река Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров настанал пожар на сува трева, кој се проширил и зафатил неколку помошни простории и штали во кои имало домашни животни. Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток. Се преземаат мерки за ...

Инцидент се случи попладнево на една од најфреквентните скопски крстосници, во близина на трговскиот центар Мавровка. Од видеото што го обезбеди нашата редакција, јасно се гледа дека автобусот со задниот лев дел (веројатно при вртење на лева страна) ја закачил основата на семафорот, а на тротоарот е видливо и оштетување на цементната подлога, што укажува на удар. View this post on Instagram A post shared by 4NEWS.mk (@4news.mk) Зад автобусот има ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која бензините поевтинуваат, додека дизелот бележи мало поскапување. ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 1,50 денари и ќе се продава по 74,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така по евтинува за 1,50 денари, и ќе изнесува 76,00 денари за литар. Од друга страна пак, се покачува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), која се зголемува за 0,50 денари, ...

Видео кое ја открива драматичната слика на пожарот што беснее во околината на Блаце, помеѓу селата Блаце и Чучер-Сандево. Снимката, направена од височина, го прикажува разгранетиот фронт на огнот, кој се движи низ густата ниска вегетација и мешана шума, во стрмен и тешко пристапен ридско-планински терен. Според информациите од терен, еден крак од пожарот е веќе изгаснат, но друг и понатаму останува активен и се шири. Интервенцијата на терен е ...

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз Ер“ одлучи да ги суспендира летовите од Сараево и Белград до Абу Даби. Последниот лет од Белград до Абу Даби е закажан за 19 јули, а од Сараево за 31 август. Покрај главните градови на Босна и Херцеговина и Србија, „Виз Ер“ ги откажа летовите до Абу Даби и од Софија, Тирана, Варна, Катовице, Будимпешта, Виена, Астана, Кутаиси и Самарканд, објави „СИЕБиз“. „Виз Ер“ е единствениот превозник што работи помеѓу ...

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица поради основано сомневање дека вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Во ...

Зад слатките и навидум безопасни играчки што децата ги обожаваат, често стојат сериозни маркетиншки стратегии и бизниси вредни милијарди евра. Еден таков пример се куклите Лабубу – глобален феномен што ги плени децата, но и возрасните. Нивниот успех лежи не само во нивниот симпатичен дизајн, туку и во внимателно дизајнираниот систем за продажба преку концептот „слепа кутија“, кој го претвора купувањето во игра на среќа и предизвикува силна ...

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ ја информира јавноста дека, и покрај секојдневните апели и преземени мерки, во главниот град и понатаму се бележи енормно зголемена потрошувачка на вода, особено во попладневните часови. Според податоците, просечната дневна потрошувачка надминува 350.000 кубни метри, што доведува до сериозно оптоварување на водоснабдителниот систем и резултира со прекини на водоснабдувањето, особено во ...

Хрватскиот институт за океанографија и рибарство во Сплит изјави дека инвазивен вид алги се шири низ Јадранското Море, што би можело да доведе до колапс на подводниот биодиверзитет. Се вели дека станува збор за екстремно инвазивна алга Stypopodium s c himperii која, велат тие, се шири низ хрватското морско дно. Станува збор за кафеава алга која потекнува од Индискиот Океан, а веројатно се населила во Медитеранот минувајќи низ Суецкиот канал. ...

На 06.07.2025 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска бригада“ и бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од Скопје и патничко возило „опел антара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(23) од Скопје. Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со ...

Итната медицинска помош вчера го известила Секторот за внатрешни работи Велес дека во реката Вардар, на влез во Велес, во близина на местото викано Бентот, е пронајдено починато машко лице, чиј идентитет сè уште не е познат. „Известен е јавен обвинител и извршен е увид од увидна екипа на СВР Велес. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото НН лице ќе биде дадено на обдукција“, вели Биљана Ѓаковска, портпаролка на Секторот за внатрешни ...

Во напорите за справување со пожарот што беснее помеѓу селата Блаце и Чучер-Сандево, денеска во акцијата за гаснење се вклучи и авион Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Ова е прв лет на Ер тракторот оваа година, а на терен е и полициски хеликоптер Agusta-Bell AB-212AM. Пожарот, кој зафати мешана шума и ниска вегетација, се шири на непристапен ридско-планински терен, што значително ја отежнува интервенцијата од земја. Дел од ...

Демократската унија за интеграција изразува најдлабока загриженост за последниот конкурс објавен од Министерството за Земјоделство, каде што од сите назначени државни советници, раководители на сектори, раководители на одделенија и обични советници, ниту еден не е Албанец. Резултатот е јасен: 10 спрема 0. „Ова е само уште еден доказ дека оваа влада, која нема етнички легитимитет, спроведува системски план за исклучување на Албанците од државните ...

Ренди Гарднер имал само 17 години кога решил да остане буден 11 дена. Поставил светски рекорд, но сериозно го загрозил своето здравје Сонот е една од најосновните човечки потреби – без него, телото и умот брзо почнуваат да откажуваат. И додека повеќето луѓе ги чувствуваат последиците по само една непроспиена ноќ, во 1963 година, американскиот тинејџер Ренди Гарднер решил да ги тестира границите на издржливоста и останал буден неверојатни 264 ...

Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози. Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за ...

Во Белград, голем дел од бетонска настрешница се урна пред парфимерија на улицата „Кнез Михаилова“ во текот на ноќта. Огромен бетонски блок виси од таванот во преминот. За среќа, никој не е повреден. Сега огромната бетонска плоча практично виси во центарот на градот, што не е безбедно за граѓаните. Оградена е со лента и на граѓаните им е забрането да минуваат. Според медиумите Србија, вработен во парфимеријата рекол дека сè било во ред вчера во ...

Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола ги информира граѓаните дека е строго забрането капење, пливање и задржување во сите хидротехнички објекти на хидросистемот „Стрежево“, вклучувајќи ја и рекреативната зона „Акумулација Стрежево“. Причината за оваа забрана, како што соопштуваат од претпријатието, е сериозна опасност по живот, предизвикана од можноста за нагло полнење и празнење на системот, како и од опасност од вшмукување во цевководот. ...

Ерин Патерсон е прогласена за виновна за готвење на смртоносниот ручек со печурки што уби тројца нејзини роднини, а друг го остави сериозно болен. Обвинителите ја обвинија дека кажувала толку многу лаги што било тешко да се следи. Патерсон сега има 28 дена да поднесе жалба против нејзината пресуда. Засега мотивот сè уште е нејасен. „Можеби се прашувате: „Кој е мотивот?““, рече обвинителката Нанет Роџерс СЦ кога се обрати на поротата на судењето ...

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило “амарок” на ДЗС, дејствуваат како подршка на скопската БППЗ (Бригада за противпожарна заштита Скопје) која со повеќе пожарникари и возила го гаси големиот пожар на отворен простор на територијата на општина Чучер Сандево над магистралниот пат Скопје – Блаце кој изби вчера во попладневните часови. Според директорот на ...

Орце Ѓорѓиевски го презентира своето главно мото: „Подготвен сум да го воскреснам Скопје“ – изјава која го означи неговото официјално влегување во трката за градоначалник на Град Скопје под покровителство на ВМРО‑ДПМНЕ. Овде ќе ја разгледаме неговата биографија, политичка кариера, изборната номинација, програмските приоритети, контекстот на локалната политика и предизвиците што го чекаат. Според официјалните податоци, Орце Ѓорѓиевски е роден на ...

Семејството на 21-годишната Ивона Антова, девојката која трагично го загуби животот на 16 март годинава, упати потресен јавен апел до институциите и јавноста барајќи правда за својата ќерка. Тие тврдат дека Ивона не била само жртва на пожарот, туку и на човечка небрежност и бездушност во последните мигови од нејзиниот живот. „Нашата Ивона – девојче со огромно срце, љубов кон животот, планинарењето и модата – беше оставена сама, беспомошна, ...

Голем пожар на отворен простор беснее на територијата на општина Чучер Сандево, над магистралниот пат Скопје – Блаце, кој избувна вчера попладне. Во акцијата за негово гасење се вклучени два полициски и еден армиски хеликоптер, како и единици на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со Хермелин цистерна, возило Пинцгауер и теренец „Амарок“. Поддршка дава и скопската Бригада за противпожарна заштита (БППЗ), со повеќе пожарникари и ...

Овен Енергијата од понеделник ве исполнува со решителност да ги претворите вашите соништа во реалност. Денес сте магнетни и харизматични, што привлекува луѓе со интересни предлози кон вас. Немојте да се изненадите ако добиете неочекувана порака што би можела да ги промени вашите планови за неделата. Бик Почетокот на неделата ви нуди можност да ја стабилизирате вашата финансиска состојба преку креативен пристап. Случајна средба денес би можела да ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
88%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
74%
1014
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
78%
1014
weather icon

Софија

22ᴼ / 19ᴼ
0.51
49%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.14
64%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
1.03
91%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.12
59%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
65%
1016
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
78%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 21ᴼ
4.12
83%
1015
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 18ᴼ
3.09
66%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.66
61%
1015
Currency

61.535

Currency

52.6246

Currency

71.1856

Currency

34.788

Currency

37.9116

Currency

65.8359

Currency

7.39397

Currency

0.62077

Currency

0.35582

Currency

0.52509

Currency

1.27508

Currency

0.59504