Професорката Билјана Ванковска реагира на активностите на претседателката Гордана Силјановска Давкова. „Каков пад од ценета професорка (која пишуваше за партитократија) до партиска марионета за исполнување на желбите на султан партијата! Поголемо обезличување на претседателската функција не сме виделе досега. Со надворешна политика повеќе се бавам јас од неа. Таа е зафатена со градинки и училишта, села и градови, приеми кај странски ...

Денко Малески Бегалците се мајки, татковци, сестри, браќа, деца, со исти надежи и амбиции како и ние… (Калед Хосеини) Темата за мигрантите не ја покренав со намера да се вклучам во меѓупартиските обвинувања кои следат секогаш кога оние на власт треба да донесат важни одлуки, туку да укажам на веројатната врска на милијардите со актуелната дебата во Британија со која потпишуваме договор за стратешко партнерство. Да нема забуна: моите чувства ...

Секој посетен музеј, секоја слушната приказна за некој историски настан од некој град или краткиот разговор со такси-возачот за фонтаната на малиот плоштад, се своја приказна за која знаеме дека ќе раскажуваме на блиските Пишува: Ива Трпески Секој нов ден носи нови искуство. Некое доживување кое навидум нема длабоко значење или мудра поука, но сепак остава трага на нашата сопствена слика која ни ја бои животот. Некои нови искуства ги ...

Излегува дека во време кога човек може да се самоидентификува како мачка, куче или бамбус, и прифаќањето на тоа да се третира како демократска вредност, единственото што изгледа спорно, анахроно, и целосно неприфатливо – е кога некој ќе се самоидентификува како Македонец. Политика следам дваесеттина години. И во тие дваесеттина години разни луѓе меѓу кои можеби има искрени, но главно ги гледам како шарлатани и дилетанти, ни повторуваат една ...

Македонија и Велика Британија, го потпишаа Договорот за стратегиско партнерство, со кој се овозможува инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра во инфраструктурата, железницата, транспортот, здравството и во други области. Покрај тоа Република Македонија се приклучува кон заедничката миграциска работна група, иницијатива што има цел да ја зајакне регионалната соработка во спречување на нерегуларната миграција низ Балканот и ...

“Скандинавски” политички правила: изневеруваш гласачи, напушташ партија, стануваш директор или амбасадор. Кај нас, тазе директорите, министри и амабасадори, очигледно не ги интересираат ниту ветувањата за ЕУ, ниту реалноста. Реалност – каде резултатите од конкурсите за работа се сведени на бинарен систем: или е 1, или 0. А во меѓувреме, изгледа се чека да се изеде последната папаја, па да се исполнат ветувањата. Најверојатно, според некој ...

Во Прилеп има еден поим “кроткоебец”… Се однесува на личност која никогаш нема цврсто или било какво мислење за било што. Никогаш не изнесува мислење, никогаш со никого не влегува во дискусија за било што. Кога ќе отвори уста, најчесто тоа го прави за да се сложи со вас или со мнозинството. Неговото мислење зависи од мислењето на луѓе кои можат да му помогнат за да оствари некои свои цели, а такви (машала) секогаш ги има. Неговиот мисловен ...

Белград е регионален културен центар. Свесни сме дека и Србија културно е светлосни години пред нас. Континуитетот од Југославија ги одржува врските силни и продолжува да ги дефинира културните кодови во земјата. Од настани, програма, културни центри, имиња кој настапуваат, уметници кој изложуваат, продукција на филмови, издаваштво и книжари, буџети за културата, едуцирана, заинтересирана и културно воздигната публика. Веднаш по вестите од ...

Да немаш е мака, ама да имаш многу – маката е уште поголема. Тоа го знае нашиот човек, научен да биде задоволен со еден скромен живот, иако секој заслужува таков живот, никој, освен некои, не бара преку леб погача, сите би биле задоволни со еден пристоен стан со можеби една мала куќичка во родниот крај, со еден одмор од неколку денови на некое блиско море, да му се здрави и живи децата и внучињата и толку. Препорачано Кога на обичен човек ќе ...

Од авторите што имаат осет за комуникација на човекот со богатоприсутниот стожерен дел од Универзумот – со дрвјето, е секако, Атанас Бојаровски. Во стихозбирката „Планината моја патува“ (НИК – Наша книга, Скопје, 1971.), со првата глава „Глас од планината“ објавува 10 песни, со кои ја открива својата поврзаност со сеприсутната природа, имајќи предвид дека Атанас растел впивајќи ги родните „Смоларски природни убавини“ за да заклучи во песната ...

Ако во 2023 и 2024 година, отворено говорев и пишувавза слабостите на матурскиот испит и тоа, дека: „Институциите и несоодветниот кадар се виновни за лошо спроведениот матурски испит“. Фактите се следни. Еве зошто! Што констатирам Македонскиот образовен систем се уништува самиот себе си. Кој во последните матурски полагања гледам образовен криминал. За пропустите при спроведувањето на испитите не се виновни учениците, туку институциите кои ...

Со години ја користев секоја можност да ја повикам Европската унија и нејзините земји-членки да инвестираат повеќе во одбраната. Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна својата целосна инвазија на Украина, постојано прашував (како член на Европскиот парламент) каков дополнителен доказ ни е потребен за да ги препознаеме заканите со кои се соочува цела Европа. Што би направиле ние – како Европејци – ако нашата безбедност биде ...

Молкот со кој кочанчани стоички го искажуваат гневот на маршевите по трагедијата во која загинаа 62 лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ е единственото средство кое го одбраа за политички да се дистанцираат. Не прифаќаат да бидат премачкани со политички бои, затоа што пожарот ги снајде сите. Не бираше по никаква основа. Ги сплоти во смртта, ги обедини во маката на пациентите со изгореници или оштетувања од вдишување отровни гасови. Убиство ...

Кога ќе пуштите онакви – акцентот секако е на онакви! – доктори како Филипче и Таравари на во политичкиот ринг, добивате реална претстава за македонската политиката – поточно политикантство – со што пак, во вистинската светлина, ви се прикажуваат и објективните состојби во македонското здравство. Зашто, да не заборавиме: двајцата беа и министри (или „министри“) во тој ресор, за да после нив здравството уште повеќе се доближува до „височините“ ...

Во многу земји во светот владите се обидуваат да се преобликуваат според примерот на бизнисот. Во таа смисла, значајна е крстоносната војна што ја започна министерството на Елон Маск (DOGE) во САД, како и моторната пила што ја користеше претседателот на Аргентина, Хавиер Милај. Слична реторика може да се слушне и во Британија, каде што министерот задолжен за работа на Владата, Пет Мекфаден, сака да развие култура на управување заснована на ...

Почитувани читатели, денот кога ја пишувам оваа колумна е многу убав датум, 19.05.2025. Токму на овој ден ракометниот клуб Кометал-Ѓорче Петров пред 23 години ја освои титулата Европски шампион. Ова беше првата титула која емотивно допре до сите, ја разнежи севкупната популација на Република Македонија, бидејќи беше освоена по завршување на војната во 2001 година. Убеден сум дека тогаш не постоеше еден човек кој не го доживеа моментот на ...

Наследството на скромните и трезвените луѓе треба да се одржува не заради минатото, туку заради иднината. „Јас сум сепак земјоделец во душата“; „Му дадов смисла на мојот живот, ќе умрам среќен“; „Авангардноста е мојата судбина“ – Хозе Алберто Мухика Кордано, за повеќето познат како Пепе Мухика, беше филозоф, активист, герилец, левичар и политичар, но пред сѐ скромен човек, кој ни остави томови афоризми, но уште повеќе, една мисла, ...

Ако го земеме примерот на Шведска, нешто повеќе од половина од возачите на автобуси и трамваи во земјата се родени во странство, а и една третина од медицинските сестри се имигранти. Статистиката покажува слична мигрантска „преплавеност“ и во низа други професии. Шведска едноставно не може да функционира без имиграција. Германија, како што во неколку наврати најави канцеларот Мерц, ги заостри граничните контроли за да го намали бројот на ...

Падна митот дека сите албански политичари во Македонија се за ЕУ. Сите албански политичари, како и сите македонски политичари, се за власт. Во телевизиско интервју, еден од водачите на Вреди, Биљал Касами, објаснувајќи ја партиската позиција околу преговорите со ЕУ, ги повтори истите зборови на премиерот Мицковски. Така разбираме дека и Вреди бара гаранции дека внесувањето на Бугарите во уставот е последното барање. Бидејќи такви гаранции ...

Нема докази дека Груби е во Албанија и дека албанскиот премиер Еди Рама го крие, иако објавата сака да го прикаже токму тоа, објавувајќи сечена и стара фотографија од нив двајца, нагласувајќи дека е тазе. Поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница како осомничен во случајот „Државна лотарија“, нема албанско државјанство, изјави за БИРН, Арта Сакја, советникот за медиуми на албанскиот претседател, ...

Редовните ЕУ-скептици и новите „ЕУ-моралисти поради ускратени грантови“ побрзаа да нотираат уште една „неправда“ кон нас, по најавата на Калас за план „Б“ доколку ЕУ-пристапувањето на Украина биде запрено со вето на Будимпешта. Она што тие и медуимите на македонски го премолчаа е една паралелна вест: минатата недела за прв пат Безбедносната служба на Украина откри шпионска мрежа на Унгарското воено разузнавање, чии агенти биле насочени кон ...

Но и поддршката на СДСМ како “македонска парламентарна опозиција” за “креативните решенија” на власта, вклучително директни преговори со Софија за кои не е заинтересиран никој. Ниту ни одат во прилог, оти да не заборавиме дека отстапувањето од прашањата утврдени со Преговарачката рамка по барање на Скопје значи можност за нов сет прашања по барање на секоја од европските метрополи, вклучително Софија. Затоа Кошта беше логичен, практичен и ...

Пишува Саше Ивановски Политико Веќе подолго време, речици над една деценија трае црната пропаганда и хајка наречена ПРАТЕНИЧКИ ПАТНИ ТРОШОЦИ, и морам да признаам и јас сум учествувал во оваа хајка. Сега од денешна перспектива сметам дека ова е само една од многуте грешки кои сум ги правел во мојата новинарска и медиска кариера. Зошто мислам така? Сега кога имав семејство па се разведов, ми личи небулозна тезата дека пратениците треба да ...

Пишува: Валентина ВУРМО Судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски се приближува кон крајот. Меѓу останатите докази, од самиот старт, не се наоѓа пиштолот, со калибар од 9 мм, а со кој егзекуторот, како професионален убиец, без да му затрепери раката, ги усмртил двете жртви. Најголема врева за оружјето во судница креваше обвинетиот ликвидатор, Љупчо Палевски-Палчо, обвинувајќи го обвинителството дека не ...

Појавата на ликот на Хитлер во журналот кој преходеше на филмската претстава, секогаш беше проследен со громогласен аплауз на арапската публика во кината на Плас Детоал во центарот на Бејрут, на почетокот од шеесеттите години. Син на амбасадор на Југославија, држава победник во антифашистичката војна токму против Хитлер и неговите сојузници, на некаде единаесетгодишна возраст, немав објаснување за овој феномен. Дури потоа, низ годините, ги ...

Би била голема грешка на премиерот Мицкоски, доколку, толку успешната гувернерка на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска, ја замени со Зоран Ставрески, кој е познат како десна рака на Груевски и негов кум, прво во улога на министер за финансии, потоа негов заменик. Тој ќе остане запаметен и како цело тоа време за проектот “Скопје 2014″ се потрошија една милјарда евра, пари на народот и ” кога немавме леб купувавме чоколади”. Ставрески од Индија во ...

Вчера прочитав дека премиерот Мицкоски изјавил дека „Македонија е земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во Европа. Инфлацијата во март – 2,7% на годишно ниво, на месечно ниво 1,3%, значи дефлација. Дури и потрошувачката кошничка којашто ја пресметува синдикатот има намалување на цените во споредба со претходната година. Април 2,6%, а на месечно ниво 0,6%. Препорачано Платите пак растат од 9 до 10% на годишно ниво. За ...

Секоја пролет во Скопје се случува чудо. Смогот се повлекува, воздухот е посвеж, а графиконите за мерење на загадувањето повеќе не светат во црвено. Социјалните мрежи молчат. Проблемот е „решен“, или барем така изгледа. Препорачано Но, оваа илузија на чист воздух не е победа. Тоа е само сезонска пауза, не и системска промена. Штетните честички што ни ги полнат белите дробови во зима не исчезналe, само не ги гледаме. А кога ќе почнат да ...

Кога Крис Павловски на Самитот на „Македонија 2025“ кажа дека Македонија може да стане „Швајцарија на Балканот“ и „европска оаза за криптовалути“, тој не само што ја потврди мојата борба од изминатите години, туку ми даде сојузник со глобален глас. Неговиот повик за фокус на енергија, вештачка интелигенција и криптовалути, е план за економски бум што може да ја катапултира Македонија, во 21 век, кон нови успеси. Уште од 2021 година, предвидов ...

Автомобилите не се само превозни средства. Тие се наш идентитет, одраз на нашиот стремеж, симбол на слобода и статус. Изборот на автомобил никогаш не е резултат само на рационални економски одлуки, туку е исто толку поврзан со емоционалните и сетилни реакции на возењето на истиот. Пишува: Д -р Златко Муцунски - МБА дипл. инг., Генерален директор на „Порше Македонија“ Од моментот кога ќе го врземе појасот, за нас автомобилот не е само машина ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
31%
1004
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
37%
1004
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
46%
1001
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
20%
1005
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
44%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
94%
1002
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
5.14
42%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
56%
1006
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1006
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
38%
1006
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
6.69
31%
1003
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
55%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Сребро

2812.48

Алуминиум

3.64

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

47550.95

Калај

55.99

Бакар

13.22

Платина

68577.54

Злато

151413.64

Родиум

320703.70

Иридиум

253540.09

Рутениум

51376.89