Со претставување на проектот „Страда бруталисима” денеска во изложбениот простор „Арсенале – Сале д’Арми” во Венеција, беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – Венециско биенале за архитектурата 2025. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето рече дека да се биде дел од Венециското биенале за архитектура, е можност да се вклучиме во глобалниот разговор за потребата од заемно ...

Во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамки на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот „STRADA BRUTALISSIMA”, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ Николова, Теа Дамјановска и Михајло ...