Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Патријархот на Украинската православна црква Филарет, познат и како Михајло Антонович Денисенко, почина денеска на 97-годишна возраст, објави на Фејсбук митрополитот Киевски и на цела Украина, Епифаниј, пренесе Укринформ. „Денес во моето срце, како и во срцата на многу Украинци, има длабока тага и жалење, бидејќи денеска заврши земниот пат на Неговата Светост Патријархот Филарет. Ја повикувам сеукраинската конгрегација да упати молитви за ...
Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток. Полицијата го објави соопштението на социјалната мрежа „Икс“ откако земјите од Заливот ги зајакнаа контролите на местата поврзани со иранските напади. Приведените се од различни националности, наведува полицијата. МИА Полицијата во Абу Даби денеска соопшти дека уапсила 109 лица за снимање и ширење лажни информации ...
Иран испали две балистички ракети кон американско-британската база Диего Гарсија, која се наоѓа на четири илјади километри оддалеченост, во средината на Индискиот Океан, објави „Волстрит џурнал“. Ниту една од двете ракети испукани кон базата не ја погодила целта, објави весникот, повикувајќи се на неколку американски претставници. Според двајца официјални лица, едната ракета не успеала во лет, а другата била соборена од американски воен ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе се воздржи од какви било понатамошни напади врз огромното поле за природен гас во Иран, на барање на американскиот претседател Доналд Трамп. Израелскиот лидер во своето обраќање на прес конференција негираше дека неговата влада ги турнала САД во војна. -Дали некој навистина мисли дека некој може да му каже на претседателот Трамп што да прави? Ајде. Претседателот Трамп секогаш ги ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја предупреди својата британска колешка Ивет Купер во телефонски разговор дека Велика Британија, дозволувајќи им на САД да ги користат нејзините воени бази, учествува во агресија. Арагчи го критикуваше, како што рече, „пристрасниот и негативен“ став на Велика Британија и некои други европски земји кон американско-израелската агресија против Иран. Во објава на Телеграм, тој порача дека ...
Мисијата на НАТО во Ирак, што има задача да им помага и да ги советува ирачките сили во нивната борба против џихадистичките групи, го повлече својот персонал поради безбедносни причини, јавија француските медиуми повикувајќи се на безбедносни претставници. „Тоа е привремено повлекување. Тие се загрижени за ситуацијата на Блискиот Исток“, рече првиот претставник. Вториот претставник рече дека „целиот персонал на мисијата е повлечен“, освен мал ...
Властите во Тенерифе активираа вонредни мерки бидејќи бурата Тереза донесе дождливо, ветровито и зимско време на Канарските Острови. Настаните на отворено се откажани, патиштата се затворени и некои летови се откажани, додека предупредувањата за лоши временски услови ќе останат на сила во текот на викендот, објавува Би-Би-Си. Значителни количини снег веќе наврнаа на поголемите надморски височини во централниот дел на островот, околу вулканот ...
Путин го гаси интернетот во Русија во момент кога војната против Украина влегува во уште подолга и понеизвесна фаза, а анализата на EuAlive ја чита таа ескалација не како демонстрација на сила, туку како знак на страв во Кремљ. Повикана и на известувањето на Ројтерс, анализата посочува дека во изминатата недела мобилниот интернет секојдневно бил прекинуван или сериозно попречуван во делови од Москва, Санкт Петербург и други големи градови, ...
Шпанија подготвува итен пакет за индиректни даноци за да го ублажи инфлациското влијание од ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, со главна мерка за намалување на ДДВ-то на горивото од 21% на 10%. Исто така, се разгледува намалувањето на ДДВ-то за основните прехранбени производи, јавуваат шпанските медиуми. Овој потег има за цел моментално олеснување на цените на бензинските пумпи. Заедно со намалувањето на ДДВ, се очекува владата да ги ...
Руската Дума планира да усвои измени на законот што ќе им овозможат на руските вооружени сили да бидат вклучени во ослободувањето и заштитата на руските граѓани кои се затворени, уапсени или под истрага во „непријателска“ странска земја, објави денес Думата. Одлуката за вклучување на армијата со цел заштита на руските граѓани во странство ќе ја донесе претседателот на Русија, Владимир Путин. Ангажманот за заштита на руските граѓани се ...
Хакери поврзани со руската разузнавачка служба ги таргетираат корисниците на популарни апликации за пораки како „Сигнал“, соопштија во петокот Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и Агенцијата за сајбер и инфраструктурна безбедност (ЦИСА). Во заедничко предупредување се наведува дека хакерите успешно провалиле во илјадници кориснички сметки, пишува „Ројтерс“. Таргетирани се високо рангирани лица Според објавените информации, нападите се ...
Откако ја презеде функцијата во јануари, претседателот Трамп изрази интерес за рестартирање на разговорите со Ким Џонг Ун, со кого се сретна на серија неуспешни самити за денуклеаризација во 2018 и 2019 година. Но, надежите на Трамп за втора рунда со севернокорејскиот диктатор ги олади никој друг туку Ким Јо Џонг, моќната помлада сестра на севернокорејскиот лидер. Во изјава објавена од државната Корејска централна новинска агенција во ...
Oд друга страна, американски функционери за Си-ен-ен изјавиле дека Пентагон почнува со прераспроредување на илјадници американски маринци и морнари на Блискиот Исток, додека војната со Иран е на прагот да влезе во својата четврта недела Во објава на Трут соушл, америнанскиот претседател вели дека Ормускиот теснец ќе мора да биде чуван и контролиран, но тоа треба да го прават земјите што го користат, а САД, како што додава, не се меѓу нив ...
Тројца мажи се изјаснија за невини по обвинението за заговор за силување и сексуални напади на жена која претходно била дрогирана од нејзиниот сопруг во Велика Британија. Случајот е дел од поширока истрага во која сопругот, маж во 60-тите години, е обвинет за серија сериозни злосторства против неговата сопруга во текот на повеќе од две децении, објави Скај њуз. Главниот обвинет, маж од областа Стокпорт кој не може да се идентификува за да ја ...
Добивај вести на Viber Новинарска екипа за малку ќе загинеше во израелски напад на Либан. Руски новинар и неговиот снимател се повредени откако израелски напад се случил едвај десет метри од нивната локација за снимање во јужен Либан. Нападот е снимен со камера, а на него се гледа како дописникот, Стив Свини, се крие додека облаци чад го покриваат регионот. Дописникот, Стив Свини, и неговиот снимател, Али Рида, снимале во близина на мостот ...
Добивај вести на Viber Само шест од 32-те членки на НАТО, вклучувајќи две балкански земји, отворено ги поддржуваат нападите на САД и Израел врз Иран, додека повеќето сојузи одбиваат да учествуваат и се залагаат за повоздржан пристап. Двете балкански и две балтички држави, заедно со Чешка и Канада, се единствените 32 членки на НАТО кои јавно изразија поддршка за нападите на САД и Израел врз Иран, бидејќи претседателот Доналд Трамп се соочува ...
Очекуваме прва финансиска помош од ЕУ во април, изјави украинскиот претседател, нагласувајќи дека европските лидери работат на изнаоѓање решение за деблокирање на средствата наменети за Украина. Тој посочи дека во изминатиот период имал разговори со претставници на Европската Унија и Европската комисија, при што биле разгледани конкретни механизми за исплата на првата транша од финансиската поддршка за 2026 година. Станува збор за дел од ...
Украина стана полигон за тестирање на хуманоидните роботи Phantom MK-1, кои американскиот стартап Foundation ги испраќа на фронтот. Овие роботи извршуваат извидувачки и задачи со висок ризик, додека човечките оператори ја задржуваат контролата врз смртоносните одлуки. Украина стана епицентар на тестирање на нови воени технологии, а американските хуманоидни роботи Phantom MK-1 сега го имаат своето деби на бојното поле. Со висина од 175 ...
Добивај вести на Viber Шест водечки светски сили изразија подготвеност да испратат свои воени капацитети и логистика за да го осигураат слободниот проток на стоки низ Ормутскиот теснец. Текстот го потпишаа Обединетото Кралство, Франција, Германија, Италија, Холандија и Јапонија. Коалицијата предводена од западните сили, во соработка со регионалните партнери, планира распоредување на модерни воени бродови, надзорни беспилотни летала и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп од новинарите дозна дека почина актерот Чак Норис. Трамп беше на тревникот на Белата куќа во придружба на американскиот државен секретар Марко Рубио кога им се обрати на новинарите: – О, тој почина. Не го знаев тоа. Мислам дека беше одличен човек – рече Трамп. – Тој беше ваш поддржувач – забележа новинарот. – Да, беше. Тој беше навистина жилав човек. Не сакавте да се борите со него. Штета е. Испратете ...
Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека не гледа непосредни безбедносни закани за Италија и покрај предупредувањата на Иран за можни напади врз туристички дестинации. Тајани оцени дека иранските закани се „многу неодредени“, но дека, како што истакна, „не треба да се потценуваат“. Тој нагласи дека италијанските безбедносни и разузнавачки служби ја зголемиле контролата од почетокот на конфликтот, ...
Обединетите Арапски Емирати пресретнаа три балистички ракети и осум дронови лансирани од Иран во саботата, соопшти Министерството за одбрана. Во објава на социјалната мрежа X, Министерството ги презентираше вкупните податоци од почетокот на конфликтот. „Од почетокот на отворената агресија на Иран, воздушната одбрана на ОАЕ ангажираше 341 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и 1.748 дронови. Овие напади резултираа со маченичка смрт на ...
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) повика на воздржаност откако Израел и САД нападнаа објект за збогатување ураниум во централен Иран. Според извештајот на иранската новинска агенција Тасним, целта на нападот во саботата бил објектот Натанз, кој се наоѓа помеѓу Техеран и Исфахан. Агенцијата, исто така, соопшти дека не е откриен радиоактивен материјал и дека населението не е изложено на ризик. МААЕ во саботата објави ...
Израелски софтвер за надзор, кој Мосад го користел за да го пронајде и убие ајатолахот Хамнеи во Иран, е пронајден и во руските надзорни и сообраќајни камери. Неодамна, „Фајненшл тајмс“ објави дека израелската разузнавачка служба ги хакирала иранските видео надзорни системи, откривајќи ги локациите на врвни ирански функционери, вклучувајќи го и претседателот. Софтверот „Kosher BriefCam“ го користат приватни изведувачи во Велика Британија од ...
Материјал базиран на глина, биојаглен и акриламидно врзивно средство достигнува 17 MPa за три дена и над 40 MPa за десет, без портланд цемент, што го прави идеален за 3Д печатење. Иако често слушаме дека 3Д печатењето бетонски куќи го забрзува процесот на градење, сепак потребни се до 28 дена за бетонот целосно да ја развие својата компресивна цврстина. Овој нов материјал за печатење е подготвен за употреба за само три дена. Оваа значајна ...
Добивај вести на Viber Укинувањето на санкциите за иранската нафта би овозможило испорака во Азија во рок од три или четири дена, изјави американскиот министер за енергетика Крис Рајт. „За неколку дена, за три или четири дена, таа нафта ќе почне да пристигнува во пристаништата“, рече Рајт во интервју за американската мрежа „Фокс бизнис“, пренесува „Ројтерс“. Рајт рече дека несанкционираната нафта потоа ќе биде рафинирана и пласирана на ...
Добивај вести на Viber Додека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток ги потресува глобалните енергетски пазари, град во јужен Бразил планира да го користи поголемиот дел од својата општинска флота на иновативно домашно биогориво дизајнирано целосно да го замени дизелот. Градот Пасо Фундо, во бразилската држава Рио Гранде до Сул, сместен во огромни полиња со соја, имплементира дизел алтернатива за својата општинска флота направена од ...
Европската комисија го претстави долгоочекуваниот сет правила, познат како „Режим на 28“ или „EU Inc.“, со цел основањето и работењето на компаниите во Европа да биде побрзо, поедноставно и поевтин Според предлогот, основањето компанија во која било од 27-те земји-членки на ЕУ би можело да трае помалку од 48 часа, да биде целосно онлајн и да чини помалку од 100 евра. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека ...
Кина му понудила на Тајван енергетска стабилност во замена за „повторно обединување“ со Пекинг, објави „Ројтерс“. Спортед агенцијата, официјален Пекинг порачал дека е подготвен да му обезбеди на островот „стабилна и сигурна енергија“ доколку се случи обединување поради светската криза во снабдувањето со енргенси предизвикана од војната на Блискиот Исток. Ставот на Кина е дека мирното обединување би ги решило енергетските проблеми на Тајван со ...
Добивај вести на Viber Владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум, одобри доделување на 4.631 станбени парцели за граѓаните на Емиратите, како дел од континуираните напори на владата за подобрување на квалитетот на живот и обезбедување стабилно домување за локалното население. Вкупната вредност на овој проект се проценува на околу 5,3 милијарди дирами (околу 1,35 милијарди евра), а земјиштето зафаќа површина од повеќе од 6,6 ...