Искусниот напаѓач Раул Хименез со погодок го отвори својот последен Мундијал во кариерата. Фудбалерот на Вулверхемптон беше стрелец за зголемување на водството на својата репрезентација на 2-0 во дуелот против Јужна Африка, потврдувајќи ја својата класа на големата сцена. Овој погодок имаше и дополнителна тежина, бидејќи беше негов прв во кариерата на еден голем планетарен собир. Сепак, моментот по голот беше уште повпечатлив од самиот ...

Шпанските репрезентативци Ламин Јамал и Нико Вилијамс повторно тренираат со националниот тим пред стартот на Светското првенство. Двајцата фудбалери изминатите денови работеа по посебна програма поради повреди, но сега се приклучија на редовните тренинзи на репрезентацијата, што претставува големо олеснување за селекторот Луис де ла Фуенте. Шпанија е сместена во тренинг-базата во Чатануга, во американската сојузна држава Тенеси, каде што ги ...

Мексиканската актерка Салма Хајек Пинолт денес ја поздрави публиката на тревникот на стадионот Ацтека и официјално го означи почетокот на Светското првенство во фудбал во 2026 година. Церемонијата започна околу 90 минути пред првиот натпревар од турнирот помеѓу Мексико и Јужна Африка, реприза на првиот натпревар од 2010 година. З аедно со говорот на Салма Хајек, на сцената настапија Шакира, Бурна Бој, Џ. Балвин, Белинда, Лила Даунс, Алехандро ...

Милан и натаму продолжува со потрагата по нов тренер. И покрај медиумските извештаи, сè уште не е донесена никаква одлука за назначувањето на Оливер Гласнер како наследник на Алегри на клупата на „роисонерите“, пишува инсајдерот Фабрицио Романо. Матијас Јаjсле од Ал Ахли и поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, исто така се разгледуваат како кандидати. Според новинарот Матео Морето, Гласнер почнал да губи во трката за ...

Пред почетокот на натпреварот, кој воедно го отвора и Светското првенство 2026 помеѓу Мексико и Јужна Африка, беше забележана интересна новина во протоколот. Двете репрезентации излегоа на теренот во сосема нов распоред, каде што сите играчи, и стартерите и резервите, заедно отидоа на центарот на теренот. Комплетните претставници на двете селекции се собраа околу знамето на својот тим. На овој начин, сите играчи ги слушаа химните на своите ...

Кафу важи за еден од најдобрите десни бекови во историјата на фудбалот и тој беше дел од последната генерација на Бразил која освои Светска титула, онаа во 2002-ра година која беше најдобра во Кореа и Јапонија. Во својата блескава кариера, Кафу во два наврати беше светски шампион, но бидејќи Бразилците чекаат за најпосакуваниот трофеј цели 24 години, се поставува прашање дали Карло Анчелоти може да направи нешто поразлично од неговите ...

Еден од навивачите на селекцијата на Мексико доживеа срцев удар непосредно пред почетокот на натпреварот од 1. коло од Групата А против Јужна Африка на Светското првенство. Несреќниот човек бил на пат кон натпреварот, стигнал до влезот, а потоа доживеал срцев удар. Лекарите брзо реагирале, а драматичните сцени биле снимени со камера. Навивачот е итно префрлен во болница. Засега нема информации за неговата здравствена состојба. ВНИМАНИЕ: ...

Репрезентацијата на Јапонија претрпе сериозен удар непосредно пред настапот на Светското првенство, откако капитенот Ватару Ендо се повлече од националниот тим поради повреда. Веста ја потврди Јапонскиот фудбалски сојуз, кој соопшти дека искусниот 33-годишен фудбалер нема да може да настапи на Мундијалот поради проблемите со закрепнувањето по операцијата на стапалото што ја имаше во февруари годинава. Ендо не успеа целосно да се врати во ...

Антонио Валенсија одбележа убава ера во Манчестер Јунајтед и заврши на „Олд Трафорд“ како капитен на тимот, а како човек кој секогаш беше препознатлив по својот професионализам и напорна работа, посакува да гледа такви играчи во актуелниот тим на Мајкл Карик. Таков профил на фудбалер дефинитивно беше Касемиро кој реши да си замине, а во период кога се бара замена за Бразилецот, Валенсија препорачува играч кој е негов сонародник. Челси плати ...

Капитенот на чешката репрезентација Ладислав Крејчи верува дека тимот ќе ги продолжи добрите настапи од неодамнешните натпревари и на Светското првенство. Тој вечерва ќе се соочи и со својот соиграч од Вулверхемптон, Хванг Хи-чан, во дуелот против Јужна Кореја. „Подготвени сме, возбудени и едвај чекаме сè да започне“, рече Крејчи пред тренингот пред натпреварот. Чешка е во серија од шест натпревари без пораз пред да влезе на Мундијалот, ...

Со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка стартуваше 23-то Светско првенство во фудбал, а веќе во воведната фаза на мечот, се доби впечаток кој тим ќе се прашува за сите работи на теренот. Кодомаќинот на мундијалот отвори максимално агресивно и со силниот пресинг им направи проблеми на играчите од Јужна Африка, па по неискористената шанса на Раул Хименез, следеше голема грешка на гостите. Киксот во потесната одбрана му овозможи на Кињонес да ...

Светското првенство започна вечерва со натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Мексико и Јужна Африка на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити. Над 80.000 луѓе се присутни на отворањето на Светското првенство. Секако, медицинските служби имаа полни раце работа уште пред почетокот на натпреварот. Вистинската драма се одвиваше пред самиот стадион, кога амбулантно возило мораше да се пробива до навивач за да му пружи помош. На социјалните ...

Само девет минути беа потребни за првиот гол на Светското првенство. На „Ацтека“ домашната селекција на Мексико рано поведе на натпреварот против Јужна Африка, а мразот го скрши Јулијан Кинонес. По една грешка на одбраната на Јужноафриканците, искусниот напаѓач прво ја украде топката, а потоа биеше итро и донесе водство за својата селекција и огромна радост на трибините. Goalllll Mexico!!! JULIAN QUINONES WITH THE FIRST GOAL OF THE 2026 WORLD ...

Сосема очекувано, Мексико успеа да поведе на дуелот со Јужна Африка на отворањето на Светското првенство. „Ацтека“ експлодираше во 9. минута кога Кињонес успеа да ја казни грешката на африканската селекција, и поведе со 1-0. И покрај тоа што Јужна Африка ја имаше топката, сепак, одбраната направи огромна грешка и овозможи Мексико да слави рана предност. Претходно Мексиканците имаа прилика и порано да го дојдат до предност, но голманот на ...

По состанокот во Мексико Сити, ФИФА објави радикални промени во Правилникот за трансфери, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2027 година. Новите одредби, кои се резултат на двегодишни преговори и судски спорови со синдикатот на играчи FIFPro, лигашките здруженија и европските клубови, внесуваат револуција во системот што беше воспоставен во 2001 година. Меѓу најважните иновации се задолжителниот удел на играчот во надоместокот за трансфер и ...

Стандардниот првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Хофенхајм, Оливер Бауман, чекаше шанса да стане прв голман на германската репрезентација. Откако Мануел Нојер се збогуваше во 2024 година, голманот на Хофенхајм ја искористи шансата меѓу неколку кандидати и ја презеде позицијата број еден. Одличниот голман требаше да биде прв избор на Јулијан Нагелсман и на Светското првенство. Бауман сонуваше за тој момент, но Мануел Нојер лично ...

Селекторите Хавиер Агире и Хуго Брос ги објавија стартните состави за првиот натпревар на Мундијалот, а во очи паѓаат неколку важни одлуки кај домаќинот. Во почетниот тим на Мексико нема место за Едсон Алварез, додека напаѓачот на Милан, Сантијаго Хименез, ќе ја чека својата шанса од клупата. Меѓу резервите е и искусниот голман Гиљермо Очоа. Мексико ќе настапи во формација 4-1-4-1: Рангел; Рејес, Монтес, Васкез, Гаљардо; Лира; Алварадо, ...

Во исчекување на стартот на возбудувањата на Светското првенство, од Европа стигна една инзненадувачка вест. Португалскиот тренер Рубен Аморим е сериозен кандидат за нов тренер на Милан. Според информациите што се појавија во италијанските медиуми, контактите меѓу двете страни веќе постојат, а преговорите се во тек со цел да се најде заеднички договор за следната сезона. Аморим во последните години се појави како еден од најинтересните млади ...

Лотар Матеус верува дека овој тим на Јулијан Нагелсман може да го поправи впечатокот од последните две Светски првенства и очекува подобар резултат, но сепак вели дека „Ди Машафт“ нема да најде лек за својата „црна мачка“. Германија во поновата фудаблска историја загуби многу важни натпревари од Шпанија, а после контроверзната елиминација на Европското првенство пред две години, Матеус смета дека Гермаците сега ќе загубат од европскиот првак ...

Жозе Мурињо и официјално е назначен за главен тренер на Реал Мадрид. Неговиот договор е до 30 јуни 2029 година, објави мадридскиот гигант. „Управниот одбор на Реал Мадрид, кој се состана денес, четврток, 11 јуни, под претседателство на Флорентино Перез, одлучи да го назначи Жозе Мурињо за главен тренер на првиот тим за следните три сезони, до 30 јуни 2029 година. Жозе Мурињо ќе му се придружи на Реал Мадрид на 13 јули, денот кога започнуваат ...

Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул по две години поминати на клупата на англискиот гигант. Холандскиот стручњак си заминува само една година откако го освои англиското првенство во својата дебитантска сезона, а негов наследник ќе биде Андони Ираола. Иако Ливерпул ја заврши сезоната на петтото место во Премиер лигата, што беше доволно за квалификација во Лигата на шампионите благодарение на дополнителното место што Англија го доби преку ...

САД, Мексико и Канада се домаќините на 23-то Светско првенство во фудбал, а еден од кодомаќините ја доби привлегијата да го отвори големиот спортски настан. Во моменти кога трае официјалната церемонија по повод отворањето на мундијалот, пристигнаа и првите стартни постави од двете селекции кои ќе истрчат на теренот, односно домаќинот Мексико и Јужна Африка. Искусниот стручњак Хавиер Агире се одлучи за неколку изненадувања во стартната ...

Актуелниот шампион и освојувач на Купот на Македонија, КМФ Проект, продолжува со формирањето на тимот за новата сезона и настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Димитар Јанев останува во шампионскиот состав и следната сезона, кој важи за еден од играчите кои во изминатите години израсна во важен дел од Проект. Јанев веќе пет сезони го носи зелено-црниот дрес и е еден од играчите кои заедно со клубот го минуваа патот до врвот на ...

На Ролан Гарос, тенисерите беа бесни поради недоволниот награден фонд, дури се спомена и бојкот, но на крајот заврши со благи мерки кои не влијаеја на ништо, како што е скратување на прес-конференциите на 15 минути. Сепак, неколку водечки играчи изјавија дека очекуваат одговор од Вимблдон, а Ол Ингланд Клубот го објави наградниот фонд за 2026 година – рекордни 64,2 милиони фунти, што е зголемување од 20 проценти во однос на минатата година. ...

Светското првенство во фудбал пристигнува со нова димензија! Најголемиот Мундијал во историјата ќе донесе незаборавни натпревари, нови херои и спектакуларни моменти од трите земји домаќини – Канада, Мексико и САД. Следете нè секој ден за анализи, приказни и сè што треба да знаете за патот кон светскиот фудбалски трон! Последна за презентација за Мундијалот е Групата Л, во која за првите места главниот збор ќе го имаат Англија и Хрватска, а ...

Денеска со нетрпение го чекаме почетокот на Светското првенство, а додека ги гледаме натпреварите, можеби понекогаш ќе се запрашаме што има на чиниите на фудбалските ѕвезди кога ќе заврши играта? Зад врвните перформанси лежат навики, традиции и омилени јадења што им даваат енергија на играчите или едноставно чувство на дом. Некои посегнуваат по внимателно планирани оброци прилагодени на врвниот спорт, други повремено се препуштаат на ...

Првиот техничар на македонската одбојкарска репрезентација, Ѓорги Ѓоргиев следната сезона ќе го носи дресот на Црвена Звезда. Како што потврдија вечерва од српскиот клуб, Ѓиргиев доаѓа како нивно големо засилување. „Големо задоволство е да објавиме добредојде за новио техничар на Црвена Звезда, искусниот македонски репрезентативец Ѓорги Ѓоргиев. Ѓоргиев во Црвена Звезда доаѓа од екипата на Алтерн од Франција“, напишаа од ОК Црвена Звезда. ...

Светскиот и европски шампион со шпанската репрезентација, Икер Касиљас, покренал судска постапка против Порто, барајќи делумно обесштетување поради инвалидитет, пренесува шпанскиот весник „Ас“. Касиљас поднел тужба пред португалски суд во која бара 3,7 милиони евра обесштетување за нарушеното здравје и за принудниот крај на неговата професионална кариера. Поранешниот голман смета дека клупскиот лекар на Порто погрешно го уверувал дека ...

Аргентина ја има улогата на актуелен светски првак и ќе се обиде тој примат да го задржи и во следните четири години. Непосредно пред почетокот на Мундијалот, селекторот на Гаучосите Лионел Скалони, испрати порака до навивачите, потенцирајќи дека неговиот тим ќе даде сè од себе во одбраната на титулата. „Кога тимот ќе излезе на теренот, сè се претвора во спектакл – и во одбраната и во нападот. Можеме да гарантираме дека ќе се бориме до ...

Во денешниот свет, сè поретко доживуваме заеднички моменти. Секој живее во својот свет, со свои интереси и приказни. Она што го гледаш ти на телефон е сосема различно од она што го гледа твојот пријател. Останаа малку работи што можат да го свртат вниманието на целата планета кон едно место. Токму затоа Светското првенство е посебно. Без разлика дали живееш во Скопје, Буенос Аирес, Токио или Казабланка, без разлика дали навиваш за фаворитот ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.46
51%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
78%
1017
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.17
87%
1016
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.2
78%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
3.86
84%
1014
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
0.78
81%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
59%
1014
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.06
62%
1015
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.28
65%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
2.58
61%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
64%
1015
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 21ᴼ
1.62
55%
1013
Currency

61.645

Currency

53.1136

Currency

71.3519

Currency

37.6014

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Бакар

13.10

Родиум

257205.97

Сребро

2269.46

Паладиум

42535.44

Алуминиум

3.46

Платина

57324.78

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59