Појавата на ликот на Хитлер во журналот кој преходеше на филмската претстава, секогаш беше проследен со громогласен аплауз на арапската публика во кината на Плас Детоал во центарот на Бејрут, на почетокот од шеесеттите години. Син на амбасадор на Југославија, држава победник во антифашистичката војна токму против Хитлер и неговите сојузници, на некаде единаесетгодишна возраст, немав објаснување за овој феномен. Дури потоа, низ годините, ги ...

Падна митот дека сите албански политичари во Македонија се за ЕУ. Сите албански политичари, како и сите македонски политичари, се за власт. Во телевизиско интервју, еден од водачите на Влен, Биљал Касами, објаснувајќи ја партиската позиција околу преговорите со ЕУ, ги повтори истите зборови на премиерот Мицковски. Така разбираме дека и Влен бара гаранции дека внесувањето на Бугарите во уставот е последното барање. Бидејќи такви гаранции нема во ...