Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Црвена ѕвезда на свој терен изненадувачки одигра само 1:1 против Радник во меч од 14 коло на Суперлигата во Србија. За актуелниот првак ова е трет кикс во низа, односно да не победи, откако претходно одигра 0:0 на гости во Ниш против Раднички, а загуби од Војводина во Нови Сад со 2:3. И покрај денешното реми против 12-то пласираниот Радник , Црвена ѕвезда останува лидер на табелата со 32 бодови, само еден повеќе од вечниот ривал Партизан. По ...
Екипата на Болоња ја продолжува низата без пораз во Серија А, откако вечерва славеше на гостувањето кај Парма со конечни 1-2 (1-1) во натпреварот од десеттото коло. Мечот започна лошо за гостите, затоа што домаќините поведоа уште во првата минута преку Шпанецот Адриан Бернабе Гарсија, но потоа со одлична игра и целосен пресврт се изборија за нови три бода. Аргентинецот Сантијаго Кастро режираше пресврт со по еден погодок во двете полувремиња, ...
Турското фудбалско дерби помеѓу Бешикташ и Фенербахче, кое заврши со победа на гостите со 2:3, беше обележано со тензии, кои кулминираа со инцидент во првото полувреме. Откако атмосферата веќе беше напната поради црвените картони на дуото на Бешикташ, Оркун Кокчу и тренерот Серген Јалчин, за сериозни прекршоци, ѕвездата на Фенербахче, Марко Асенсио, беше удрен во главата со предмет фрлен од трибините. 29-годишниот шпански крилен напаѓач, ...
Драган Стојковиќ Пикси ја напушти функцијата селектор на Србија по четири и пол години, но 60-годишниот стручњак би можел многу брзо да се врати на работа. Тој е еден од кандидатите за клупата на репрезентацијата на Индонезија. Откако Патрик Клајверт ја напушти клупата на индонезиската репрезентација, Фудбалската федерација на оваа земја бара нов шеф на стручниот штаб. Еден од кандидатите наводно е Драган Стојковиќ, до неодамна селектор на ...
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо по победата над Валенсија од 4-0, го коментираше натпреварот, и промашениот пенал на Винисиус при 2-0, кога Бразилецот не успеа да го совлада Хулен Агирезабала, кој му го одбрани пеналот. Алонсо рече дека Винисиус не требало да го изведе пеналот, но не му замери што не го реализираше. „Штета што го промаши пеналот, затоа што можеше многу порано да биде 3-0 за нас, а потоа Белингем го поситгна голот. ...
Фудбалерите на Манчестер сити им се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва во последниот меч од денешната програма од 10. коло во Премиерлигата славеа над Бормут со 3-1. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Ерлинг Халанд во 17. минута. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Адамс во 25. минута, а до крајот на првиот дел Халанд со својот втор гол во 33. минута донесе ново водство за „граѓаните“ од 2-1. Конечните 3-1 ги ...
Кошаркарот на Атланта, Треј Јанг, ќе отсуствува најмалку четири недели поради повреда на коленото, објави кошаркарскиот клуб. Јанг се повреди пред четири дена на мечот против Бруклин, по што лекарските прегледи покажа дека ќе биде отсутен од терените најмалку до почетокот на декември. „Јанг беше подложен на магнетна резонанца, која потврди истегнување на лигаментите на десното колено. Играчот започна рехабилитација и ќе биде повторно достапен за ...
Поранешниот НБА кошаркар Малачи Флин ја доживеа навивачката атмосфера во Турција на своја кожа. Во шестото коло во ЕвроКупот против Бурсаспор, Флин одигра натпревар кој ќе го памети: 36 поени со седум погодени тројки од десет обиди, а последната, онаа најважната, влезе во мрежата на 7,2 секунди до крајот. После тоа Бахчешехир го одбрани последниот напад на домашните, по што Флин во еуфорија ја фрли топката кон еден навивач. Навивачот му ја врати ...
Во директната битка за второто место на табелата, Пеп Гвардиола уште еднаш покажа дека нема преголеми проблеми кога игра против Борнмут, бидејќи неговиот Манчестер Сити запиша нова победа против премиерлигашот кој знае да биде незагоден за големите фаворити. Тимот на Андони Ираола обично не наоѓа решение за „граѓаните“, а таков беше случајов и вечерва на „Итихад“ во натпревар во кој најрасположени за игра беа Рајан Шерки и Ерлинг Халанд. Во ...
Манчестер сити славеше на свој терен против Борнмут со 3:1 во меч од 10. коло на Премиер лигата. Со оваа победа Сити се искачи на второто место на табелата, додека Борнмут сега падна на четвртата позиција. Ерлинг Халанд е херојот на Сити, постигнувајќи два гола и тоа во првото полувреме. Голгетерот на Сити ја отвори серијата погодоци во 17 минута. Тој погодок може да го видите ТУКА. Борнмут покажа зошто е во самиот врв на табелата и брзо врати. ...
Интер со многу мака ја скрши Верона и победи благодарение на автогол во 94-та минута, а поразот од 1:2 посебно тешко им падна на домашните навивачи и фудбалери, пред се и поради една спорна ситуација во вториот дел. При резултат 1:1, дисциплинираните играчи на Верона се обидуваа да дочекаат шанса преку контра, па иако дојде до такво нешто, акцијата беше прекината од Бисек. Дефанзивецот на Интер со остар старт го собори Џиоване и режираше старт ...
Да. Лесно му е на Манчестер Сити кога во нападот го има “ѕверот“ Ерлинг Халанд. Имено во дербито на десеттото коло од Премиер лигата, Манчестер Сити го пречека Борнмут, второпласираниот тим досега, и го презеде второто место од нив со победа од 3:1. Нема што, „Граѓаните“ изгледаа одлично, поточно, играа онака како што сака Пеп Гвардиола и стигнаа до заслужена победа.Стрелец на два гола беше Халанд и сега има 13 во сезоната по ова 10.коло. Во ...
Фудбалерите на Ленс се пробија до третото место во француската Лига 1, откако славеа со сигурни 3-0 (1-0) над екипата на Лориент во натпреварот од единаесеттото коло. Творци на триумфот за домашниот тим беа Одсон Едуард, Самсон Баиду и Весли Саид, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња, носејќи важни три бода за својот колектив. Ленс сега има 22 бода на табелата, два повеќе од четвртопласираниот Лил, кој со минимални 1-0 го надигра Анжер. ...
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25. Избраниците на селекторот ...
Актуелниот шампион на Србија, Црвена Звезда, продолжува да се мачи во домашното првенство. Во натпреварот од 14. коло на Суперлигата, белградскиот гигант ремизираше на домашен терен против Радник од Сурдулица со резултат 1-1, што е нивен трет кикс во тековната сезона. Иако беа апсолутен фаворит, избраниците на тренерот не успеаја да ја потврдат улогата на најсилен тим во лигата. Првото полувреме помина без поголеми возбудувања, со доминација во ...
Вејн Руни како редовен аналитичар на Премиер лигата е доста актуелен во јавноста, а во последно време, последно на тапет му се најде актуелниот шампион Ливерпул. Четирите порази во низа во Премиер лигата донесоа низа критики за Арне Слот и неговите најдобри фудбалери, но поискусните премиерлигашки легенди решија вината да ја бараат кај најискусните играчи во тимот, а не кај новајлиите. Руни го доведе во прашање лидерскиот капацитет на капитенот ...
Уф, каква сензација на “Маракана“? Уф. Каква бламажа? Каков срамен настап на Ц. Звезда и тоа против Радник Сурдулица, против еден од најслабите тимови во елитната лига во Србија. Ц. Звезда – Радник 1:1 е сензационалнот резултатсо што и дефинитивно е јасно дека српскиот шампион е во страшна криза. Во овој клуб вложени се тешки милиони евра, а играчите на овој клуб не можат да го победат еден Радник од Сурдулица. Ова е невидена брука, ова е трет ...
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изрази големо задоволство по гостинската победа од 2-0 против Барнли, која ги врати „топчиите“ на врвот на Премиерлигата. Лондонскиот тим одигра уште еден брилијантен натпревар и создаде безброј добри шанси, но стратегот смета дека е рано за било каква еуфорија и повика на смиреност кај играчите. „Начинот на кој ја започнавме средбата беше фантастичен. Мислам дека во првото полувреме бевме извонредни. ...
Еспањол пропушти убава можност да стигне до третата победа во низа во Ла Лига, бидејќи беше поразен во натпреварот од 11-то коло на гостувањето кај Алавес со 2:1. Гостите од Барселона имаа шанса да се приближат на бод од местото што води во Лигата на шампионите со триумф во Баскија, но попладнево наидоа на расположен домаќин, кој го реши прашањето за победникот веќе во првото полувреме. Алавес поведе во петтата минута со голот на Денис Суарез, ...
Трите победи по ред беа брзо заборавени. Њукасл Јунајтед доживеа непријатен пораз од 3-1 на гостувањето кај Вест Хем, ставајќи крај на добрата серија на тимот од северот на Англија. Иако Џејкоб Марфи донесе рано водство во 4. минута, „Чеканите“ направија целосен пресврт. Лукас Пакета израмни (35’), пред несреќниот автогол на Свен Ботман (45’) да донесе водство за домаќините. Томас Соучек (90+7’) го потврди триумфот во судиското надополнување. ...
Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен ја заврши финансиската година со рекордни приходи од 978,3 милиони евра, што претставува раст од 2,8 проценти во однос на претходната година. Само еден ден по деветтата последователна победа во Бундеслигата, Баерн одржа Годишнo собрание, на коe беа презентирани финансиските резултати. Најголем раст е забележан кај приходите од натпревари (260,7 милиони евра), спонзорства и маркетинг (240,4 милиони евра) ...
Екипата на Хераклес по првите 10 кола во холандското првенство имаа само една победа и дури девет порази. Во тие 10 меча, Хераклес даде само седум погодоци, а прими дури 30, па сосема заслужено е закован на последното место на табелата. Токму поради овие статистички податоци, сигурно никој не веруваше дека Хераклес денеска може да стигне до една од најубедливите победи. На домашен терен Хераклес го пречека тимот на Цволе и почетокот не беше ...
Познатиот НБА инсиндер Шамс Чаранија откри дека неколку тимови од лигата внимателно го следат односот меѓу Џа Морант и Мемфис Гризлис, разгледувајќи можност за потенцијален трансфер доколку напнатоста во клубот продолжи. Суспензијата на Морант дојде по поразот на Мемфис од Лос Анџелес Лејкерс, кога ѕвездата на тимот во изјавите по натпреварот отворено го критикуваше тренерот Томас Исал и стручниот штаб. Пред суспензијата, Морент настапи на сите ...
Голден Стејт Вориорс доживеа пораз од Индијана Пејсерс од 114:109, пораз кој беше втор во низа, вкупно трети во седмиот сезонски натпревар во НБА лигата. „Воините“ се доста искусна екипа, но покажуваат некои слабости кои мора да бидат елиминирани ако сакаат да се борат за висок пласман. Негативниот резултат против ослабената Индијана за која ова пак беше прва победа во натпреварувачката 2025/2026, донесе коментари од тренерот Стив Кер кој посочи ...
Фудбалерите на Вест Хем јунајтед по долго време стигнаа до полн плен во домашниот шампионат откако денеска во интересен натпревар го изненадија Њукасл со 3-1 во меч од 10. коло од Премиерлигата. Гостите уште во 4. минута стигнаа до водство од 0-1 со голот на Марфи. Домаќините израмнија на 1-1 преку Лукас Пакета во 35. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-1 откако автогол си постигна Ботман во петтатата минута од судиското надополнување. Во ...
Пелистер остана перфектен и по петтото суперлигашко коло откако битолчани славеа со убедливи 76-100 на гостувањето во Скопје против КК Ангели. Очекувано, „зелено-белите“ имаа целосна кoнтрола и над играта и над резултатот, а убедливото водство овозможи и гостите да сочуваат дел од силите за наредниот предизвик – домашниот дуел од ФИБА Европа купот против Цедевита јуниор закажан за среда во Битола. Ангели имаше водство 0д 5-3, единствена предност ...
Еден од најдобрите македонски фудбалери Бојан Миовски и неговиот Ренџерс продолжуваат со лошите партии, откако денеска беа поразени од најголемиот ривал Селтик по продолженија со 3-1 во полуфиналето на шкотскиот Лига куп. Селтик поведе со 1-0 со голот на Кени во 25. минута, a до крајот на првиот дел Ренџерс остана и со фудбалер помалку откако директен црвен картон доби Асгард во 36. минута. Македонскиот интернационалец натпреварот го почна од ...
Ѕвездата на Атланта Хокс, Тре Јанг, заработи повреда на десното колено за време на натпреварот против Бруклин Нетс, а по деталните прегледи беше потврдено дека се работи за истегнување на медијалниот колатерален лигамент (МЦЛ). Mагнетната резонанца открила истегнување на МЦЛ лигаментот во десното колено, поради што Јанг ќе биде повторно прегледан за четири недели. Се очекува да го пропушти цел ноември, а неговото враќање на терените ќе зависи од ...
Неверојатни сцени ни доаѓаат од германската Бундеслига. На натпреварот помеѓу Келн и Хамбургер, се случи нешто што навистина ретко се гледа во фудбалот. Треба да се провери, но можно е гостинскиот играч Имануел Фераи да постави нов неславен рекорд во лигата. Доби шанса да втрча на теренот во 77. минута, и успеа да го направи невозможното. Најпрво заработи прв жолт картон во 78. минута, а веднаш потоа направи нов несмасен лизгачки старт, по кој ...
Италијанскиот тенисер, Јаник Синер го оправда статусот на голем фаворит и славеше над Фелик Оже-Алијасим во финалето на АТП Мастерсот во Париз. Синер ја потврди одличната форма и со 2-0 во сетови дојде до победа над Канаѓанецот. Средбата траеше скоро два часа, а резултатот на крајот беше 6-4, 7-6(4). The moment Jannik Sinner was crowned the Rolex Paris Masters champion 🇮🇹🏆#RolexParisMasters pic.twitter.com/CscidfkfzV — ROLEX PARIS MASTERS ...