На барање на официјални претставници на босанските Срби, Русија побарала вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на ситуацијата во Босна и Херцеговина, која треба да се одржи на 6-ти март зад затворени врати, потврдија повеќе извори. Министерот за надворешни работи на БиХ, Елмедин Конаковиќ, во вторникот пред новинарите во Сараево изјави дека знае оти Русија ја побарала седницата и смета дека е добро таа да се ...

Европската Унија го повикува политичкото раководство на Република Српска да се воздржи и да се откаже од провокативната реторика и од активности на раздор, вклучително и од доведувањето во прашање на суверенитетот, единството и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, се наведува во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на „последните случувања во БиХ“. -Правните акти усвоени на 27 февруари 2025 година од ...

Политичкиот лидер на босанските Срби, Милорад Додик го одби повикот на Државното обвинителство на Босна и Херцеговина, за кое рече дека го сомничи за „поткопување на уставниот поредок“ поради донесување закон со кој се негираат овластувањата на централната државна правда и полиција во српскиот ентитет на БиХ. Овие последни акции на властите на Република Српска (РС) ги поттикнаа тензиите во поделената балканска земја и ги тестираат нејзините ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска Милорад Додик се сретнаа денеска во вилата Мир, по што и се обратија на јавноста. Вучиќ на почетокот на своето обраќање рече дека секој разговор е подобар и поблагороден од каква било сила. „Му благодарам на Додик за посетата. Секој што внимателно ги слушаше неговите зборови, можеше да види колку е загрижен. Кога ќе слушнете дека некој можеби се подготвува за војна, не ...

Неочекувано брзо по усвојувањето во Народното собрание на Република Српска, стапија на сила законите за забрана на работата на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА), како и спроведувањето на одлуките на Судот и Обвинителството на Босна и Херцеговина на територијата на Република Српска. Указот доцна синоќа го потпиша претседателот на РС, Милорад Додик, а неколку часа подоцна беше објавен во Службениот весник на ентитетот. „Овие четири ...