
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Државниот симфониски оркестар од Солун на 17 мај, со почеток во 19.30 часот, за првпат ќе настапи во салата на Македонската филхармонија. Гостувањето на овој оркестар во Скопје доаѓа по заедничкиот настап на Македонската, Солунската и Софиската Филхармонија во Софија, каде на 17 февруари се реализираше изведбата на музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Менаџментот на Македонска филхармонија е во финални преговори и за концерт ...
Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ја најави новата платформа за поддршка и промоција на македонската современа драма. Во рамките на 59. издание што ќе се реализира од 6 до 13 јуни, ќе се одржи пичинг-форумот „Драмолетање – подем на македонската современа драма“. Пичингот е наменет за сите драмски автори што сакаат да ги претстават своите дела пред театарски професионалци. Оваа иницијатива има цел да ги поврзе ...
Утре ќе биде промовиран романот со потресна приказна што ги руши границите меѓу фактот и фикцијата – „Во длабочината на моите рани“ од младата авторка Благица Каревска. Романот, неодамна беше објавен од книгоиздавателството „Панили“, а како спој на елементи на психолошки роман, фантастика, љубовна приказна, семејна драма и трилер, овој роман не е само поигрување со жанрот, туку и четиво какво што ретко, македонската читателска публика може да ...
На 7 март со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“. Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј ...
По повод Денот на жената, 8 март, од 20 часот, на малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ќе се одржи Поетско-музичка интерпретација на најубавите љубовни песни од современата македонска поезија, oдбрани стихови од: Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски и други истакнати поети. ,,Заедно да се впуштиме во уживање во песните презетирани од Бранислав Николов и Тихомир Јанчовски како што се: ...
На 13 март од 21:30 часот, во Котур ќе се одржи концерт на турскиот пост-панк бенд, DUCKTAPE. Билети во продажба на www.drugastrana.mk и во Кафе и филм Котур. Ducktape е турско пост панк дуо, составено од Çağla Güleray (вокал, клавијатури) и Furkan Güleray (гитара, бас и тапани). Бендот спојува меланхолични мелодии со енергичен ритам и турско англиски лирики исполнети со емоции и чувства, со што создава уникатен звук, под големи влијание на ...
„Реквием за еден сон“ – 25 години од премиерата на оваа потресна драма, едно од највознемирувачките истражувања на човечката зависност и пропаст. Јубилејната проекција ќе се одржи вечерва во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот. Сара Голдфарб (Брстин) е пензионерка и вдовица, живее во скромен стан и поголемиот дел од времето го минува гледајќи телевизија. Нејзина омилена емисија е шоуто што промовира психолошка самопомош, и толку е ...
Во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје , на петти март, (среда) со почеток во 19:30 часот ќе се отвори изложба на дела на учесниците на последната сесија на летната школа насловена како „Обмислување на современиот звучен пејзаж: Експериментални практики во визуелниот контекст“. На изложбата учествуваат: Ана Димитриевска, Јана Бутеска, Калин Маловски, Павел Николов, Вилијам Стојановски, Стефанија Цветановска, ...
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Денсинг салата вечерва во 20 часот ќе биде изведена претставата „Снег“ од Максанс Фермин, во режија на Зоја Бузалковска, на независната продукција „Штрих“. Втората изведба е закажана на 6 март, исто така во МКЦ. Преводот од француски јазик е на Владимир Мартиновски, продуцент е Андреа Маркоска, сценографијата е на Ненад Тонкин, а костимографија на Роза Трајчевска. Музиката ја компонираше Давид Ангелевски, ...
На 7 март 2025 (петок) со почеток во 19:00 часот во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, во чест на 70-годишнината од издавањето на првата стихозбирка на Анте Поповски, ќе се одржи поетското читање насловено како „Одблесоци“. Настанот е конципиран во неколку делови со главен фокус насочен кон младите поети – учесници на Манифестацијата „Анте Поповски – Антево перо“ во изминатите седум години, како добитници на наградата „Антев часовник“ ...
Култната словенечка група „Лајбах“, најпровокативниот музички состав и уметнички колектив со авангардна музика и револуционерни настапи, вечерва во 20 часот ќе ја претстави својата нова концертна програма базирана на култниот албум Opus Dei, првиот ремастериран албум на групата. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонија, во рамките на фестивалот „Таксират“. – „Лајбах“ успеа да го трансформира пејзажот на современата музика со ...
Сподели По потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу Македонскиот народен театар и Црногорско народно позориште, на големата сцена во МНТ, на 17 март во 20:00 часот, ќе гостува претставата „Господа Глембаеви“ во режија на Данило Маруновиќ, по текст на Мирослав Крлежа, а во продукција на ЦНП. Во претставата играат: Светозар Цветковиќ, Кристина Обрадовиќ, Мишо Обрадовиќ, Уна Лучиќ, Данило Чечебиќ, Павле Прелевиќ, Емир Ќатовиќ, Стеван ...
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, во Москва излезе нова збирка раскази под наслов „Со нејзини зборови“. Книгата претставува колекција на кратка проза напишана од жени писателки од 16 земји, вклучувајќи Австрија, Велика Британија, Унгарија, Венецуела, Германија, Шпанија, Италија, Канада, Кина, Куба, Македонија, САД, Турција, Франција, Швајцарија и Јапонија. Изданието е објавено од АСПИР (Асоцијацијата на друштвата на писатели и издавачи ...
Сподели ЦРНА МАРИЈА е еден од ретките филмови во југословенската кинематографијата директно посветен на рок-музиката. Можеби не толку познат како култниот омнибус КАКО ПРОПАДНА РОКЕНРОЛОТ или ЦРНИ БОМБАРДЕР на Дарко Бајиќ, но Црна Марија е филм кој го отсликува тогашниот дух на југословенскиот нов бран. Режисер е Милан Живковиќ (познат по филмскиот серијал Тесна Кожа). Заедно со Соња Савиќ, во филмот глуми и Милан Младеновиќ (ЕКВ), и филмот ...
Во Москва пред Меѓународниот ден на жената излезе од печат збирка раскази под наслов „Со неjзини зборови“. Книгата содржи кратка проза на жени-писателки од 16 земjи (Австриjа, Велика Британиjа, Унгариjа, Венецуела, Германиjа, Шпаниjа, Италиjа, Канада, Кина, Куба, Македониjа, САД, Турциjа, Франциjа, Шваjцариjа, Jапониjа). Збирката jа обjави АСПИР (Асоциjациjа на друштвата на писатели и издавачи на Русиjа). Во предговорот издавачот истакнува дека ...
На 54-годишна возраст во Скопје почина актерот на велешки Татар „Јордан Х.К Џинот“ Самоил Стојановски. Тој беше театарски, филмски и телевизиски актер. Велешката и македонска јавност преку соопштение за смртта на колегата и претседател на синдикалната организација, Стојановски, извести Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. „Роден на 3 ноември 1970 година во Скопје, тој беше дел од македонската актерска сцена повеќе децении. Од 2003, ...
Францускиот институт во Скопје поканува на изложба и уметничка средба „Низ нишките на времето“, која ќе се одржи во четврток, 6 февруари 2025 година, со почеток во 18:00 часот, во просториите на Институтот. Оваа изложба претставува уникатна можност да се запознаете со делата на франкофонската уметница Изабела Соколовска, основач на „Еснаф“. Преку рачно изработени креации, Соколовска нуди една инаква перспектива на традицијата. На изложбата ќе ...
Колку е голем Родољуб Анастасов, неговото дело и творештво? Колку што беше величенствена атмосферата синоќа во преполната сала на Музејот на град Скопје, колку што беа благодарни сите луѓе што дојдоа да му го честитаат 90. роденден. Насмеани лица, прегратки со студентите, некои од нив пред пензија, скоро сите со успешни кариери во Македонија или во странство. Токму како насловот на изложбата – „Сите деца на Родољуб Анастасов“ што ја организира ...
По светските филмски фестивали и номинацијата за наградата „Оскар“, на репертоарот на домашните кина доаѓа биографскиот филм „Марија“ за една од најпознатите оперски пејачки од минатиот век. Премиерата е закажана за денеска во сите кина ширум земјава. Во Скопје се прикажува во Синеплекс, Милениум и во Киноверзум. Бурната, убава и трагична приказна за животот на најголемата оперска пејачка е проткаена со нејзините последни денови во Париз, во ...
Театарот ,,Војдан Чернодрински‘‘ годинава одбележува 75 години од своето основање. Според мене, најголем успех е тоа што и покрај мизерните услови за работа и големиот недостиг на уметнички и технички персонал, театарот живее – вели Михајло Миленкоски, актер и раководител на театарот. Тој е дел од ансамблот на овој театар во изминатите 11 години и знае како дише театарот во Прилеп. Исто така се занимава и со театар за деца, подготвувајќи ...
Претставата „Жиголо“ по текст на Игор Кузмановски, во режија на Благој Мицевски, ќе биде премиерно изведена утревечер во 20 часот на сцената на Народниот театар од Битола. Премиерата и следните три изведби се веќе распродадени, велат од театарот. „Жиголо“ е претстава што ги брише границите меѓу маската и вистината. Некои приказни се кажуваат. Некои се шепотат. „Жиголо“ е онаа што не можете да ја избегнете – ќе ве најде во очите на ликовите, во ...
Ja bojkotiram slovenske mandarine. Jučer sam kupio 1kg hrvatskih mandarina u Mercatoru i sve sam ih pojeo. Odlićne su bile. Još ču jih kupovat. Znam kupit i paradajza. – grlomujagode, 26.11.2008, Forum.hr Читам цените во Хрватска во февруари 2025 биле повисоки отколку во некои поразвиени европски земји – па Хрватите повикуваат на бојкоти. Се проширија и кај нас во Македонија. Читам текст што вели бојкотите биле заразни. Се бојкотирало и во Босна ...
Во каталогот „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ на сликовит начин хронолошки се претставени 18 музејски збирки на 150 страници. Недостасуваше ваква книга, да ни покаже со каква институција си имаме работа. Што има во таа институција, што можеме да видиме, што можеме да научиме ако отидеме во Археолошкиот музеј. Оваа книга наједноставно може да се опише како своевиден трејлер за она што може да се види во музејот, рече проф. д-р ...
Се вели дека треба да се внимава што се посакува, затоа што тоа може и да се случи. Според мене, сепак најважно е да се научиме своите желби, мисли и чувства да можеме да ги искажеме со зборови и да не се спречуваме или срамиме од тоа, ниту пак да манипулираме со тоа. Пишува: Љубица Ангелкова Некои претстави се доживуваат, некои се анализираат, а некои – едноставно, ве гледаат вас додека вие се обидувате да ги разберете. „Жиголо“ не е класична ...
Во пресрет на концертот под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“, кој ќе се одржи на 22 март во Филхармонијата, тимот на оркестарот го осветли Мостот на уметноста во Скопје. „Ставањето свеќи на мостот привлече бројни минувачи и љубители на класичната музика“, велат од „Профундис“, кој лани одржа концерт во Филхармонијата со илјадници (вештачки) свеќи на сцената. Како гостин на концертот ќе настапи младиот српски челист Петар Пејчиќ, а ...
Месецотот на Франкофонијата 2025, ќе биде отворен со гала филмска вечер, со премиерата на филмот „Грофот од Монте Кристо” (2024), која ќе се одржи в петок, 7 март 2025, во 19 часот, во кинотот Синеплекс – Скопје Сити Мол. Настанот свечено ќе го отвори Н.Е. г-дин Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, а по проекцијата следи коктел. По премиерата, филмот ќе се прикажува во „Синеплекс” на редовниот репертоар, од 8 март 2025. „Грофот од Монте ...
Минатиот месец, поттикнати од љубовта кон литературата и желбата за подлабоки книжевни разговори, се оформи Книжевен клуб УТОПИЈА – место каде читателите, издавачите и книжарниците се среќаваат за да создадат инспиративен простор за размени и дискусии за книги кои оставаат впечаток. На втората средба одржана неделава, вниманието го привлече романот „Црквичето“ од Владимир Костов. Вечерта беше посветена на преточување на зборовите од романот во ...
СКК (Скопје Колаж Колектив) е независен и непрофитен колектив која има мисија да ја разгласи убавината на колажот и слободното уметничко изразување. Иницијативата функционира преку предизвици. Секој понеделник објавуваат фотографија која може да се симне од нивната веб-страница и да се искористи во аналоген или дигитален колаж. Темата е слободна, а единственото ограничување е што мора да искористите бар делче од фотографијата. Предизвиците ...
Во Скопје доаѓаат Јелисавета Милетиќ, Марко Дражиќ, Виктор Марковиќ и Ненад Милосављевиќ, автори и сценаристи на Njuz.net, како и дел од тимот на „24 минути“ со Зоран Кесиќ. Нивната работа одамна го надмина локалниот контекст – Njuz.net стана препознатливо име низ целиот регион, благодарение на умешноста да ги претворат политичките и општествените апсурди во остроумна сатира. По шоуто, дружењето ќе продолжи во „Трн во око“. Билетите се достапни ...
Пред неколку дена, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во изјава за еден медиум рече дека одлуката кој ќе биде директор на нашата институција може да биде и политичка. Го повикуваме министерот да ни одговори нам и на јавноста – Зошто се спроведува конкурс, ако одлуката е политичка? Зошто се ставаат во нерамноправна позиција останатите кандидати? Како може одлуката да биде политичка кога вработувањата не смеат да бидат предмет на ...