Владата и ВМРО-ДПМНЕ сакаат директно од граѓаните да слушнат што недостасува во нивните политики, за да ги подобрат во преостанатиот дел од мандатот, но и да ги вклучат забелешките во изборната програма за парламентарните избори во април 2028 година. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа е целта на теренската акција „Очи во очи со граѓаните“, а во однос на критиките од опозицијата порача дека нема да ги коментира нивните ставови. „Добро, ...

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, а мојот мандат како претседател на Владата завршува за нешто повеќе од една година. Целта на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ е да слушнеме од граѓаните што е тоа што недостига и да се подобриме – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали најавената кампања на неговата партија е подготовка на предвремени избори. – Не можам во секоја изјава да ја ...