Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Ига Швјонтек е во длабока криза, најдлабока откако стана голема шампионка. До пред нешто повеќе од една година, најдобрата тенисерка на светот повеќе не е најдобра ниту во својата земја. Победничката на шест Гренд слем турнири беше поразена во првиот натпревар во Мајами од нејзината сонародничка Магда Линети, рангирана на 50-то место во светот, со 1:6, 7:5, 6:3. „Ова е најлошиот кошмар за сите, кога ќе изгубите ваков натпревар“ – разочарано ...
Тимот на Астон Мартин сака да го доведе Џонатан Витли од Ауди како нов шеф на тимот. Астон Мартин има многу проблеми оваа сезона, најмногу со погонската единица и резултатите, па затоа размислуваат за големи промени и замена на Адријан Њуи. Ова, секако, не би било казна, туку услуга за еден од најдобрите инженери на сите времиња, бидејќи Лоренс Строл и неговата компанија би го ослободиле Њуи од други должности и би го довеле Џонатан Витли ...
Кошаркарите на Денвер беа поразени од Мемфис со 125:118 во НБА лигата. Нагетс го забележаа 29-от пораз во сезоната и уште еднаш покажаа дека немаат капацитет да се вмешаат во борбата за трофејот оваа сезона. Мемфис од друга страна ја прекина серијата од осум порази, тие се 11-ти на Западот со мали шанси да изборат место во плејофот. На Денвер не им помогна уште една МВП партија на Никола Јокиќ, кој беше најдобар во со 29 поени, 14 скока и ...
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија одличната серија и ја забележаа седмата последователна победа, откако ги победија Хјустон Рокетс со 124:116. Ова е десетта победа за Лејкерс во последните 11 натпревари, а интересно е што го победија истиот тим два дена претходно со 100:92. Лука Дончиќ се истакна со 40 поени, 10 асистенции и девет скока. Поддршка доби од ветеранот Леброн Џејмс, кој додаде 30 поени и одигра еден од ...
Со едногласна одлука на сите клубови од англиската Премиер лига, цената на билетите за гостинските навивачи ќе биде ограничена на 30 фунти, или 38,4 евра, во следните две сезони. Оваа одлука е на сила 12 последователни сезони. Максималната цена на билетите од 30 фунти за гостинските навивачи во Премиер лигата беше воведена уште во 2016 година и придонесе за пополнување на трибините резервирани за нив од 82 до 91 процент. Клубовите од Премиер ...
Фудбалерот на Баерн, Хари Кејн, ги изрази своите очекувања за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Во осминафиналето, тимот од Минхен забележа убедлива победа над Аталанта со вкупен резултат од 10:2. Кејн, кој има 32 години, беше прогласен за најдобар играч на реваншот против италијанскиот тим (4:1), кој се случи синоќа на „Алијанц Арена“ во Минхен. „Нашиот следен противник е изключително тежок. Кога се игра ...
Холандскиот фудбалер Ноа Ланг проговори за прв пат откако доживеа бизарна, ретка и исклучително болна повреда на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Галатасарај. Ланг (26) доживеа повреда каква што досега не сме виделе во навидум безопасен судир со рекламен билборд. Неговиот палец се заглави меѓу два рекламни билборди и речиси му го пресече прстот на половина. Имаше крв насекаде, а фудбалерот го напушти теренот во солзи и на ...
Најголема ѕвезда на Детроит Пистонс, Кејд Канингем доживеа сериозен здравствен проблем (пневмоторакс) и го очекува долга пауза. Според, новинарот Шемс Чаранија, на Канингем му е дијагностициран колапс на белите дробови, поради што ќе биде надвор од теренот подолг временски период. Оваа вест е огромен удар за Детроит Пистонс, кои во голема мера се потпираат на својот лидер и најдобар играч, со кого цела сезона се на првото место во Источната ...
Неверојатниот Лука Дончиќ одигра еден од најдобрите натпревари во својата кариера, постигнувајќи 60 поени за да ги предводи Лос Анџелес Лејкерс до победа од 134:126 над Мајами Хит. Сцената на крајот од натпреварот кога тој стоеше на линијата за слободни фрлања, а противничките навивачи почнаа да скандираат „МВП!“, многу зборува за тоа каква партија играше Словенецот. „Мислам дека секој играч сака да го чуе тоа. Се наежив, беше навистина ...
Сардар Азмун, една од најголемите ѕвезди на иранскиот фудбал, е исфрлен од репрезентација поради потег што беше протолкуван како нелојалност кон режимот, објавија иранските медиуми. Азмун, кој игра во Обединетите Арапски Емирати за Шабаб Ал-Ахли, ги налути иранските власти со објавувањето фотографија на својот Instagram профил оваа недела од средбата со владетелот на Дубаи, Мохамед бин Рашид Ал Мактум. Иран неодамна испука ракети кон ...
Денвер Нагетс оствари тешка победа против Торонто Репторс со резултат 121:115, а Никола Јокиќ повторно ја презеде клучната улога. Српскиот центар го погоди клучниот шут за водство на 45 секунди до крајот на натпреварот, со што ја започна решавачката серија од 6:0 на Нагетс со која се реши победникот. Јокиќ го заврши мечот со 22 поена, 9 асистенции и 8 скокови, додека најефикасен кај актуелните шампиони беше фантастичниот Џамал Мареј со 31 ...
Кариерата на играчот од средниот ред на Баерн, Џамал Мусиала, би можела да биде во сериозна опасност поради неговото комплицирано закрепнување од сериозна повреда. Иако клубот од Минхен внимателно го следи неговиот напредок, расте загриженоста дека последиците би можеле да влијаат на продолжувањето на неговата кариера. Мусиала сè уште се опоравува од фрактурата на тибијата што ја заработи на Светското клупско првенство по судирот со голманот ...
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик (44), јавно го повика селекторот на англиската репрезентација, Томас Тухел (52), да ги вклучи Хари Мегваер (33), Лук Шо (30) и Коби Мејну (20) во својот следен список. Германскиот стручњак, кој го наследи Гарет Саутгејт, сè уште не повикал ниту еден играч од „Олд Трафорд“ откако ја презеде функцијата на почетокот на минатата година. Мегваер, искусен репрезентативец со настапи на три големи ...
Тибо Куртоа нема да може да им помогне на своите соиграчи во Реал Мадрид, во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Белгиецот ќе мора да паузира во следните шест недели поради повреда на квадрицепсот, објавува шпанскиот „Копе“. Тибо Куртоа се повреди во вторникот, против Манчестер Сити. Бранеше во првото полувреме, не остана во соблекувалната во паузата меѓу двете полувремиња. Тренерот Алваро Арбелоа, по ...
Александар Станковиќ, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Интер. Тимот од Милано не сакаше повеќе да чека, па затоа ќе ја искористат клаузулата за да го вратат синот на Дејан Станковиќ на „Џузепе Меаца“. Српскиот фудбалер, игра во брилијантна форма од почетокот на сезоната, со што го привлече интересот на богатите клубови. Наводно за него интерес покажале Арсенал, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, па дури и Атлетико и Реал ...
Италијанскиот инсајдер Николо Шира, вчера објави дека Милан сака да го задржи Лука Модриќ (40) во своите редови и за следната сезона. Клубот го гледа како еден од најважните играчи на тимот, а неговата улога на теренот е клучна за нивните амбиции во наредните сезони. Во Милан сакаат да го убедат Модриќ да се врати по претстојното Светско првенство и да ја продолжи кариерата во сезоната во која ќе наполни 41 година. Иако веќе некое време се ...
Бернанрдо Силва ќе го напушти Манчестер Сити по завршувањето на сезоната. Клубот не му понуди нов договор и тој ќе го напушти „Етихад“ без обесштетување. Фактот дека е слободен се обидува да го искористи Јувентус. Челниците на „старта дама“ ги започнале преговорите со 32-годишниот Португалец. Според итсалијанските медиуми, Јувентус на Силва му понудил тригодишен договор, со можност тој да биде продолжен на уште една сезона. Финансиските ...
Фудбалерите на Наполи славеа во Сардинија против Каљари (1:0), во првиот натпревар од 30-то коло на Серија А. По долго време, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, не доби шанса од Антонио Конте. Дуелот го гледаше од клупата за резерви. Победничкиот гол за шампионите на Италија го постигна Скот МекТомини во втората минута од натпреварот. Скратен корнер од гостите, потоа гужва пред голот на Каљари, а Шкотланѓанецот беше најснаодлив во ...
Фудбалерите на Борнмут и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во првата средба од 31-то коло на Премиер лигата. Сè иамше на „Виталити“ стадионот, но во второто полувреме, кога видовме два пенали, автогол, црвен картон… Бруно Фернандес им донесе водство на „Црвените ѓаволи“ од пенал во 61-та минута, а Рајан Кристи го израмни резултатот шест минути подоцна. Бруно изведе корнер во 71-та минута, по што топката го погоди во главата Џејмс Хил и ...
Реал Мадрид го елиминираше Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите. Во четвртфиналето ги очекува нов тежок предизвик, дуел со Баерн, кој игра во врвна форма оваа сезона. Додека тимот води битки на теренот, претседателот Флорентино Перез истовремено го составува ростерот за следната сезона. Неговиот фокус е на Михаел Олисе, еден од клучните играчи на тимот од Минхен. Според достапните информации, токму Перез лично ги води ...
Со одигрувањето на реванш натпреварите од осминафиналето, познати се сите четвртфинални двојки во Лигата на шампионите, а ждребот донесе вистински фудбалски спектакли. Во најголемото дерби, ПСЖ ќе се соочи со Ливерпул, дуел што ветува жестока битка меѓу два тима со офанзивна моќ и европски амбиции. Ништо помалку спектакуларно не изгледа ни судирот меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен – класика на европскиот фудбал која секогаш носи неизвесност и ...
Најдобриот крос-кантри скијач на денешницата, Норвежанецот Јоханес Клебо, доби дозвола од лекарскиот тим да настапи на завршницата од Светскиот куп во Лејк Плесид. Настапот на шесткратен олимписки шампион на завршните трки во САД беше доведено во прашање поради повредата на Клебо спринт трката минатата недела во Драмен, кога Клебо претрпе полесни повреди на главата и благ потрес на мозокот. По неколкудневен одмор, лекарите му дадоа дозвола на ...
Фудбалерите на Тотенхем конечно стигнаа до својата прва победа под водство на новиот менаџер Игор Тудор, но тоа не беше доволно за европско чудо. По катастрофалниот пораз од 5-2 во првиот меч во Мадрид, лондонскиот клуб славеше на домашен терен против Атлетико со 3-2, што значеше елиминација од осминафиналето во Лигата на шампионите, но и позитивен сигнал пред клучните битки во домашното првенство. Рана надеж за „Спарс“ и блесокот на ...
Холанѓанецот Арне Слот ги одбројува последните месеци на клупата на Ливерпул. Тој речиси сигурно ќе добие отказ на крајот од сезоната. Чаби Алонсо е прв кандидат за негов наследник, но се појави и уште едно изненадувачко име, Себастијан Хенес. Слот со тимот што му го остави Јирген Клоп успеа да ја освои титулата во Англија. Сепак, Холанѓанецот нема да успее да ја одбрани, а игрите на неговиот тим се далеку под очекувањата. Само прашање на ...
Фудбалерите на Ливерпул се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва ја анулираа негативата од првиот натпревар од 0-1 против Галатасарај славејќи на домашен терен со убедливи 4-0. Домаќините поведоа со голот на Доминик Собослаи во 25. минута со 1-0. До крајот на првиот дел Салах промаши пенал во судиското надополнување. На стартот на вториот дел на 2-0 зголеми Екитике во 52. минута. Само минута подоцна беше и 3-0 со ...
Хари Кејн обично се истакнува со добрата реализација и голгетерските способности кои ги демонстрира од натпревар во натпревар, но вечерва се погрижи за еден дриблинг-деликатес кој не остави рамнодушен никого на „Алијанц арена“. Англискиот напаѓач беше поштеден на првиот натпревар против Аталанта на кој баварскиот великан си ја заврши работата, но вечерва беше во стартните 11 и постигна два од четирити погодоци. Баерн уверливо славеше по ...
Каталонците тргнаа фуриозно и поведоа преку Рафиња уште во 6. минута, но гостите возвратија со гол на Ентони Еланга. До паузата се играше отворено, па Барса преку Марк Бернал повторно дојде до предност, а Еланга со својот втор погодок донесе ново израмнување. Во финишот на првиот дел, по ВАР интервенција домашните добија пенал, а истиот го реализира Ламин Јамал за 3-2. Во второто полувреме следеше целосен потоп на англискиот тим. Фермин Лопез ...
По 16 одиграни кола во Третата македонска фудбалска лига – Југ продолжува борбата за кој да биде најдобар стрелец. Неколку фудбалери се израмнети и од коло во коло може да има промена на самата листа на најдобри стрелци. Засега најдобар стрелец во ТМФЛ – Југ со постигнати 16 погодоци е фудбалерот на Ултрас, Бобан Тошески, додека пак на второто место е фудбалерот на Борец, Илхан Имеров со постигнати 15 погодоци. Трет најдобар стрелец е Теодор ...
Вечерва беше заокружена осминафиналната фаза од Лига на шампиони, со што се комплетираше листата на осумте најдобри екипи во Европа, но и целиот костур до финалето кое ќе се игра во Будимпешта. На левата страна од ждрепката нè очекуваат вистински дерби-пресметки. Ливерпул ќе се соочи со Пари Сен Жермен, додека Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Баерн Минхен. Победниците од овие два двомеча ќе се сретнат во полуфиналето, што значи дека оваа ...
Вторите осминафинални натпревари донесоа расплет за тоа како ќе изгледаат четвртфиналните парови во Лигата на шампионите, а тоа стана познато со трите средби кои вечерва се одиграа во Ливерпул, Минхен и Лондон. По убедливата победа на Барса од 7:2 над Њукасл, видовме уште три победи на домашните екипи, односно оние на Ливерпул, Баерн и Тотенхем. Поразот во Турција со резултат 1:0 ги натера избраниците на Арне Слот да фрлат се на една карта во ...