
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Нема преговори за ЕУ додека на маса се идентитетот и македонскиот јазик. Македонија заигра тврдо во Брисел или во нов обид да се смени бриселскиот дискурс. Можно ли е добивање датум за преговори или Софија и Скопје на крајот ќе мора да го решат проблемот? Во вакви услови, дали е можна македонска иднина без Европската унија? Дали се ближиме до Букурешт 2008 та, кога се направи клучен пресврт во тогашните владини политики? Гости беа пратениците ...
Заев во Брисел. Дали јунскиот самит ќе остане само пуста желба за датум за почеток на преговори? Бугарија пред нови избори, кој политичар од официјална Софија би посегнал да потпише повлекување на ветото? Заев и Пендаровски ги одмрзнаа односите. Дали сепак се насетува политички договор за обвинетите од 27 април? ВМРО-ДПМНЕ со ново торпедо - 2 000 амандмани за законот за служба во армијата. Локалните избори тропаат на врата. Дали во пакет ќе има ...
21-от век донесе глобална закана за војна со природата. Климатските промени ни тропнаа на врата. Светските лидери реагираат, Oбединетите Нации алармираат. Дали природата го слушна гласот на тинејџерката Грета Тунберг? Европската Унија отвори нова книга, а на белиот лист испиша нов зелен договор за спас на планетата земја. Време е за нови навики. Македонија повторно заостанува со светските трендови. Зошто во земјата неплански се гради и што е ...
Пркосот на Стојко Пауновски, јавните набавки на Драги Рашковски, Ковид 19 кризата, протести за одбрана на уставобранителите, фалсификат македонски пасоши на криминалци. Дали раната пролет најавува есенски предвремени парламентарни избори. Се ближи мајскиот конгрес на СДСМ по осум години десна рака на Заев Радмила Шеќеринска заминува од партискиот врв. Во најава - Централниот одбор го напушта и кумановски градоначалник, Максим Димитровески. Дали ...
Петтиот пакет антикризни мерки усвоен, кога и кој прв ќе добие дел од финансиската помош? За фирмите државата нуди бескаматни кредити за исплата на плати. Ќе има ли интерес во услови кога стопанството е на респиратор? Отпис на камати за долгови кон јавни претпријатија - козметичка мерка или вистинска помош? Во најава шести пакет на мерки, што ќе содржи, кој ќе биде опфатен и од каде пари? Dали не очекуваат нови задолжувања? Вработени менаџари од ...
Серија снимена според истоимениот роман на рускиот писател Лав Толстој од 1878 година. Ана Каренина е мажена за 20 години постариот Алексеј Каренин висок владин функционер со кого го има синот Сергеј. Вронски е млад гроф, кој сака да се ожени со Ана ако таа се согласи да го напушти сопругот, но таа е ранлива на притисоците на руските социјални норми, моралните закони на Руската православна црква, сопствените несигурности, нејзината љубов кон ...
Кој попрво и кога ќе добие финансиско парче од петтиот пакет економски мерки? Дел од бизнисите пред колапс. Како ќе се спасат работните места? Поради ковид кризата речиси 18.300 луѓе ја загубиле работата. Газдите на фирмите бараат директна финансиска помош за плати. Државата нуди нов модел. Секојдневни протести на организаторите на настани. Не бараат милостина, но велат бараат помош за егзистенција. Усвојувањето на петтиот антикризен пакет ...
Берзата е огледало на македонската приватизација и акционерството. Како се создаваа финансиските диверзии врз наглиот пораст на акциите? Како се врши непријателско преземање на компаниите под притисок на властите и со шпекулативен црн капитал? Бугарија меѓу заминувањето на Борисов и партиите на статус кво, што не се одлепија од скутот на Москва. Како до нова влада со и без младежта околу тв шоуменот Трифунов? Замина еден непристрасен новинар со ...
Во емисијата „отворено“ се дебатираше за процесот на вакцинација во државата, за тоа колку е опасен британскиот сој, се отвори прашањето и дали се задоцни со новите рестрективни мерки, гостуваа проф. Д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника и Александар Петличковски, директорот на Институтот за имунологија. ...
Војска, полиција, вработени во медиуми и во специфични јавни сектори, од денеска вакцинација со руски „Спутник“. Дневно на ниво на државата ќе се имунизираат по 4.000 луѓе. Во тек вакцинацијата и со „АстраЗенека.“ Каков е одзивот за вакцинација? Колку и кога имунизацијата ќе стане барикада за ширење на коронавирусот? Притисокот врз болниците во земјава расте. Измина најцрната недела - 263 починати од Ковид 19. Расте бројот на новозаболени. Каде ...
Македонскиот режисер Милчо Манчевски напролет ќе почне да го снима новиот филм „Кајмак“. Црната комедија, која зборува за љубовта и погрешните избори, ќе биде негов седми филм. Овој филм доаѓа 25 години откако „Пред дождот“ на Милчо стана првиот македонски филм номиниран за „Оскар“. Освен што режира, тој самиот ги пишува и сценаријата за своите филмови. Вели дека пишувањето му е прва љубов, а режијата му се случила спонтано. Така некако ...
Македонскиот композитор и продуцент Дарко Димитров ова лето ќе прослави 30 години кариера. Од времето кога настапуваше со „Нулта позитив“ и заедно со Мирко Митревски ја испеа „Отвори го пенџерчето“, па до денес, Дарко важи за човек кој ги диктира музичките трендови не само кај нас туку и во регионот. „Секое утро станувам и си велам дека јас сум никој и ништо, па ослободен од мислите почнувам да работам од нула. Само вака, кога не сум оптоварен ...
Додека новите светски трендови ја менуваат глобалната политичка сцена, ЕУ е во офанзива на реновирање дома. Се кршат старите европски ѕидови и се отвораат нови врати. Но кој помага, а кој одмага? Зошто земјите членки не гледаат подалеку од сопствената черга и колку се злоупотребува моќта на ветото? Во куќата на „старата дама” се гради ново единство, но Западен Балкан е повторно оставен во дворот. А на Балканот ништо ново. Меѓусоседски проблеми и ...
Се ситни и третиот месец од годинава - антикризните мерки од петтиот пакет зaглавени во Собрание. Роковите за аплицирање за државна помош до 31-ви март – дали власта ќе ги прoлонгира и дали помошта ќе го опфати и февруари. Се уриваат рекорди на задолженост. Јавниот долг надмина 60% - дали ја напуштивме зоната на фискална комоција. Како ќе се враќаат долговите. Ќе има ли потреба од раст на даноците за да се полни државната каса. За два ипол ...
Политичко поентирање или блеф? Премиерот Заев отвора врата за широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но без Мицкоски на чело на опизцијата. Цунами од реакции. Коалициските партнери на Заев, Демократскиот сојуз и ЛДП велат - нема да играат на таква свадба. Широката коалиција ќе ги раздрма позициите на албанските партии и тие гласно против. ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот. Инцијативата за промени во ВМРО-ДПМНЕ гледа шанса за помирување. Дали широката влада ...
2000-та е дефинитивно година во знакот на американската телевизиска серија „Девојките Гилмор“. Серија која траела седум години, која е добитник на многубројни „Еми“ награди, номинирана е за „Златен Глобус“, а за освојување на срцата на гледачите не е ни потребен коментар, затоа што се вбројува во 100 најдобри серии на сите времиња. Дејството на серијата се одвива во измисленото гратче Старс Холоу, Конектикат, кој е преполн со уметници и сонувачи ...
Заев има стабилно парламентарно мнозинство - но до кога? Дали победата е цврста или пирова? Заев вели дека триумфираше, Мицкоски го обвинува за византиство. Се комплицира ли политичката сцена од која зависат сите тешки теми - вакцини, попис, преговори со Бугарија, ЕУ? Гости се: Дарко Каевски - СДСМ, Бојан Стојаноски - ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов - ГРОМ. ...
Велешката фабрика за вода е едиствената фабрика од ваков вид во земјава. Со нејзината изградба, велешани добија многу почиста вода, а откако пред 12 години се пушти во употреба хидросистемот Лисиче, граѓаните на Велес во своите чешми добија вода со висок квалитет. Оваа фабрика деновиве слави 30 години постоење, а Јавното комунално претпријатие Дервен од Велес го обележа јубилејот со тоа што се потсети на годините кога овој објект се градеше. ...
Половина век собира македонско фолклорно творештво. Зад себе има издадено 13 книги, а има илјадници песни, изреки, мудрости, приказни со изворен струмички дијалект кои чекаат да го видат светлото на денот. 80 годишниот фолклористот Иван Котев од Струмица кој соработува со Институтот за фолклор и понатаму шета по струмичките села со магнетофон и ги собира автентичните песни и приказни. Негова најголема желба е да се публикуваат за да се сочува ...
1ви март власта го започна пописот. ВМРО-ДПМНЕ на спротивен фронт, операцијата за негово уривање со собирање граѓански потписи. Електрони од денеска се самопопишуваат нашинците во странство. Какво е расположението кај нашата дијспора, ќе го бојкотира или не пописот? Зошто на власта и е важно да се попишат иселениците? Дали државата добива или губи со пописот во дијаспората? Дома од повици за масовно попишување до повици за бојкот. Пописот почна, ...
Над 40% од граѓаните сметаат дека инспекторите во својата работа зависат од градоначалниците. Речиси исто толку граѓани сметаат дека општинските инспектори не се професионални и ефикасни, како и дека наместо да ги штитат граѓаните и јавниот интерес, ги штитат интересите на политичките и на бизнис-моќниците. За ова истражување, но и за други, разговараме со Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар. ...
Петтиот пакет антикризни мерки во Собрание. Опозицијата пакува амандмани. Кога парите, поддршката и логистиката ќе стигнат до фирмите и до граѓаните? Угостители и организатори на свадби, турстички водичи, сопственици во првиватни градинки и игротеки, дел од помалите бизниси со загуби. Менаџерите на протести. Битка за секое работно место, но и за отворање на нови. Што и како работат фирмите во слободните економски зони? Дали власта носи розови ...
Повторно на маса македонско - бугарскиот спор - дали ќе се разбуди совеста на Европа? Зошто НАТО одбива да издаде безбедносни сертификати за македонски воени претставници, дали некои политичари се проблематични? Како се случи да добиеме вакцини од Србија? Зошто одбивавме кинески и руски вакцини? Како дојде до пресврт, дека здравјето е поважно од политиката? Што порача за ТВ24 европарламентарката со македонско потекло - Ирена Јовева за ...
Како се делеле проекти во Министертвото за култура. Секоја година бурни реакции, обвинувања за селективен избор. Кој добиваше, а кој излегуваше од игра за буџетска помош? Финансиската полиција ќе го чешла работењето на Министерството за култура изминатите пет години. Во Министерската фотеља ротираа повеќе министри, ама проблемите останаа. Деполитизација и департизација. Дали е можно овие етикети да се одлепат од културата? Дебатираа Крсто ...
14 февруари за нас одамна веќе не е само еден празник. Едни го чествуваат Св. Трифун, а други, пак, ја празнуваат љубовта на денот на Св. Валентин. Една работа ги врзува овие два празника во сржта на нивното одбележување – виното. Како една малечка винарија од Кавадарци произведува вино и како тоа е главното обележје за љубовта и за грозјето. Разговараме со ентузијастот за вино и сопственикот на винаријата, Блаже Миневски. ...
И повторно за празниците. Но, овојпат за славењето на љубовта. Таа која се слави низ песната, таа која се движи низ музиката. Таа, која традиционално се музицира на концертот во Филхармонија, каде што годинава, в сабота, на 13 февруари ќе настапот нашиот светски познат оперски пејач, Благој Нацоски и една од омилените вокалистки кај нас, Светлана Јовановска. За концертот „24 илјади бакнежи“, разговараме со тенорот Нацоски. ...
Темата за прочистување на правосудството која ја наметна сегашниот премиер Заев уште како опозиционер е една од најчесто зборуваните теми, тема која задира во сржта на ова општество. Зошто нема правда? Дали е достапна? Дали тефтерчињата и сваровски судството се минато? Зошто реформите со години тапкаа во место? Дали иднината носи подобри денови во услови кога десетици предмети од минатото се уште чекаат ревизија, при евидентни докази за ...
Што ли крие археолошкиот локалитет Цареви Кули над Струмица? До какви сè сознанија дојдоа археолозите и дали ова место може да стане туристичка атракција? Сето ова го има во монографијата „Цареви Кули - Струмица (од праисторијата до Римското Царство) од археологот и долгогодишен истражувач на овој локалитет, Зоран Рујак. Тој не само што открива детали за седум-милениумскиот живот на ова место туку посочува дека е потребна поголема грижа за ...
Ситуацијата со вакцинацијата од коронавирус го окупира вниманието на јавноста. Возбудата e уште поголема откако надлежните вчера соопштија дека и кај нас е присутен Британскиот сој на коронавирус. Британскиот сој го има во Србија, Словенија. По што се разликува оваа мутација, овој сој на вирусот? Се распознава ли клинички, по симптомите? Може ли да се очекува зголемена смртност? Во 24 анализа дебатираа професор др. Никола Пановски микробиолог, ...
2020-та беше една од историски најтешките години поради неснаоѓањето на Владата да се справи со кризата. Во најавениот раст за годинава не верува никој, освен власта тврди ВМРО-ДПМНЕ. Се зачуваа работни места, се помогна на граѓаните и на фирмите. Помошта ќе продолжи и годинава. Економијата ќе испраќа раст повисок од четири отсто, тврди власта. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека во време на криза Фондот за иновации троши стотици илјади евра за промоции. ...