
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Манекенката Кристина Димитријевска од модното студио „Црнокрак“ неодамна ја освои титулата Мис карантин на светот. Ваков избор за убавина првпат се случуваше заради пандемијата. Наместо дефиле на пистата, изборот Кристина го следеше од дома и чекаше да прогласат која е најубавата девојка. „Кога Мики Црнокрак ми кажа дека ќе бидеме дел од овој избор, мислев дека се шегува, оти во тоа време сите бевме затворени дома. Но, ги испратив видеата и ...
Улогата на Петар Маниќ во првиот детски долгометражен филм „Стела“, кој неодамна ја имаше својата премиера, шармантно нè повика да го актуелизираме семејството Маниќ. Првпат заедно во јавноста, во студиото на „Репортер“, три генерации мажи, секој со својата приказна. Томислав, Александар и Петар Маниќ. Најстариот Маниќ во јануари ќе полни 88 години. На интервју дојде со олдтајмер, „пежо 404“. По разговорот ни откри дека ќе оди на кафе во ...
Македонската модна дизајнерка, Тања Кокев, 14 години успешно ја гради својата модна приказна промоворајќи ја македонската мода. Од јавни личности до политичарки, но и сосема обични дами ги носат нејзините креации. Последното за што се зборуваше беше Холивуд кога тимот на „Медена земја“ отиде по „Оскарите“ во нејзини креации. „Задоволство беше да се изработи фустанот на Атиџе, која сепак самата си кажа каква боја сака да носи и како да изгледа. ...
Уште кога пред речиси 20 години се појави на музичката сцена, поп-пејачката Елена Ристеска го сврте вниманието на јавноста. Денес, таа зад себе има многу хитови, песни, спотови, настапи, ама и секакви муабети поради кои не спие мирно. Тоа е цената на популарноста. Особено сега кога стана првата македонска пејачка што има своја козметичка линија и парфеми со својот потпис. „Кога ја почнав приказната со парфемите, сфатив дека, освен пари и време, ...
„Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите“, вели Перо Антиќ, чија кошаркарска приказна му донесе сешто во животот. Татко е на три деца. Зад ...
Пејачката и харфистка Сара Мејс периодов е една од најангажираните музичари кај нас. За кратко време промовира две песни, а настапи и на концертот по повод Светскиот ден на харфата, кој се одржа на 20 октомври. Не крие колку е возбудена што ја претставуваше Македонија на ваков музички настан, особено што идејата за концертот дошла од Александар Болдачев, за Сара најдобриот харфист на светот. „Ако некој погледне што сум постирала на фејсбук пред ...
Момчило Бајагиќ – Бајага е омилениот пејач на многу генерации. Не само на оние кои со него созреваа во времето на поранешна Југославија, туку и на помладите. „Ние сме како ‘Политикин забавник’, од 7 до 77“, вели Бајага, кој и на 60 години изгледа како дечко. На 13 септември на стадионот на АРМ со своите „Инструктори“ ќе има славенички концерт, во организација на „Авалон“. Поводот е 35 години на музичката сцена, иако Бајага е подолго оти почна да ...
Кога пред две години Елена Миленовска и Александар Гуте Маринковиќ се пријавија во „Ѕвездите на Гранд“, не помислуваа дека во шоуто ќе им се случи љубов. Тоа што почна како пријателство, по шест месеци прерасна во љубов. Велат, љубов како во филмовите. „Отсекогаш сум верувал во сродни души. Кога знаеш дека нешто е судбина, не можеш да избегаш од тоа“, ни рече Гуте. Тој не крие колку е заљубен во македонската пејачка. Вели, уште кога првпат ја ...
„И да сум закопчана до грло и да сум разголена, за мене пак ќе се зборува. Со кого и да се сликам и со кого и да застанам, пак ќе се зборува. Ама никогаш не е сè така како што изгледа. Мене повеќе ме плашат оние невините кои молчат, отколку оние за кои мислиш дека знаеш сè“, ова е само дел од муабетот со фолк-пејачката Елена Велевска, која беше гостинка во студиото на „Репортер“. Зад себе има 25 години кариера, настапи, албуми, песни… и многу ...
Актерката Јана Маринова, која публиката ја запозна како Преслава, новата газдарица на пансионот „Преспав“, за себе вели дека е жив вулкан. Зависна од адреналин, кој ја тера да снима опасни сцени, и сосема поинаква, како што вели, од Преслава, „која е надмена и која дошла во Преспа да ги учи што е селски туризам“. Бугарската актерка Маринова во Скопје и Битола го промовира новиот филм „Диви и среќни“, акциона комедија, каде што ја игра главната ...
Термин на емитување: недела во 20:25 и вторник 23:15 часот. Лаги е британска трилер-телевизиска серија создадена од Хари и Џек Вилијамс, а во копродукција на ITV и SundanceTV. Во серијата глумат Џоан Фрогат и Јоан Груфуд како две лица чија првична привлечност доведува до далекусежни последици за нив и нивните пријатели и семејства. Не пропуштајте ги премиерните епизоди секоја недела во 20:25 на ТВ МТМ - ПРВА СКОПСКА. Серијата беше премиерно ...
Разговорот со кралот на трубата, Џамбо Агушев, ни за момент не е здодевен. Популарниот музичар, иако е успешен и познат во целиот свет, во исто време е и приземјен и забавен. Вели, татко му уште од мал го учел дека секогаш треба да стои цврсто на земјата. Од него ја научил и техниката на свирење труба, ама од чичко му ги научил тајните на овој иструмент. „Татко ми и сега е главен во оркестарот, иако сака јас да сум напред“, вели Џамбо кој свири ...
Виртуозот на пијано, Симон Трпчески, веќе 20 години има успешна светска кариера. Момчето кое на пет години почнало да свири храмоника, денес го носи ептиетот маестро. На првиот концерт свирел пред 50 илјади луѓе во Соко Бања, а принцот Чарлс му даде награда во Лондон. Симон денес настапува пред полни сали, со најдобрите светски диригенти и оркестри. На концертите често свири и македонски ора и стари народни песни, а повеќето се и на албумот ...
Термин на емитување: сабота во 21:00 и вторник 17:40 часот. Адмирал е руска воена и историска драма со елементи на романса од 2008 година. Филмот, кој ги следи последните години од животот на рускиот вице-адмирал и подоцнежен лидер на Белата армија Александар Колчак, се провлекува низ историските настани во Русија од почетокот на 19 век и романтичната приказна за главниот актер со поетесата Ана Тимириева. Сценариото е напишано од Владимир ...
41 годишниот Исмет Хаџиу нема срце, извадено му е. Наместо тоа во неговите гради чука вештачко срце, (од пластика) која е времена замена за срце. Тој е единствениот жив пациент на кого му е направена оваа сложена операција пред една година, тука во државата. Живее приклучен на батерии или струја, со придружна опрема тешка 7 килограми, додека не се отвори можноста за трансплантација на срце. Чукањето на машината е присутно постојано, кога спие, ...
Годинава за првпат се воведува трансплантација на срце, црн дроб, коски и коскени ткива, а веројатно и на рожница и тоа е планирано да се изведува во јавното здравство. Како се организира системот, кој може да биде потенцијален дарител, како ќе се одвива целиот процес. Како се докажува мозочна смрт, можни ли се злоупотреби? Кои критериуми треба државата да ги исполни за да фатиме чекор со Еуротрансплант за да се отвори можноста за добивање и ...
На 24 февруари во 2004 година, два дена пред трагичната смрт, претседателот Борис Трајковски го даде последното интервју. Зборуваше за неговите надежи за иднината на Македонија, дента кога во Даблин беше доставена апликацијата за добивање на кандидатски статус во ЕУ. ...
Пред неколку дена во македонската јавност излезе писмо, насловен како “Писмо на мајка на геј син”– се работи за семејство од Македонија, кое живее долго време во Австралија. Ова писмо е писмо на љубовта и поддршката кон својот син- кој како припадник на ЛГБТ заедницата им отворил нова перспектива, за која претходно и не знаеле- се станува подобра личност кога се прифаќа љубовта, како формула за среќа во едно семејство, рецепт за среќа воопшто. ...
Сигурната куќа од нејзиното отворање од Октомври 2017 година до овој момент е првиот безбеден простор наменет за најмаргинализираните припадници на ЛГБТИ 18+, концепиран како програма за резиденција која вклучува услуги за поддршка, најчесто обезбедени по основ на ризик од дискримнинација, семејно и друг вид насилство или ризик од бездомништво. Како функционира Сигурната куќа- говорат менаџерката Зорица Николова негователот Лазар Зафировски. ...
Нема простор за паника, но мора да се почитуваат препораките и одлуките на надлежните институции и Владата. Не е исклучена можноста за затворање на шопинг моловите, но и на државните граници во зависност од тоа во која насока ќе се движи состојбата, порача министерот за здравство во вечерашното гостување на Нова ТВ во кое одговараше на прашања на граѓаните. ...
Интервју со Емил Кирјас, потпретседател на Либералната Интернационала- говори за тоа дека кризата со Корона вирусот не ја спречува Македонија да се подготвува за преговори; за алармантната ситуација во Шпанија, каде што тој живее, како и за стратегијата на британскиот премиер Борис Џонсон- создавање на крдо, која се покажа неуспешна. ...
Минатата година, на денешен ден, настан за македонската историја беше првата Парада на гордоста. Во време на корона пандемијата, Скопје прајд продолжува да живее- маршот иако вируелен, е посилен од кога било. Затоа што, јавноста мора да знае за нееднаквоста со која живеат припадниците на ЛГБТ заедницата. Да знае за насилствата, за стигмата и неприфаќањето со кои нејзините членови секојдневно се соочуваат. ...
Македонски-бугарски ринг. Премиерот Заев како да влезе во коцкарска игра-се или ништо. Какви може да бидат последиците од неговиот (не)промислен настап за бугарската новинарска агенција? (Не)Свесно ли го омаловажи претседателот Пендаровски со неговата констатација дека е помалку искусен политичар? Дали политиката ќе го отежни процесот преку научната аргументација да се разбијат историските табуа? Во Трилинг гостуваат универзитетскиот професор и ...
На љубителите на театарот и на македонската културна сцена во изместен термин, со двомесечно задоцнување, наместо традиционално на крајот на септември, на прекршувањето на ноември и влезот во декември, сепак ќе им се случи Млад отворен театар. И, тоа по јубилеен 45 пат како крик за нормалност во времево на светска пандемија и во услови кога многу нешта ги зеде матицата, а да се планира навистина голема интернационална манифестација стана ...
Во новото издание на Подкаст со Борјан Јовановски слушате: – разговор со специјалната обвинителка Катица Јанева за работата на судијката Татјана Михајлова и актуелната прераспределба на судии; – разговор со европратеникот Александар Ковачев за десороизацијата и писмото до Никола Груевски; – разговаравме и со Бујар Османи за тоа „Која е стратегијата на ДУИ?“ – чии потписи ќе добие Зоран Заев за формирање на нова влада? – што значи откритието на ...
Во светот за богатите и славните, Реј Донован ја врши валканата работа за познатите и моќни личности во Лос Анџелес. Во оваа серија, Лео Шрајбер игра човек кој може да ги реши проблемите на градската елита. Реј Донован ја средува секоја валкана работа за познатите и моќни личности во Лос Анџелес со цел да избегнат скандал. Во оваа едночасовна серија, Либер Шрајбер (номиниран за наградите Еми и Златен глобус) ја толкува главната улога - човек што ...
Серијата во 42 епизоди го следи заедничкиот живот на мајката Розалија Роса Поповиќ, која целосно се менува во староста, и нејзиниот возрасен син, Милентие-Бебе. Постариот син, Миша, по непишано правило, дополнтелно ја комплицира ситуацијата, иако се дри настра од сите кавги меѓу братот и мајката. Во оваа игра, секој има цел, но едно е јасно - нема победник, особено кога стаува збор за кавги. Роза не може без синот Бебе, Бебе не може без мама, а ...
Продуцентите на руската „Кујна“ сега отвораат хотел – „ГРАНД ХОТЕЛ“. Уште една приказна со добро познатите ликови кои успеваа да ве насмеат во кујната, сега надополнети со нова екипа, во нов простор. Хотел Гранд е приказна за амбициозната и авантуристички настроена студентка на регионалниот универзитет за туризам Ксенија Завгородна. Таа сонува за работа во угостителството и управување со сопствен хотел. Но, плановите на Ксенија како и нејзините ...
Серијата комично го прикажува споделениот живот на три парови: млад човек кој штотуку го започнува животот под ист покрив, средовечен човек кој е во „криза на средовечните“ и зрел човек кој веќе 45 години дели добро и зло. Преку призмата на секоја двојка, гледачите на хумористичен начин ќе се сретнат со радостите и „маките“ од секојдневниот живот за двајца. Пензионираната учителка Симка и пензионираниот полицаец Бата живеат заедно 45 години ...
Сиромашна девојка од југот на Италија доаѓа во Милано за да избега од неверениот свршеник и да најде работа како продавач во стоковна куќа. Наскоро го привлекува вниманието на нејзиниот шеф. Откако дознава дека нејзиниот свршеник ја изневерува, Тереза се сели во Милано и привремено живее кај нејзиниот вујко. Но, тој е уапсен и таа мора да најде работа. ансата и се укажува кога се вработува во продавницата „Женски рај“. „Женски рај“ е првата ...