Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Час по историја посветен на делото на светите браќа Кирил и Методиј се одржа во 11. клас во Бугарското неделно училиште „Бугарче“ во Украина, соопштија од училиштето, пренесува БТА. Наставата ја водеше Марија Паладиј, која ги запозна учениците со животот и мисијата на креаторите на словенската писменост. „Учениците научија повеќе за животот и мисијата на создавачите на словенската писменост, за нивната просветителска дејност и огромниот ...
Бугарија, која не учествува во воените дејства на САД и Израел против Иран, се приклучи кон заедничката изјава на Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Нидерландија, Јапонија и Канада во врска со Ормускиот проток, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи, пренесува БГНЕС. Во декларацијата се истакнува подготвеност за учество во напорите за гарантирање на слободата на пловидба и за стабилизирање на енергетските ...
Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд соопшти дека неговата земја го задржува правото на воена интервенција против Иран. -Секако, како што веќе јасно ставивме до знаење, го задржуваме правото да преземеме воена акција доколку е потребно. Ако дојде време за тоа, раководството на Кралството ќе донесе таква одлука, изјави Бин Фархан Ал Сауд по состанокот на група од 12 арапски и исламски земји во ...
Германија го поедностави извозот на одредена опрема за воздушна и поморска одбрана во земјите од Персискиот Залив и Украина, со цел испораките да пристигнуваат побрзо, соопшти денеска германското Министерство за економија. Германската министерка за економија, Катерина Рајхе изјави дека „неселективните напади на Иран врз земјите од (Персискиот) Залив доведоа до итна потреба од воени средства, особено за воздушна одбрана“. Според неа, „новата ...
Брод е погоден од неидентификуван проектил рано утрово во Оманскиот Залив, источно од Обединетите Арапски Емирати, во близина на Ормускиот теснец. Инцидентот, кој се случил 11 наутички милји источно од Хор Факан, предизвикал пожар на бродот, според Центарот за Британска поморска трговија UKMTO WARNING 024-26 Click here to read the full Warning⤵️https://t.co/8cnsC5gjR0#MaritimeSecurity #MarSec pic.twitter.com/DrUjTAtIsz — UKMTO Operations ...
Соединетите Американски Држави може да испратат маринци за да ги заземат иранските острови за да го отворат Ормутскиот теснец, објавуваат американските медиуми. САД веќе ја испратија 31-та морска експедициска сила, која брои до 2.500 војници, на Блискиот Исток. Островите во Ормутскиот теснец и Персискиот Залив, вклучувајќи го и клучниот остров Харг низ кој минува до 90% од суровата нафта на Иран, се идентификувани како потенцијални цели за ...
Германија од мај минатата година од своите граници вратила околу 30 илјади лица. Министерот за внатрешни работи Александер Добринт смета дека е потребно и натаму остане практиката за проверки на патниците на границите, бидејќи се уште е голем бројот луѓе на кои не им е одобрен влез во Германија. Полициските синдикати пак бараат олеснување на мерките. Министерот Добринт застана во одбрана на воведената мерка за засилени гранични проверки, што ...
Американската армија синоќа соопшти дека од почетокот на конфликтот со Иран досега има околу двеста ранети војници од своите редови, од кои десеттина со тешки повреди. Портпаролот на американската воена команда во регионот, Тим Хокинс, изјави дека десет од повредените се категоризирани како „тешко ранети“. Тој во објавата на платформата „Икс“ посочи уште дека повеќе од 180 од повредените имале лесни повреди и дека веќе се вратени назад на ...
мериканскиот претседател Доналд Трамп оцени дека актуелниот конфликт со Иран претставувал „голем тест“ за НАТО, тврдејќи дека на овој начин се потврдиле неговите долгогодишни критики за нерамномерното учество на сојузниците. Во интервју за „МС НОУ“, Трамп изјави дека не е задоволен од одбивањето на европските земји да се вклучат во обезбедување на поморските рути во Ормускиот теснец, нагласувајќи дека САД со години носеле најголем товар во ...
Корисници во Русија пријавија дека популарната апликација за размена на пораки „Телеграм“ денеска е недостапна, додека властите продолжуваат со засилени мерки против странските комуникациски платформи, јави ДПА. Според корисниците, и мобилната апликација и веб-верзијата на Телеграм не функционирале, додека претходно се појавија шпекулации дека од 1 април може да биде воведена целосна забрана. Аудио и видео повиците преку Телеграм и ВатсАп во ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека ако украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да биде финансиран од Брисел, Украина мора да ги обнови испораките преку нафтоводот „Дружба“. – Ако нема нафта, нема пари, нагласи Орбан во видео објавено на Фејсбук. Тој наведе дека денеска разговарал со претседателот на Европски совет, Антонио Кошта и со премиерот на Словачка, Роберт Фицо за украинската блокада на испораките на нафта. ...
Американските сили се фокусираа на уништување на ирански пловила за поставување мини и модифицирани брзи чамци што се користат за таа намена, со цел да ја ограничат способноста на Иран да го блокира Ормутскиот Теснец, јави Еј-Би-Си њуз, повикувајќи се на началникот на Здружениот генералштаб, Ден Кејн. Според неговите зборови, американската војска веќе уништила 44 вакви пловила. За напади врз бродовите што поставуваат мини се користат авиони, ...
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан во денешниот телефонски разговор со рускиот колега Сергеј Лавров повтори дека Турција е подготвена да биде домаќин на следната рунда преговори помеѓу Русија и Украина. Како што се наведува во соопштението од турското Министерство за надворешни работи, Фидан ги потенцира ризиците од продолжување на војната, како по земјите од регионот, така и на меѓународен план. Двајцата министри разговарале и за ...
По турбулентниот раст на цените во изминатите денови, глобалните пазари на енергенси денеска бележат пад, откако беа најавени мерки за стабилизирање на транспортот и снабдувањето со нафта. Цените на нафтата се намалија откако водечките европски земји и Јапонија понудија поддршка за обезбедување безбедно поминување на бродовите низ Ормускиот теснец – клучна поморска рута низ која се транспортира околу една петтина од светската нафта. ...
Кремљ соопшти дека прекинот во мировните преговори меѓу Русија, Украина и САД е привремен и условен од тековните околности. – Станува збор за ситуациска пауза, настаната од очигледни причини – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на прашања за времетраењето на застојот. Тој изрази очекување разговорите да продолжат штом трите страни се усогласат околу нов распоред, особено кога САД ќе можат „да посветат поголемо внимание“ ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да испраќаат дополнителни трупи на Блискиот Исток, додавајќи дека конфликтот со Иран „наскоро ќе заврши“, објави „Еуроњуз“. – Не испраќам трупи никаде. А и да испраќам, сигурно не би ви кажал – изјави Трамп на прес-конференција во Белата куќа. Тој оцени дека, и покрај растот на цените на нафтата по нападите врз Иран, последиците биле помали од очекуваното. – Очекував да биде многу ...
Северна Македонија е меѓу шестте европски држави кои донесоа одлука да ја прогласат иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) за терористичка организација. Овој значаен надворешно-политички потег следи по интензивни дипломатски разговори и координиран притисок од клучните меѓународни сојузници. Дипломатска офанзива на Израел Според достапните информации, одлуката е донесена по серија директни дискусии меѓу министрите за надворешни работи ...
Европската народна партија, најголемата политичка група во Европа, побара специјално сослушување во Европскиот парламент за комесарката за проширување Марта Кос за обвинувањата дека соработувала со УДБА, поранешната тајната полиција на федеративна Југославија. Кос во 2024 година ги негираше овие обвинувања за време на нејзиното сослушување, пред изборот во Парламентот. Но, обвинувањата повторно се појавија минатата недела, откако словенечката ...
Ѕвездата и миленик на милиони почина на 86-годишна возраст. Смртта доаѓа кај секого. Оваа максима се докажа како вистинита откако недопирливиот Чак Норис почина во болница на Мауи, Хаваи. Акционата ѕвезда на неколку генерации обожаватели доживеа несреќа додека тренираше за најновиот филм. Сепак, детали не беа дадени. Семејството на Норис објави порака на социјалните мрежи дека тој е во мир и не страда многу. Само 10 дена пред неговата смрт, ...
Унгарските групи за човекови права изразија загриженост во врска со назначувањето на поранешната преведувачка на Владимир Путин на клучна улога во меѓународната мисија за следење на изборите, поради стравувања од руско мешање пред клучното гласање во Унгарија следниот месец. Дарија Бојарскаја, која работеше многу години за руското Министерство за надворешни работи и преведуваше на бројни состаноци на високо ниво, вклучително и еден меѓу Путин ...
Преминот Рафах меѓу Газа и Египет повторно е отворен „во двата правци“, првпат откако Израел го затвори преминот на 28 февруари, по почетокот на нападите на САД и Израел врз Иран. Египетските државни медиуми и агенцијата Ал-Кахера њуз јавија дека на преминот е забележан помал број Палестинци, вклучително и пациенти кои се лекувале во Египет, додека неколку амбулантни возила чекаат да примат палестински пациенти кои излегуваат од Газа, пренесе ...
Привремената претседателка на Венецуела изјави дека ги заменила сите нејзини високи воени команданти, што е најновото во низата промени откако САД го соборија Николас Мадуро. Делси Родригез ги објави промените во објава на социјалните мрежи еден ден откако го отпушти долгогодишниот министер за одбрана, кој беше близок до Мадуро, и го замени со поранешен шеф на разузнавањето. „Го објавувам назначувањето на обновената висока воена команда“, ...
Млад турски фудбалер и член на нисколигашот Карс 36 Спор, Кубилај Кундакчи (21), е убиен во вооружен напад во Истанбул, а во случајот наводно е вмешана и популарната пејачка Алејна Калајџиоглу, која е приведена. Страшното злосторство ја потресе турската јавност, а истрагата е во тек. Според првичните информации, до крвавиот инцидент дошло во ноќта меѓу 19 и 20 март на улицата „Сидик“ во Истанбул, каде што бил договорен состанок меѓу две ...
Израелската војска објави дека убила висок разузнавачки функционер на иранските сили Басиџ во напад врз Техеран претходно оваа недела. Во соопштението се наведува дека станува збор за Есмаил Ахмади, кој е опишан како раководител на разузнавачкиот оддел на паравоената формација. Израелската војска тврди дека Ахмади играл „клучна улога“ во планирањето и спроведувањето на операциите и го обвинува за учество во задушувањето на антивладините ...
Ирански ракетен напад погоди рафинерија за нафта во Хаифа, Израел, но не предизвика „значителна штета“, соопшти во четврток израелското Министерство за енергетика. Министерот за енергетика Ели Коен рече дека нападот накратко го прекинал снабдувањето со електрична енергија, но дека струјата брзо била вратена кај повеќето погодени потрошувачи. „Штетата на електричната мрежа на север е локализирана и не е значајна“, рече Коен, додавајќи дека ...
Израел го прошири опсегот на своите напади врз Иран доцна на 18 март, велејќи дека започнал воздушни напади на северот од земјата, а израелските медиуми објавија дека иранските воени бродови биле погодени на брегот на Каспиското Море. Додека Израел напаѓал на север, тој исто така нападнал и ирански енергетски инфраструктурни објекти во Заливот, при што Техеран возвратил со пукање врз нафтените и гасните постројки на арапските земји од ...
Израелскиот лидер голем дел од својата прес-конференција го посвети на негирање на тврдењата дека неговата влада ги вовлекла САД во војна со Иран. „Оваа измислица дека ги вовлековме САД во ова не е само измислица – туку е апсурдна“, рече тој. Додаде дека Трамп му рекол пред повеќе од една година: „Биби, мора да се погрижиме Иран да не добие нуклеарно оружје“. „Светот му должи на претседателот Трамп голем, длабок долг на благодарност за ...
Тројца повредени и повеќе оштетени станбени објекти е епилогот од масовниот руски напад со дронови врз пристанишниот дел на градот Одеса во Украина. Двајца од повредените се хоспитализирани. Во нападот биле погодени две повеќекатни станбени згради и еден објект во центарот на градот. Се јавува и за погоден објект за студентско домување. Пожарите што пламнале по нападите биле локализирани по брзата интервенција на противпожарните служби. ...
Русија, Кина и Иран ги претставуваат најголемите закани за Шведска, соопшти денеска Шведската безбедносна служба (САПО) во својот годишен извештај за заканите по земјата. Безбедносната полиција во последните години предупредуваше на растечките закани, пред сè од Русија, која презема сè повеќе хибридни напади низ Европа покрај војната во Украина. Иран, исто така, долго време е означен како сериозна закана, а властите забележаа дека ...
Романскиот конзул во Хаифа, Адријан Бринковеану, ги демантираше информациите што се шират на интернет за наводна забрана на велигденските богослужби и церемонијата на Светиот Оган во Црквата на Христовото Воскресение. Во објава на социјалните мрежи, тој нагласи дека станува збор за непроверени и неточни тврдења кои предизвикале вознемиреност кај верниците, апелирајќи јавноста да се информира исклучиво од официјални извори. Бринковеану истакна ...