Дел од препораките се сите установи на подрачјето на Град Скопје да ја проверат исправноста и ефикасноста на грејните тела и уредите за загревање, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ зачестено да ги чисти и мие коловозите под надлежност на Град Скопје, а општините да постапат аналогно за улиците во нивна надлежност Граѓаните, особено чувствителните групи, да го ограничат престојот на отворено, да се избегнуваат спортски настани на отворено, ...

Град Скопје издаде препораки и мерки за заштита на амбиенталниот воздух откако утринава Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерните места во Скопје – Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат. Согласно надлежностите на градот Скопје утврдени со Законот за животна средина, Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, ...