Планот на Владата за зголемување на приходите по глава на жител на 10.000 долари ќе зависи од стапката на раст, а за повисоки приходи треба да се работи на квалитетно образование, конкурентно опкружување и поголема енергетска ефиканост, оцени денеска Иваило Изворски, главен економист на Светска банка за Европа и Централна Азија. – Зависи сепак од стапката на раст, ако е многу голема стапката на раст, отприлика 10 проценти, тогаш БДП се удвојува ...

Известувачот на Европскиот парламент за Косово, Рихо Терас, изјави дека „присуството на српскиот претседател Александар Вучиќ на воената парада во Москва значи поддршка за руските воени злосторства во Украина“. Тој го повика претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, да ја откаже најавената посета на Белград поради ова. Терас, член на парламентарната група на Европската народна партија (ЕПП), во која Српската прогресивна партија е ...

Иако политичките елити во Северна Македонија се декларативно посветени на евроатлантската интеграција на земјата, кога станува збор за донесување одлуки за непречено движење напред на ова патување, им недостасува политичка кохезија и компромис. Во меѓувреме, Република Албанија, која беше сопатник на Северна Македонија кон Брисел, откако се разделија и одеше сама по овој пат – очигледно напредува и е сè поблиску од кога било до остварување на ...

„Денес го славиме мирот, единството и заедничките вредности што нè обединуваат како европски народи. Нека ни биде потсетник дека преку дијалог, солидарност и почит кон различноста можеме да градиме подобра иднина за сите. За Македонија, Денот на Европа не е само симболика, тој е и поттик за уште посилна посветеност кон европските вредности, реформи и напредок. Нашиот пат кон Европската Унија е пат на достоинство, работа и надеж. Македонија ...

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта идната недела ќе посети неколку земји од Западен Балкан. Посетата на Белград е планирана за 13 мај, пишува српски „Данас“. Препорачано Тоа ќе биде негова прва посета на Балканот во форма на турнеја откако стапи на должост како претседател на Европскиот совет. Посетата на Приштина е закажана за следниот ден, 14 мај. Според српските медиуми, Кошта во рамките на турнејата ќе ги посети „сите земји од ...

Добивај вести на Viber Европската унија планира да воведе царини за авионите на американската компанија „Боинг“, додека ЕУ се подготвува за нови одмазднички мерки во случај на неуспех на трговските преговори со Вашингтон. Европската комисија, која управува со трговската политика на ЕУ, има намера да вклучи цивилни авиони на листата на американски увозни производи во вредност од околу 100 милијарди долари годишно, кои би биле предмет на царини, ...

Европската унија планира воведување царини на американските цивилни авиони произведени од компанијата „Боинг“, како дел од потенцијален одговор во случај да пропаднат трговските преговори со Вашингтон. Според извештај на Фајненшл тајмс, Европската комисија, која е задолжена за трговската политика на ЕУ, сака да ги вклучи авионите на „Боинг“ во листата на увозни производи од САД вредни околу 100 милијарди долари годишно, кои би можеле да бидат ...

Белград, 8 мај 2025 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во вторник ќе биде во еднодневна посета на Белград, во рамки на турннеја по Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. Тоа ќе биде негова прва посета во рамките на балканската турнеја откако ја презеде функцијата претседател на Европскиот совет. Кошта ќе биде следниот ден во посета на Подгорица и попладнето во Приштина. В четврток се очекува да биде во посета ...

Во пресрет на Денот на Европа, заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, присуствуваше на церемонијата организирана од амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Михаелис Рокас. -Имав чест да ја прославам оваа значајна дата, која претставува повеќе од само сеќавање на Шуманската декларација, таа е симбол на единството, мирот и заедничката визија за иднината на нашиот континент, напиша Фетаи на својот ...

Во интервју за српскиот медиуми „Нова“, известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, остро ја коментираше политичката ситуација во Србија, оценувајќи како довербата на Европската Унија во режимот на Српската напредна партија (СНС) е сериозно нарушена, особено по одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ да отпатува во Москва за да го одбележи Денот на победата над фашизмот. Препорачано Во кратко интервју за Nova.rs, по ...