Прволигашот Пелистер официјално го назначи Марјан Секуловски за нов шеф на стручниот штаб, кој ќе го предводи тимот во финишот од сезоната, во обид да се надмине кризата и да се исполнат клупските цели. Од битолскиот клуб порачаа дека следниот период е клучен и повикаа на целосно обединување – сите структури во клубот, како и градот, да застанат зад тимот во последните девет натпревари од шампионатот. Раководството решението за излез од ...
Пелистер експресно најде решение за тренерската позиција откако Милан Стојановски си поднесе оставка по последниот пораз од Струга ТЛ. За многумина очекувано, Марјан Секуловски е стратегот што ќе го води Пелистер во клучните битки за опстанок откако денеска потпиша договор со „зелено-белите“ до крајот на оваа сезона. Станува збор за поранешен играч на Пелистер кој неколку пати во минатото беше и тренер на битолчани, кој го прифати предизвикот ...
По вчерашната оставка на Милан Стојановски по поразот од Струга Трим Лум, ФК Пелистер не губеше време и експресно го назначи неговиот наследник. Одлуката на раководството е да се потпре на домашен кадар, новиот шеф на стручниот штаб е 53-годишниот Марјан Секуловски. Ова ќе биде враќање на Секуловски на клупата на матичниот клуб кој низ својата кариера го водеше во неколку наврати (последен пат во сезоната 2022/2023). Во изминатите осум месеци ...

