Цената на суровата нафта WTI (West Texas Intermediate) денес падна за над четири проценти, на 69,5 долари за барел, поради намалувањето на стравувањата од поширока војна на Блискиот Исток. Оваа ситуација на берзите претставува пресврт по скокот од седум проценти во петокот, во времето на првите израелски напади врз Иран, објави „Trading Economics“. „Trading Economics“ известува за пишувањето на одредени медиуми дека Иран сигнализирал интерес за ...

Добивај вести на Viber Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека вонредно за утре се зголемува за 2,5 денари цената на дизелот и екстра лесното гориво како резултат на шокот од иранско-израелскиот конфликт. - Ова е прва недела, сега ќе биде првиот удар, денеска носиме вонредна одлука, дизелот и екстра лесното гориво ќе поскапуваат за 2,5 денари, рече Бислимовски. ...

Тензиите на Блискиот Исток ги вивнаа цените на нафтата и гасот на светските берзи. За помалку од една недела поскапеа за 20 отсто. Ако состојбата меѓу Израел и Иран ексалира,,водечките енергетки компании , како Шел, Тотал Енерџис и и ЕнКвест, предупредуваат на сериозни последици врз глобалниот енергетски пазар. Шефот за надворешна политика на ЕУ вели дека се размислува за ограничување на цената на нафтата. „Мислам дека треба да продолжиме со ...

Додека Израел и Иран разменуваат смртоносни рафали четврти ден по ред, расте загриженоста дека конфликтот ќе се прошири на еден од клучните региони за производство на нафта и гас во светот. Пазарите на капитал првично беа вознемирени по ненадејниот напад на Израел во петокот, но оттогаш се стабилизираа. Додека конфликтот меѓу двете најмоќни војски на Блискиот Исток се врти кон целосна војна, финансиските пазари и воздухопловниот сектор се ...

Цените на нафтата во вторникот скокнаа на највисоко ниво во последните речиси пет месеци, додека трговците со енергија се подготвуваат за можна натамошна ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран, пишува Си-Ен-Ен. Цената на нафтата расте додека претседателот Доналд Трамп се подготвува да се сретне со претставници на националната безбедност во Белата куќа. Две официјални лица изјавија за Си-Ен-Ен дека Трамп станува сè понаклонет да ја користи ...

Цените на нафтата скокнаа над 75 долари на меѓународните пазари во вторникот, одразувајќи ги стравувањата на инвеститорите од ескалација на конфликтот меѓу Иран и Израел и блокада на испораките низ Ормускиот теснец. На лондонскиот пазар, цената на барел попладнето беше за 2,03 долари повисока од затворањето на тргувањето во понеделникот и изнесуваше 75,26 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше по цена повисока за 1,82 долари, на ...