Жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче на социјалните мрежи вечерва се жалат на мирис на чад во воздухот, посочувајчи дека веројатно повторно гори депонијата во Вардариште. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги демантираат овие наводи, додавајќи дека по извршени проверки од страна на полицијата, не е лоцирано горење на Вардариште Повторно гори депонијата над скопско Арачиново, информираат вечерва од Центарот за управување ...

Жителите на скопските населби Аеродром и Ново Лисиче вечерва преку социјалните мрежи алармираат дека воздухот повторно е исполнет со мирис на чад, сомневајќи се дека гори депонијата Вардариште. Од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ги демантираат овие наводи и информираат дека по извршени проверки на терен од страна на полицијата не е утврдено горење на Вардариште. „Со неколку дрона и со патроли продолжува потрагата по изворот на ...

Добивај вести на Viber Повторно е распалена депонијата во Арачиново, соопшти Центарот за управување со кризи. Од таму велат дека на терен за нејзино локализирање дејствуваат пожарникарите. Како што соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, гаснењето ќе биде сложено бидејќи обемот на зафатената површина е голем што го компликува гаснењето со вода или пена. Затоа се прави проценка на неопходноста од затрупување и на оваа депонија ...

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи, изјави вечерва директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. – Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел ...

Вечерва е подметнат пожар во депонијата близу Арачиново покрај стариот пат кон Куманово, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Оваа депонија има ограда и влезна врата. Скопските пожарникари ја затекнале вратата на депонијата отворена, во депонијата имало фрлена поголема количина на пакуван сончоглед кој горел со силен пламен но и други горливи производи. Најверојатно намерно запалениот сончоглед предизвикал опожарување на дел од ...