Полиција ја чува општинската зграда. Демонстрантите извикуваат: „Убијци, излезете“ и маваат со јајца. Удираат по вратата и го повикуваат градоначалникот да излезе Почна најавениот протест на градскиот плоштад во Кочани. Како што јавува репортерот на „360 степени“, на протестот има и дел од родителите на загинатите деца. Ситуацијата е траорна, се слуша само плач и лелек, родителите се неутешни и се прашуваат како да продолжат да живеат без ...
Граѓаните што протестираа во Кочани од пред Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани, се упатија кон домот на градоначалникот во оставка Љупчо Папазов. Попатно беше демолирано возило на Карго експрес, компанија за која сопственикот на дискотеката „Пулс“ е претставник за Кочани. Лицата што протестираа го пробија кордонот полицајци пред домот на Папазов, бараа одговорност, а неговата куќа беше гаѓана со јајца и камења. На денешниот ...
Цело Кочани денеска е на улица и бара правда со протест низ градот. Тие бараат одговорност за смртта на 59 лица во дискотеката „Пулс“. Маршот почна од паркто во Кочани, од каде граѓаните извикуваа „убијци“. Дојдоа до зградата на општината, и потоа ја каменуваа зградата удирајќи ја по вратите и прозорите, и го повикаа градоначалникот Папазов да се појави. Градоначалникот вчера не излезе на местото на трагедијата, не се појави во јавност и пред ...
Почна најавениот протест на градскиот плоштад во Кочани. Како што јавува репортерот на „360 степени“, на протестот има и дел од родителите на загинатите деца. Ситуацијата е траорна, се слуша само плач и лелек, родителите се неутешни и се прашуваат како да продолжат да живеат без најмилите… Држат фотографии од децата што загинале и велат дека за билет од 500 денари си ја купиле смртта. Еден час откако почна протестот, сè повеќе граѓани се ...
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани, барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица, пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот. Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“…. Во моментот, протестот повторно се префрла во паркот. Во пожарот во дискотека во Кочани, според последните официјални информации, ...