Изолиран случај бил нападот на ученик во Ченто, кој се бори за живот на скопските клиники, а генералната безбедносна состојба во училиштата на територијата на Општина Гази Баба, вклучително и во конкретното училиште, е на високо ниво, заклучил денеска Локалниот совет за превенција во проширен состав, кој одржа седница посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во ...

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски информирапе дека денеска претседавал со седницата на Локалниот совет за превенција во проширен состав, посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во воспитно-образовниот процес. Седницата беше свикана по неодамнешниот инцидент во основното училиште во населба Ченто, при што Локалниот совет за превенција ...