Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 март. Денеска е свештеномаченик Теодот Киринејски. Во третиот век на островот Кипар дојде еден маж од Галатија (Мала Азија) и го проповедаше Христос. Неговата проповед остави силен впечаток кај мештаните. Многумина се крстија, па го избраа овој маж, по име Теодот, за епископ во градот Киринеја. Теодот беше затворен при гонењето од страна на Ликиниј. Долго време го држеа в затвор и го ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 март. Денеска е Св. маченик Конон Исавриски. Овој светител живееше во вториот век. Кога стаса за женење, родителите му најдоа невеста, но тие двајцата и во бракот живееја девствено. Кога умре жена му, тој се оддалечи од светот и почна со крупни чекори да се искачува кон Бога. Од Бога му беше даден дар да чудотвори, преку што многумина обрати кон верата. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 4 март. Денеска е Преподобен Герасим Јордански. Герасим беше родум од Либија. Уште како млад го остави светот и го започна својот подвиг во Тиваидската пустина. Подоцна го посети Ерусалим и се насели крај реката Јордан. Околу него се собраа многу подвижници, па така се оформи неговиот манастир. Манастирот го одликуваше строгиот типик, а за строгоста на подвижничкиот живот пример даваше ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 март. Денеска е Св. маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск. Овие тројца маченици му беа блиски пријатели на свети Теодор Тирон. Беа затворени заедно со него. По неговото мачеништво се така остануваа во затворот, бидејќи се случуваше смена на намесникот. Неговиот намесник набрзо ги извади од затворот и се трудеше на разни начини да ги натера да се откажат од Христа, но откако се увери во ...
Охрид, 15. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети свештеномаченик Теодот. Епископ Киринејски, на островот Кипар. Заради неговата мудрост и доблеста го избраа за епископ, а тој со љубов и ревност управуваше со Црквата Божја. Кога настана гонење на христијаните, во времето на нечестивиот цар Ликиниј, овој Божји човек беше изведен на суд и подложен на маки. Кога мачителот Савин го ...