Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Се ситни и третиот месец од годинава - антикризните мерки од петтиот пакет зaглавени во Собрание. Роковите за аплицирање за државна помош до 31-ви март – дали власта ќе ги прoлонгира и дали помошта ќе го опфати и февруари. Се уриваат рекорди на задолженост. Јавниот долг надмина 60% - дали ја напуштивме зоната на фискална комоција. Како ќе се враќаат долговите. Ќе има ли потреба од раст на даноците за да се полни државната каса. За два ипол ...
Политичко поентирање или блеф? Премиерот Заев отвора врата за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но без Мицкоски на чело на опизцијата. Цунами од реакции. Коалициските партнери на Заев, Демократскиот сојуз и ЛДП велат - нема да играат на таква свадба. Широката коалиција ќе ги раздрма позициите на албанските партии и тие гласно против. ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот. Инцијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ гледа шанса за помирување. Дали широката ...
2000-та е дефинитивно година во знакот на американската телевизиска серија „Девојките Гилмор“. Серија која траела седум години, која е добитник на многубројни „Еми“ награди, номинирана е за „Златен Глобус“, а за освојување на срцата на гледачите не е ни потребен коментар, затоа што се вбројува во 100 најдобри серии на сите времиња. Дејството на серијата се одвива во измисленото гратче Старс Холоу, Конектикат, кој е преполн со уметници и ...
Заев има стабилно парламентарно мнозинство - но до кога? Дали победата е цврста или пирова? Заев вели дека триумфираше, Мицкоски го обвинува за византиство. Се комплицира ли политичката сцена од која зависат сите тешки теми - вакцини, попис, преговори со Бугарија, ЕУ? Гости се: Дарко Каевски - СДСМ, Бојан Стојаноски - ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов - ГРОМ. Заев има стабилно парламентарно мнозинство - но до кога? Дали победата е цврста или пирова? ...
Велешката фабрика за вода е едиствената фабрика од ваков вид во земјава. Со нејзината изградба, велешани добија многу почиста вода, а откако пред 12 години се пушти во употреба хидросистемот Лисиче, граѓаните на Велес во своите чешми добија вода со висок квалитет. Оваа фабрика деновиве слави 30 години постоење, а Јавното комунално претпријатие Дервен од Велес го обележа јубилејот со тоа што се потсети на годините кога овој објект се градеше. ...
Половина век собира македонско фолклорно творештво. Зад себе има издадено 13 книги, а има илјадници песни, изреки, мудрости, приказни со изворен струмички дијалект кои чекаат да го видат светлото на денот. 80 годишниот фолклористот Иван Котев од Струмица кој соработува со Институтот за фолклор и понатаму шета по струмичките села со магнетофон и ги собира автентичните песни и приказни. Негова најголема желба е да се публикуваат за да се сочува ...
1ви март власта го започна пописот. ВМРО-ДПМНЕ на спротивен фронт, операцијата за негово уривање со собирање граѓански потписи. Електрони од денеска се самопопишуваат нашинците во странство. Какво е расположението кај нашата дијспора, ќе го бојкотира или не пописот? Зошто на власта и е важно да се попишат иселениците? Дали државата добива или губи со пописот во дијаспората? Дома од повици за масовно попишување до повици за бојкот. Пописот ...
Над 40% од граѓаните сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толку граѓани сметаат дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни, како и дека наместо да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и на бизнис-моќниците. За ова истражување, но и за други, разговараме со Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар. Над 40% од граѓаните сметаат дека инспекторите во ...
Петтиот пакет антикризни мерки во Собрание. Опозицијата пакува амандмани. Кога парите, поддршката и логистиката ќе стигнат до фирмите и до граѓаните? Угостители и организатори на свадби, турстички водичи, сопственици во првиватни градинки и игротеки, дел од помалите бизниси со загуби. Менаџерите на протести. Битка за секое работно место, но и за отворање на нови. Што и како работат фирмите во слободните економски зони? Дали власта носи розови ...
Повторно на маса македонско - бугарскиот спор - дали ќе се разбуди совеста на Европа? Зошто НАТО одбива да издаде безбедносни сертификати за македонски воени претставници, дали некои политичари се проблематични? Како се случи да добиеме вакцини од Србија? Зошто одбивавме кинески и руски вакцини? Како дојде до пресврт, дека здравјето е поважно од политиката? Што порача за ТВ24 европарламентарката со македонско потекло - Ирена Јовева за ...
Како се делеле проекти во Министертвото за култура. Секоја година бурни реакции, обвинувања за селективен избор. Кој добиваше, а кој излегуваше од игра за буџетска помош? Финансиската полиција ќе го чешла работењето на Министерството за култура изминатите пет години. Во Министерската фотеља ротираа повеќе министри, ама проблемите останаа. Деполитизација и департизација. Дали е можно овие етикети да се одлепат од културата? Дебатираа Крсто ...
14 февруари за нас одамна веќе не е само еден празник. Едни го чествуваат Св. Трифун, а други, пак, ја празнуваат љубовта на денот на Св. Валентин. Една работа ги врзува овие два празника во сржта на нивното одбележување – виното. Како една малечка винарија од Кавадарци произведува вино и како тоа е главното обележје за љубовта и за грозјето. Разговараме со ентузијастот за вино и сопственикот на винаријата, Блаже Миневски. 14 февруари за нас ...
И повторно за празниците. Но, овојпат за славењето на љубовта. Таа која се слави низ песната, таа која се движи низ музиката. Таа, која традиционално се музицира на концертот во Филхармонија, каде што годинава, в сабота, на 13 февруари ќе настапот нашиот светски познат оперски пејач, Благој Нацоски и една од омилените вокалистки кај нас, Светлана Јовановска. За концертот „24 илјади бакнежи“, разговараме со тенорот Нацоски. И повторно за ...
Темата за прочистување на правосудството која ја наметна сегашниот премиер Заев уште како опозиционер е една од најчесто зборуваните теми, тема која задира во сржта на ова општество. Зошто нема правда? Дали е достапна? Дали тефтерчињата и сваровски судството се минато? Зошто реформите со години тапкаа во место? Дали иднината носи подобри денови во услови кога десетици предмети од минатото се уште чекаат ревизија, при евидентни докази за ...
Што ли крие археолошкиот локалитет Цареви Кули над Струмица? До какви сè сознанија дојдоа археолозите и дали ова место може да стане туристичка атракција? Сето ова го има во монографијата „Цареви Кули - Струмица (од праисторијата до Римското Царство) од археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, Зоран Рујак. Тој не само што открива детали за седум-милениумскиот живот на ова место туку посочува дека е потребна поголема грижа за ...
Ситуацијата со вакцинацијата од коронавирус го окупира вниманието на јавноста. Возбудата e уште поголема откако надлежните вчера соопштија дека и кај нас е присутен Британскиот сој на коронавирус. Британскиот сој го има во Србија, Словенија. По што се разликува оваа мутација, овој сој на вирусот? Се распознава ли клинички, по симптомите? Може ли да се очекува зголемена смртност? Во 24 анализа дебатираа професор др. Никола Пановски ...
2020-та беше една од историски најтешките години поради неснаоѓањето на Владата да се справи со кризата. Во најавениот раст за годинава не верува никој, освен власта тврди ВМРО-ДПМНЕ. Се зачуваа работни места, се помогна на граѓаните и на фирмите. Помошта ќе продолжи и годинава. Економијата ќе испраќа раст повисок од четири отсто, тврди власта. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во време на криза Фондот за иновации троши стотици илјади евра за промоции. ...
Старата демократска Америка се враќа повторно на сцената со Џо Бајден и Камала Харис. Каде е на мапата Македонија? Надежите на Македонија повторно се свртени кон Америка. Америка со децении вложува напори во демократките процеси во земјава. Што Македонија испорача сето ова време? Во 24 анализа дебатираа: Едмонд Адеми, советник за надворешна политика на премиерот Заев, Зоран Димитровски поранешен надворешно политички новинар и актуелен заменик ...
Очите на светот се свртени кон Америка, Џо Бајден денеска станува нов претседател наместо Доналд Трамп. Македонија го дочекува и новиот претседател без амбасадор во Вашингтон и очекува поддршка од САД и за европските аспирации. Дали новата американска администрација ќе смени нешто во однос на бугарската блокада? Дали постои решение доколку Бугарија не се откаже од идентитетските барања? Во студиото разговаравме со внукот на генерал Михаило ...
Колку граѓаните се вклучени во процесите за одлучување за трошењето на општините пари? Колку општините, пак, оставаат простор за тоа на граѓаните и се отчетни во своето работење? За партиските вработувања во администрацијата, за финансирањата и распределбите на буџетите на локалните самоуправи... за сето ова, во ова интервју со програмскиот директор на невладината „Фондација за развој на локалните заедници“ од Штип, Борис Шарковски. Колку ...
Речиси цела година живееме со пандемијата со коронавирусот, со многу тензија поради неможноста да функционираме како порано поради многуте заболени и починати граѓани. Но, како е од другата страна на првата линија на фронтот во примарното здравство, во болниците, во внатрешноста која ја презема грижата за болните, веднаш штом се преполнија инфективните клиники „8ми септември“ и Инфективната клиника. Гостуваат д-р Кирил Солески специјалист по ...
Се загреваат партиските машинерии за локалните избори, што покажуваат предвремените избори во Штип и Пласница. Што ќе се прави со 35 милиони евра добиени од ТАВ, а пренаменети за општините, дали проектите ќе се сметаат за предизборна корупција? Во исто време во спорот со Бугарија сега е мистерија, што понудила државава, а што вратиле бугарите. Како власта се согласи за изборот на Александар Даштевски за ДИК, човекот кој отворено го бранеше ...
Во последното издание на Трилинг за оваа година интервју со академик Абдулменаф Беџети, оперскиот тенор Благој Нацоски, новинарот Сунаи Сабриоски. Во Трилинг и децата од нашето маало Мите и Катерина Драгишевски, средношколците кои се појавија во документарецот „Образование надвор од мрежата“ на Види Вака, гости во последното издание за оваа година. Во последното издание на Трилинг за оваа година интервју со академик Абдулменаф Беџети, ...
Ново кулинарско шоу на МРТ. Виктор Петров - Викса ќе ги користи рецептите од старата тетратка, а ќе им даде значење и на новите рецепти. Ќе готвиме вкусно, како по дома. Понеделник, среда и петок на МРТ1- „Сакам да готвам“. Ново кулинарско шоу на МРТ. Виктор Петров - Викса ќе ги користи рецептите од старата тетратка, а ќе им даде значење и на новите рецепти. Ќе готвиме вкусно, како по дома. Понеделник, среда и петок на МРТ1- „Сакам да ...
Новата сезона на серијалот за деца „Дајте музика“ ексклузивно на МРТ. Нови 30 епизоди со многу македонска музика, сопствен бенд, битка за тронот „главен во маалото“, детски кавги и помирувања и други разни згоди и незгоди на добропознатите старомаалци. Новата сезона на серијалот за деца „Дајте музика“ ексклузивно на МРТ. Нови 30 епизоди со многу македонска музика, сопствен бенд, битка за тронот „главен во маалото“, детски кавги и помирувања ...
Извонредното кулинарско шоу „Париска кујна со Триш“, сабота и недела во 17:45 часот на МРТ1. Експертот за француската кујна со вас ќе ги сподели своите најпопуларни рецепти. Подгответе се за една вкусна авантура... Извонредното кулинарско шоу „Париска кујна со Триш“, сабота и недела во 17:45 часот на МРТ1. Експертот за француската кујна со вас ќе ги сподели своите најпопуларни рецепти. Подгответе се за една вкусна авантура... ...
На програмите на Македонската телевизија нова ексклузивна странска документарна програма. Ако бегството од секојдневието би можело да биде така едноставно како погледот низ прозорецот, колку вреди тоа? Документарниот серијал „Магичен поглед на продажба“ нуди вистинско уживање на луксузни домови со магични погледи. Од пространи лозја до снежни падини, на потенцијалните купувачи им се нудат три куќи од соништата со неверојатен и восхитувачки ...
Исклучителна серија за дивите замоци, каде човековата историја и суровата природа се сплотуваат на едно место. Инспирација за историчарите, научниците, но и центар на древните култури. Некогаш величествени домови на кралските семејства, денес живеалиште на животински и растителен свет. Од кафеавите мечки и водните саламандери од замокот Предјама, до Нојшванштајн, инспирација за Дизниевите приказни, серијата „Дивите замоци“ ни ја открива ...
Нова документарна серија од странска продукција „Градски водич“. Градските водичи крстосуваат по улиците барајќи препознатлива архитектура и историја во урабаниот пејзаж. Водичите ја раскажуваат приказната за градот и не запознаваат со дизајнот на зградите кои ги оживуваат квартовите. Од романика до модернизам, да ја откриеме фасцинантната архитектура, стара и нова, која ги обликува градовите во целиот свет. Нова документарна серија од ...
Не пропуштајте ги најубавите приказни извадени од неисцрпното македонско културно творештво. Секој викенд, премиерно на Македонската телевизија. Актерска екипа: Шенка Колозова, Владимир Дојчиновски, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Александар Микиќ и други... Сценарио: Шенка Колозова, Розета Арсова, Татјана Ласковска Камера: Здравко Петрушевски, Александар Касапинов Режија: Миле Грозданоски, Томислав Алексов Не пропуштајте ги најубавите ...