Покрај во Белград, тројца од повредените заминуваат на лекување во Атина, двајца во Виена и двајца во Загреб Уште 12 од повредените во пожарот во Кочани попладнево се испратени на лекување во Белград. До главниот град на соседна Србија се транспортирани со воен авион на српската армија. Четворица од пациентите се хоспитализирани на Воено-медицинската академија (ВМА). Се работи за три девојки и едно момче кои, според првичните сознанија, се во ...

Основното јавно обвинителство во Кочани достави до надлежниот суд предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48 часа за 16 лица што досега се опфатени со постапката за пожарот во Кочани, на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера краткотраен притвор им беше изречен уште на две лица и тој сè уште трае. Од Обвинителството појаснуваат дека краткотрајниот притвор е продолжен затоа што сѐ уште траат ...

ДРАГАН МИШЕВ Бурни реакции кај дел од македонската и српската јавност предивика појавувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ со свита од десетина камери и новинари, во болничките соби каде што се сместени пациентите од пожарот во Кочани. Тие што со тешки изгореници и животнозагрозувачка состојба беа испратени во Белград за да добијата подобар третман и лекување, станаа жртва на Пи -арот на српскиот претседател. Со над 10 камермани и ...

Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди за МИА д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство. Во Србија досега се префрлени вкупно 29 пациенти. Двајца повредени, пак, заминуваат на лекување во Виена и двајца ...

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Уште 12 повредени во пожарот во Кочани вечерва со авион се префрлени на лекување во Белград. Четворица од нив ќе бидат хоспитализирани во Воено медицинската академија, а осум во Универзитетскиот клинички центар, потврди за МИА д-р Игор Николов, кој е контакт-лице за сите информации поврзани со состојбата на пациентите во странство. Во Србија досега се префрлени вкупно 29 пациенти. Тројца повредени, пак, заминуваат на ...