ТВ серија во 12 епизоди – 2018 година / Мексико / драма / историја Порфирио Рубироса бил заводник, џет-сетер, возач на спортски автомобили и личност која најмалку од сè сакала да се занимава со политиката и уште помалку да учествува во јавните работи. Тој претпочитал да гради топли односи со жените, заведувајќи ги и добивајќи го тоа што го сака. Се разбира, не сите обиди биле успешни, но со текот на годините Порфирио разработил успешна тактика. ...

Марсеј е француска драмска телевизиска серија во две сезони по 8 епизоди, создадена од Ден Франк со Жерар Депардје во главната улога. По 20 години како градоначалник на Марсеј, Роберт Таро (Депардје) влегува во војна за градоначалничкото место со неговиот поранешен штитеник, а сега ривал, Лукас Барес (Беноит Магимел). И двајцата се членови на партијата „УПМ“, заснована на централно-десничарската УМП (Сојуз за народно движење). Предавството ја ...