Кошаркарите на ТФТ го загубија првиот натпревар од четвртфиналето на плеј офот во АБА 2 лигата од екипата на Златибор со 101:86. Македонскиот претставник немаше решение за шутот за три поени на противник, кој постигна 19 тројки со процент од 54 отсто. Домашниот тим на тој начин стигна до првата победа во серијата до две победи. Екипата на Златибор постојано беше во водство. Најефикасен кај победникот беше Американецот Тревор Мур со 26 поени ...
Екипата на ТФТ Скопје ја очекува „меч за живот“ во плеј-офот на АБА-2 лигата. Тафталиџани играат против Златибор на домашен терен во серијата до две победи, а по поразот на гости, мора да триумфираат ако сакаат да останат со шанси за понатаму. Мечот го најави тренерот Боро Смилковски, кој ги издвои факторите кои треба да се остварат ако се сака победа. “Нашиот пеколен ритам на натпревари продолжува со реваншот против Златибор на домашен ...

