
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Што треба уште да се случи за да оние 436.407 граѓани кои на последните избори гласаа за ДПМНЕ и Коалицијата, вклучително и 56.232 поддржувачи на ЗНАМ, конечно сфатат дека Мицко и Максим се против влезот на Македонија во ЕУ? Ја задолжија одвратната охридска Лигња да ги влоши односите со Грција, Бугарија и Албанија, да го детализира унгарскиот кредит од 500 милиони евра, по секоја цена да ја стопира пругата кон Бугарија на сметка на Коридорот 10 ...
Секој знае за пеницилин. Тој е еден од најшироко препишуваните лекови во светот. И тука лежи проблемот. Пеницилинот беше првиот антибиотик, откриен во 1928 година. Тој направи револуција во здравството. Пациентите веќе не умираат и не им се ампутираат екстремитетите поради помали бактериски инфекции. Милиони животи се спасени, а оттогаш се развиени десетици други антибиотски лекови. Но, сега се наоѓаме на пресвртница. Овие „помали“ инфекции ...
Виктор Орбан се понуди за посредник меѓу Скопје и Софија. Дури и на Мицкоски му изнесол предлог како некоја почетна точка. Мистерија е што има во оваа „мировна понуда“. Пишува Љупчо Поповски Барем засега, мистерија е каков предлог му дал унгарскиот премиер Виктор Орбан на неговиот македонски колега Христијан Мицкоски за време на вчерашната средба во Охрид, врз кој ќе може да се заснова неговото самонајавено посредништво меѓу Скопје и Софија. ...
Надворешните политики на двете земји личеа на бродови, кои, некаде на отворено море, се разминуваат во магла. Нивниот повик да се вратиме назад во балканската историја и да расчистиме некои работи и нашиот да се свртиме кон европската иднина и широко да ги отвориме вратите на соработка, немаа никакви допирни точки. Заробеници на сопствените национализми, ние, во Македонија не можевме да отвораме болни теми од минатото, тие, пак, во Грција да се ...
Колкав дел од маратонот до Брисел досега успеале да истрчаат кандидадтките од Западен Балкан? Се чини дека веќе станува здодевно да се зборува за тоа. И тоа најмногу кога треба да се споменат Копенхашките критериуми. Заштита на правата на малцинствата се еден дел од критериумите за прием во ЕУ-членство. Во случајот со Македонија како кукавичино јајце и е поттурено внесување во Уставот на „обесправеното“ бугарско малцинство. Или тоа, или нема за ...
Кога една мала, но горда држава како Македонија тропа на вратата на Европската Унија повеќе од две децении, се поставува прашањето: Кој и зошто, по ѓаволите, ја држи таа врата со години затворена? Ние како нација сме ги направиле сите потребни реформи, ги проголтавме горчливите апчиња на суво грло, направивме дури и историски компромиси кои не беа ни најмалку лесни. И сега што? Ни бараат уште. Ова е моментот кога Македонија треба да испадне ...
Катерина Блажевска Од 2005 година сме охрабрувани од меѓународните претставници со рефренот „уште само овој услов“, „уште само оваа отстапка“, „уште само оваа уставна измена“, рече Сиљановска од говорницата во ОН Новото име е формално-правна реалност и мојата држава Република Северна Македонија, како одговорна земја членка на Обединетите нации и на НАТО, ги исполнува меѓународните обврски, порача македонската претседателка Гордана Сиљановска ...
Прочитана повеќе од 10.000 читатели. За 2-3 дена. Повеќе читатели од членови на повеќе парламетарни партии. Нормално, не се согласувам со многу ставови, но вреди да се прочита.Како Јува За Отрезнување. Мислам, дека текстот е премногу мек и особено емотивен, без AI полирање, што го прави несовршен. Поглед Не гледајте назад овие 34 години. Читајте ги редовно Дневните Инфо во огромна количина и ќе разберете дека Голата Држава веќе се соочува со ...
Умно.мк во соработка со Europe House Скопје ја почнува рубриката „Надреден знак“ во која секоја последна среда во месецот, интелектуалци од одредена област ќе пишуваат колумна на теми што нè засегаат Пишува: Олга Рајчиќ, основач на платформата Challenger Технологијата има огромен потенцијал за промена на човечкото однесување, особено кога станува збор за мобилност и одржливи практики. Преку дигитални решенија, компаниите и индивидуалците можат ...
СДСМ е последен што треба да збори за катастрофи и виновници за раздвојувањето со Албанија на патот кон ЕУ. Криминогените СДСМ и ДУИ презедоа катастрофални обврски по националните интереси на Македонија и обврски кои не беа способни да ги изгласаат и да ги реализираат. И сега они ќе зборат – кај штетници, кај поразени од народ, па уште памет делат. И ова е последица од нивното сервилно, брзоплето и неодговорно носење одлуки. (ФБ статус на ...
РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 22.07.1998 година) Од поодамна ми се вртат во главата некакви аналогии во врска со Крлежиниот Леоне од „Господата Глембаеви” и нашите владејачки господа Глембаеви: на Леоне, од една страна, му се гади од неговото семејство (збогатено преку криминал), но, од друга страна, во ниеден момент не му паѓа на памет да престане да живее „на голема нога” на сметка на тоа исто злосторничко семејство. Нашите „државотворни” ...
Сè почесто, со навлажени очи и нос, се присеќавам на времето кога безбели сите ние опулените, како внатрешни тајни дисиденти, си ја критикувавме татковината како недоволно слободна, особено поради постоењето на таканаречениот „вербален деликт“ односно казненото дело што беше предвидено во злогласниот член 133 од Кривичниот законик на СФРЈ. Кукавме дека во „слободниот свет“ на развиениот запад, такво кривично дело не постои, и дека таму луѓето ...
Катерина Блажевска Додека македонскиот туристички бисер Охрид е под посебен режим заради дводневната посета на Виктор Орбан, премиер на Унгарија и земја актуелен претседавач со Советот на ЕУ, западно од Охрид владее еуфорија. На 15-ти октомври се очекува да се одржи Втора меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, по што ќе се отворат поглавјата од кластерот 1 „Темелни вредности“. Таква одлука едногласно донеле постојаните ...
Колумна на Пепе Ескобар во пресрет на самитот на БРИКС во Казан. На помалку од еден месец пред клучниот годишен самит на БРИКС во Казан под руско претседателство, во Москва и во другите евроазиски престолнини беснеат сериозни информирани дискусии за тоа што треба да биде на маса во фронтот на дедоларизацијата и алтернативниот платен систем. Претходно овој месец, Андреј Михаилишин, шеф на работната група за финансиски услуги на Деловниот совет на ...
Ристо Никовски Почитувани читатели, отсега ќе се дружиме. На моја иницијатива, редакцијата прифати да ги објавува моите колумни. Тие се подарок за вас. Теми има премногу. Во принцип, тоа е лошо за народот. И изборот не е тежок. Членството во Унијата е предолго на маса и, по многу што – клучно. Со право, народот сака да станеме дел од неа ама работите не одат во таа насока. Речиси сите индикатори покажуваат и докажуваат дека тоа е долгорочна цел ...
Кога мислeвме дека конечно кај нас е закопан тој примитивен национализам и дека тргнуваме кон нормалното, болни за власт секој ден хистерично посипуваат отров врз односите со нормалноста! Дали тоа е поради некоја нивна скриена агенда (која е сè појасна), или поради занесеност од вишок власт, или пак поради нешто трето, факт е дека кај нас во погон e вратeн агресивниот национализам. А национализмот прво што прави – ја убива душата на еден народ, ...
Cogito, ergo sum (мислам, значи постојам) е филозофска мисла на Рене Декарт. Тој со неговите дела во филозофијата и во математиката создал сосема нов поглед кон светот и пристап кон науката. Го измислил координатниот систем, ја поставил основата на модерната геометрија (аналитичка геометрија), од која подоцна ќе се развие диференцијалното и интегралното сметање. Луѓето со векови размислувале, откривале, унапредувале и создавале за да си го ...
Секое совремие веќе утре се претвора во историја – црна или „бела“, секоја наша денешна акција веќе утре ќе предизвика некаква реакција, а на подолг рок и историски одговор, позитивен или негативен. Како што впрочем и ни се случува. Но ние – или повеќето од нас – не се грижиме за тоа. Мислиме, или тие „мислат“, дека има само една вистина, една реалност – онаа нивната, и дека баш сѐ мора да биде подредено на истата. Без оглед што таа „вистина“ и ...
Васко Шутаров „Историјата“, пишуваше Арчибалд Меклиш, „е како лошо изградена концертна сала, со мртви агли каде што музиката не се слуша! Таа концертна сала бара поинаква акустика, поинаква мелодија од онаа што ја изведуваат вистинските виртуози од времето во кое живееме. Тоа е таа тајна историја, која сака да верува во важноста на силата на личните односи, тајните договори и во важноста на салонската дипломатија и будоарското политиканство!“ ...
Грција ќе остане пионер во напорите за проширување на ЕУ, порача Герапетритис. Муцунски очекува средбата да биде нов лист во добра комуникација меѓу двете влади. Пишува Катерина Блажевска Грција отсекогаш ја поддржувала и била една од пионерските земји која го ставила на дневен ред и како приоритет прашањето за интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Ова е пораката на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис по ...
Загриженоста дека кинеската Влада би можела да има пристап до податоците на корисниците преку апликацијата за кратки видеа ТикТок, која е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс, ја поттикна американската влада да донесе закон за забрана на оваа платформа, освен ако не се продаде на купувач однапред одобрен од неа. Откако претседателот Бајден го потпиша законот со кој на БајтДенс му се дава рок од една година да се откаже од ТикТок, ...
Ќе доживее ли Македонија да биде земја без јаглен за производство на електрична енергија? Брзата лента на која се наоѓаше државата (барем декларативно) на патот кон енергетска транзиција е заменета со бавна лента. Потврда за ова се пролонгираните рокови кои ги обелодени првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити на почетокот на месецов во Вашингтон, на Деветтата конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна ...
Денко Малески Една нова генерација „храбри“ политичари е на власт во Македонија. Кога во предизборјето, во една дебата, водителот, кобожем загрижен, му вели на редовниот гостин во неговата емисија, дека има луѓе што мислат дека натамошното заостанување на патот на европската интеграција ќе го отуѓи Албанците од државата и може да доведе до меѓуетнички конфликт, тој одговори со потсмев:„Ај, баш да видиме“.Ова не е храброст. Англискиот збор за ...
После речиси 30 години спор со Грција, од кој не излеговме, туку само времено капитулиравме, и делумно ги задоволивме желбите на Грција, за возврат влегување во еден воен сојуз, на дневен ред дојде и источниот сосед Бугарија, кој не е толку заинтересиран за нашата генеза и длабоко минато, туку изјаснувањето за етничка определба на нашите дедовци и прадедовци, како и за негирање на нашето севкупно постоење и јазик. Фарса е да некому наметнуваш и ...
Став на „Ѕедунг“, алијас од нашинец кој живее во Кина: Во очи на последните случувања, гледајки разни македонски државници шетајки службено по белиот свет пропратно платени со наши пари како ГОРДО го претставуваат албанското знаме, едноставно неможам а да не искоментирам тоа што ми лежи на душа. Во светот на политичката естетика, симболите имаат силна моќ – особено знамињата. Македонското знаме, тоа убавото, со сонце кое би требало ГОРДО да ...
Во една своја колумна за „затоплувањето на мразот“ во македонско-бугарските односи професорот Малески нѐ потсетува дека ветеранот на македонската политика, неговиот учител Киро Глигоров е првиот политичар кој во нашата земја ја применил театарската, односно оперската или поконкретно културната дипломатија со присуство на една тетарска претстава во Софија на покана на поранешниот бугарски претседател и голем интелектуалец и филозоф Жељу Желев за ...
Членството во ЕУ несомнено го забрзува излегувањето од економската заостанатост и неразвиеност, но сиромаштијата тешко ја подобрува својата положба и споро прогледува и под чадорот на Унијата. Речиси 25 отсто, или секое четврто дете во ЕУ минатата година се наоѓало во ризичната зона на сиромаштија и социјална исклученост, покажуваат најновите податоци на Евростат. Сиромаштијата како статус на наследност тешко се надминува во повеќе членки на ЕУ, ...
Почитувани читатели, мојата колумна „Лице и опачина”, објавена на ден 18 септември 2024 година, предизвика голем интерес кај моите пријатели и следбеници од социјалните мрежи и порталите каде што беше објавена. Интересот и реакциите беа двонасочни, од моите Македонци добив несебична поддршка, од нашите соседи Бугари добив критики дека како Македонец не сум ја разбрал добронамерната политика на Бугарија кон Република Македонија бидејќи според ...
Кога ќе помислам дека би требало да пишувам за блутникавата и понижувачки банална политичка стварност мацедонска, мозокот ми рипнува нагонски во обратна насока, кон општочовечки или филозофски теми, или, конечно, кон што и да е само да е далеку од животоважните теми на најстарата овоземна цивилизација и колевка на супериорната бела раса на мацедонски надлуѓе. Така и без некоја цврста намера или соодветна подготовка често ќе се најдам во ...
„Да беа нашите барања порано исполнети, животните сега ќе беа заштитени, граѓаните далеку позаштитени отсега и здравствено и безбедносно и ќе се превенираа страшни финансиски загуби на општините. Енормни се оштетите за каснување. Тие приказни дел се лажирани, дел не се, но можеле да бидат спречени кога би ги вложиле овие средства во превенција на проблемот. Односно, во добра легислатива која ќе контролира и превенира фрлање на нови и нови кучиња ...