Сојузот на синдикати на Македонија денеска ја реализираше втората од најавените три блокади барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. Пред Стопанската комора беше испратена порака до работодавачите да се согласат да ја зголемат минималната плата и сите останати плати и да ја задолжат Владата да ги субвенционира придонесите. Од ССМ изјавија дека понудата е на маса и доколку не наидат на ...

Наместо да се занимаваат со политикантство, синдикатите што протестираат да направат анализа како би влијаела минимималната плата од 600 евра која ја бараат – дали ќе предизвика затворање на малите, микро и средните претпријатија кои едвај преживуваат од први до први, дали ќе влијае врз цените на крајните производи, дали ќе предизвика зголемување на инфлацијата или некои други последици врз домашната економија, порача вечерва ...

Прашањето за минималната плата е чувствително и токму затоа не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија, изјави вечерва министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши во гостување на ТВ Телма посочи дека се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и оти во март ќе има законско нивелирање на платите од 1500 до 2000 денари. Наведе дека Владата не ги прифатила укажувањата од меѓународните ...

Утре ССМ ќе ја блокира Владата. Сè уште се прават глуви и слепи на иницијативата на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на минималната плата на 600 евра и за зголемување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари, а пратениците дополнително се прават глуви и слепи и за последната иницијатива на Сојузот на синдикатите на Македонија за намалување на нивните плати за 80%, на начин што ќе си ја намалат основицата за пресметка ...

Сојузот на синдикатите на Македонија продолжува со серијата блокади на институциите во насока на нивното барање за покачување на минималната плата на 600 евра и линеарно зголемување на сите плати за 6 илјади денари. За утре најавена е блокада на Владата откако претходнава недела го блокираа Собранието и Стопанските комори. Велат дека ќе дојдат 21 затоа што тоа е законскиот минимум за да се блокира, тие не се откажуваат од барањата бидејќи ...