Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Кога октоподот Пол во 2010 година безгрешно ги погоди сите резултати на Германија на тогашното Светско првенство, планетата го славеше како вистински спортски пророк. Сепак, германскиот економист Јоаким Клемент успеа да го надмине култниот октопод со помош на комплексен статистички модел кој од 2014 година до денес има перфектен стопроцентен ефект во погодувањето на мундијалските шампиони. По прецизното типување на Германија во 2014, Франција ...
Антоан Гризман дефинитивно се стекна на статус на легенда на Атлетико Мадрид, тим во кој одработи два мандати со тоа што измеѓу беше епизодата во Барселона. Тој пристигна на „Камп Ноу“ како огромно засилување, Барса издвои огромна сума на пари за неговите услуги, но Французинот не успеа да ја пронајде соодветната магија, да се спои со соиграчите на идеален начин иако токму тука го освои најважниот трофеј во Шпанија (во неговата кариера) и тоа ...
Првото Светско првенство по завршувањето на Втората светска војна се одржа во Бразил во 1950 година. Квалификациите беа катастрофално спроведени, некои селекции што ќе се пласираа во следната рунда се откажаа, на крајот места на завршниот турнир им беа понудени на оние што беа елиминирани порано. Индиската репрезентација не се појави на првенството бидејќи нивното барање да играат бос беше одбиено. Тринаесет екипи учествуваа на првенството во ...
Во пресрет на стартот на 23.СП убаво ќе биде да видиме кои рекорди можат да бидат урнати на овој Мундијал.Неколку играчи ќе бркаат индивидуални рекорди, особено имајќи предвид дека проширеното издание во 2026 година ќе има повеќе натпревари од кога било досега. Германецот Мирослав Клосе моментално е на врвот на листата на стрелци на Светските првенства на сите времиња со 16 гола на четири турнири. И Лионел Меси и Килијан Мбапе би можеле да ...
Само неколку часа нè делат од почетокот на Светското првенство 2026, најголемиот фудбалски спектакл кој годинава ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Возбудувањата веќе се на највисоко ниво, а бројни аналитичари ги издвојуваат главните кандидати за освојување на светската круна. Според анализата на „ЕСПН“, во која учествувале 20 новинари и фудбалски експерти, најголем фаворит за титулата е репрезентацијата на Шпанија. И покрај одредените ...
Леброн Џејмс долго време е на кошаркарската сцена и додека останува отворено прашањето дали ќе продолжи да игра и во наредната сезона тој уште еднаш нескромно истакна дека се гледа себеси како најдобар играч во историјата. Ѕвездата на ЛА Лејкерс како што одминува времето се повеќе сака да испраќа пораки и да се дефинира себеси како „GOAT“ со тоа што овојпат се обиде да се оправда себеси спменувајќи и други големи имиња за кои смета дека имаат ...
6000 Мексико – Јужна Африка (21:00) Мексико и Јужна Африка ќе го отворат Мундијалот, а очекувањата се дека Светското првенство ќе започне ефикасно. Домашната селекција е фаворит за победа, но квотата е одлична и за голови во двете полувремиња. Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.70) 2628 Хелсинборг – Ландскрона (19:00) На дуелот од шведското првенство помеѓу Хелсинборг и Ландскрона се очекуваат голови, а традицијата вели дека нив ќе ги има ...
Групата „Ј“ ни ветува интересни и неизвесни натпревари, што и се очекува кога на нејзино чело е Аргентина, актуелниот светски шампион и освојувач на Мундијалот во Катар. Аргентинците доаѓаат како едни од главните фаворити за титулата и во Северна Америка, а останува да се види дали некој ќе може да им парира во групата „Ј“. Во споредба со некои други селекции, ждрепката им беше наклонета, но се чини дека вистинската борба ќе се води за ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) и ФИФПРО, Глобалниот синдикат на професионални фудбалери, постигнаа историски договор кој би можел темелно да го промени односот на силите во светскиот фудбал и значително да ги унапреди правата на играчите. Договорот го претстави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во пресрет на почетокот на Светското првенство 2026, истакнувајќи дека е потпишан меморандум за разбирање со кој во иднина заеднички ќе ...
Светското фудбалско првенство 2026 е моментно во фокусот на вниманието, спектакл што може да најави големи кариери и да донесе звучни трансфери. На пример, во 2014 година, Колумбиецот Хамес Родригез ја освои Златната копачка на Светското првенство и направи трансфер од 75 милиони евра во Реал Мадрид. Четири години подоцна, во 2018 година, напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе – иако веќе е познато име во Европа – стана глобално ...
Македонската одбојкарска репрезентација ја очекува вториот турнир од новото издание на Европската лига, турнир што ќе се одигра во Атина. Наши ривали ќе бидат домаќинот Грција и Ислад, а селекторот Јошко Миленкоски нема да прави промени во составот, односно истите 14. одбојкари на кои сметаше за воведните два дуели од годинешното издание ќе ги има на располагање овој викенд. Средниот блокер на националниот тим Филип Савовски сезоната ја мина ...
Новиот суперлигаш Младост 1977 го официјализираше своето прво засилување за новата сезона. Станува збор за младиот и перспективен лев бек, Тодор Узунчев од Гевгелија. Узунчев важи за еден од најталентираните играчи на својата позиција, а своето ракометно развивање го градеше во редовите на Алкалоид и Бутел Скопје, клубови познати по создавање квалитетни ракометари. Со неговото доаѓање во Богданци, Младост добива играч кој се одликува со ...
Бразил е репрезентација со најмногу освоени титули на Светските првенства, но оваа јужноамериканска земја веќе повеќе од две децении нема пехар, а нема играно ниту финале. Последната славна генерација на „кариоките“ е од 2002 година кога Роналдо, Роналдињо, Ривалдо, Кафу, Карлос, Жилберто Силва, Лусио…предводени од Сколари се изборија за пехар со славјето над Германија од 2-0 во Јокохама. Бразилците и понатаму имаат квалитетни играчи, но има ...
Александар Зверев во четвртиот обид успеа да стигне до првата Гренд слем титула во кариерата. Зверев го освои Ролан Гарсо со победата 3:2 (6:1, 4:6, 6:4, 7:6, 6:10 над Фабио Коболи. Германецот, во претходните три финалиња беше поразен од Доминик Тим во 2020 година на Ју-ес опен, од Карлос Алкараз на Ролан Гарос во 2024 година и од Јаник Синер минатата година на Австтралија опен. Зверев имаше незгоден противник кој му создаваше многу ...
Мексиканските власти ќе распоредат 1.700 полицајци и службеници за итни случаи во Мексико Сити за да обезбедат безбедност и поддршка на масовните настани на денот на отворањето на Светското првенство, објави Пабло Васкез Камачо, министер за јавна безбедност на главниот град. -Секретаријатот за јавна безбедност спроведува операција во која ќе бидат вклучени 1.700 полицајци од полициските операции, контролата на сообраќајот, спасување и ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, ја бранеше цената на билетите за Светското првенство во 2026 година по критиките од навивачите кои тврдеа дека цената е претерана. – Почетната цена од 60 долари е најниската цена за влез од кој било американски спорт во плејофот. Доколку ги продававме билетите по пониска цена, тие ќе завршеа на секундарниот пазар по многу повисоки цени. Секој собран долар се враќа во организацијата и ќе биде потрошен за ...
Црногорскиот репрезентативен голман, Небојша Симиќ (33), е главна тема во европските ракометни кругови по неговиот спектакуларен настап на завршниот турнир во Европската лига. Искусниот чувар на мрежата со серија феноменални одбрани речиси сам го водеше својот Мелсунген до престижниот пехар. Тој во разговор откри дека му е криво што никогаш не заиграл за двократниот европски шампион Вардар. „Двапати имав понуда да дојдам во Вардар. Првиот пат ...
Дејан Милосављев од следната сезона ќе биде на голот на Кјелце, тој викендов ќе ги одигра последните два меча во дресот на Фуксе Берлин, кој се пласираше на фајнл-фор завршницата во Келн. Поранешниот вардаров голман пред да замине со тимот на Ф4 имаше емотивно збогување со фановите на бундес-лигашот. На последниот меч со овации беше поздравен. Милосављев кој беше во друштво на својата сопруга и двете дечиња, не издржа – заплака. Дејан ...
ФИФА, по состанокот во Сиудад де Мексико, најави радикални промени во Правилникот за трансфери, кои ќе стапат во сила на 1 јануари 2027 година. Новите одредби, кои се резултат на двегодишни преговори и судски спорови со синдикатот на фудбалери „ФИФПро“ (FIFPro), здруженијата на лиги и европските клубови, носат револуција во системот што е воспоставен уште во 2001 година. Меѓу најважните новини се задолжителното учество на играчот во износот ...
Започнува 23. Светско фудбалско првенство кое е посебно поради повеќе работи, а едно од нив е бројот на рекордни 48 учеснички како и фактот дека овој настан ќе се одржи во три држави-САД, Мексико и Канада. Првиот меч е оној меѓу Мексико и Јужна Африка, соочување закажано за вечерва од 21 часот, а нешто подоцна (04:00 часот) ќе се одигра и втората средба од групата меѓу Чешка и Јужна Кореја. Меѓутоа ниту една од овие селекции не е на листата ...
Англија рутински го одработи последениот контролен меч пред Светското првенство и забележа сигурна победа над Костарика од 3-0. „Гордиот албион“ издоминира, Рајс, Гордон и Воткинс се запишаа во листата на стрелци во натпреварот во кој избраниците на Тухел можеа да постигна уште погодоци, ама завршницата во некои од акциите беше далеку од посакуваното ниво. Нони Мадуеке беше оној кој се „истакна“ во овој сегмент затоа што во првиот дел не ...
Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“. Годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација (јуни 2025 – јуни 2026) изнесуваше 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари дојдоа од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот. Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, ...
Аргентина на ова СП влегува како актуелен светски првак, но и како еден од фаворитите за трофејот. Јасно е дека ова за Лео Меси, веројатно најдобриот фудбалер на сите времиња ќе биде последен танц. Меси ја освои својата прва титула во Катар 2022 и нема да биде под притисок, но ќе биде четири години повозрасен. Аргентина има сила, има квалитет и знае како треба до титулата. Кога сме кај “гаучосите“ да се потсетиме малку на тоа епско финале од ...
Големата награда на Унгарија може да се памети како пресвртница за Мото ГП. Додека на патеката со победа Марк Маркес повторно ја искомплицира трката за титулата, зад сцената главна тема беше предлогот на производителите возачите да користат само еден мотор за време на тренингот наместо досегашните два. Идејата, која изгледаше неверојатна само пред неколку недели, сега е многу блиску до усвојување. Мнозинството производители ја поддржаа ...
На синоќешниот пријателски натпревар меѓу Англија и Костарика кој се одигра во Орландо, САД, имавме можност да видиме уште еден дел од американската фудбалска „култура“. weirdest thing you will ever see at a football match . People eating at tables at the corner flag. pic.twitter.com/CtFb4hy6Xt — Stu Roberts (@Boroshirts) June 10, 2026 Следете нè: Facebook | Instagram | X На синоќешниот пријателски натпревар меѓу Англија и Костарика кој се ...
Фудбалерите на германската репрезентација ги воодушевија своите поддржувачи со фантастичен и редок гест на претстојното Светско првенство. Раководството на тимот и постарите играчи одлучија од сопствен џеб да го платат превозот на навивачите за последниот натпревар од групната фаза против Еквадор, кој ќе се одигра на 25 јуни во Њу Џерси. Оваа одлука доаѓа како директен одговор на енормно високите цени за локален транспорт со кои се соочуваат ...
Фитнес тренерот на Анадолу Ефес, Серхат Гунеш почина по еден месец борба. На 12 мај, срцето на младиот 40-годишен стручњак застана за време на тренинг. Во тоа време, во близина беше д-р Серхан Антаљали, кој брзо интервенираше. Срцето на Гунеш не работеше 10 минути, но по третманот на Антали, повторно почна да чука. Пристигна брза помош и го однесе во болница. Тој веднаш беше интубиран таму, а потоа информациите за неговата здравствена ...
Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, одржа исклучително напната прес-конференција во Мексико Сити, која послужи како увертира за почетокот на Светското првенство. Наместо празничен тон и разговор за фудбалот, медиумскиот центар на стадионот „Ацтека“ стана арена на тешки прашања поврзани со американскиот визен режим, геополитичките тензии и енормните цени на билетите. Инфантино се обиде да ги минимизира проблемите и да ја повика јавноста ...
Англија извојува сигурна победа над Костарика од 3-0, во последниот контролен натпревар пред стартот на Светското првенство. Фудбалерите на „Гордиот Албион“ покажаа сила и квалитет против централноамериканската селекција, но еден момент од првото полувреме крена многу прашина кај англиската јавност. Ѕвездата на Арсенал, Нони Мадуеке, го промаши невозможното, откако прво со мајсторска финта го помина противничкиот голман, но не го погоди ...
По традиција кога станува збор за нашиот медиум за секое ЕП или СП, како што е ова кое стартува денеска, и сега се погриживме да имаме свои коментатори кои и тоа како нешто значат во мак – фудбалот, како поранешни репрезентативци и фудбалери, некогашни селектори, наши познати тренери. Мирсад Јонуз, Срѓан Захариевски, Артим Шаќири и Горазд Михаилов ќе бидат коментатори на денот на „СпортСпорт“, кои со своите коментари и видувања за нашите ...