Промо тв Серии

ЗЛАТНОТО МОМЧЕ – сериски филм

Кога е во прашање фудбалот, вистинската игра се одвива надвор од теренот.
Денис е талентирано момче кое е на пат да ја допре светската слава и да игра на блескавите фудбалски стадиони. Единствен противник на неговиот талент е неговиот незгоден карактер. Згора на тоа неговиот менаџер Чаки е пасиониран комарџија, вечно во долгови. Влегувајќи во овој несреќен лавиринт, менаџерскиот договор на Денис завршува во рацете на градските мафијаши.
Зад фасадата на оваа преубава игра наречена фудбал постои мрачен свет. Свет во кој парите, моќта, трговијата, дрогата и злосторствата ја играат својата улога.
Првите пари пред да влезе во професионалниот фудбалски живот, заради својата неизживеаност ќе ги искористи за забави, конзумирање дрога, девојки – бидејќи сето тоа е фудбал.
Додека Денис луѓето желни за профит го третираат како пинг – понг топка, се појавува еден позитивен лик кој сака талентираното златно момче да го врати во спортските рамки. Но, во игра е и Омер, човекот кој што добива сè што ќе посака.
Приказната за „Златното момче„ навистина се случила и покрај регионалната популарност веруваме дека и вас ќе ве освои на прва топка!

Во главните улоги Денис Муриќ, Андрија Кузмановиќ, Игор Бенчина, Петар Стругар, а во режија на Огњен Јанковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ- сериски филм – од понеделник до четврток во 22:15

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – сериски филм – прва епизода 30.04 во 13:40

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе