Обвинителството ја гонело, а судијката Магдалена Мишоска од Основниот суд во Гостивар ја осудила новинарката Љиридона Вејсели на парична казна од 700 евра за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, само затоа што во новинарско известување го спомнала името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово. Вејсели за „Скопје1“ изјави дека пресудата се однесува на тема што ја обработувала за случај во кој возрасно лице уценувало ...
„Осудена сум од Основниот суд во Гостивар, со 700 евра, за изнесување лични податоци, затоа што при ивестувањето за една тема што ја обработував, го спомнав името на судијата Назиф Илјази од Основниот суд во Тетово. Во темата за која известував, станува збор за случај во кој возрасно лице уценувало малолетник , му испраќал порнографски материјали и му се заканувал. Судијата Наиф Илјази му изрече казна од 3 месеци ефективен затвор“, вели ...

